Мексико: Одбележување на „Тортата на кралевите“

Честа традиција кај Мексиканците е да се соберат заедно со нивните семејства на 6 јануари и да јадат специјална торта наречена „Rosca de Reyes“ (преведено како Торта на кралевите). Тој што ќе пронајде мала пластична кукла во неговото парче ќе треба да купи мексиканска храна за сите на 2-ри февруари. Неколку блогери напишале за тоа што значи оваа традиција и како се прославува.

Блогот Еден среќен живот ја опишува традицијата на „Тортата на Кралевите“:

Традицијата на познатата „Торта на кралевите“ со семејството е нешто на што се сеќавам од кога бев мало девојче. Јас станував нетрпелива бидејќи сакав да ја видам малата пластична кукла во моето парче од тортата. За тие што не се запознаени со традицијата, ќе ја објаснам накратко:

Во Мексико, на секој 6-ти јануари, семејствата се собираат заедно и ја сечат познатата “Rosca de Reyes” (буквално „Торта на Кралевите“), која е голема торта/леб во вид на прстен, декорирана со кристализирано овошје и шеќер. Внатре во тортата се наоѓа мини пластична кукла која го претставува Исус Христос. Секој член на семејството сече парче од тортата и ако има кукла во парчето на 2-февруари ќе треба да ги покани тамалесите во своето семејство!

Мајк Гонзалес, на блогот Нова Санта Ана, им објаснува на читателите зошто има пластични кукли кои го претставуваат Исус Христос во тортата:

Традицијата на поставување фигура на малиот Исус во тортата е многу стара. Бебето Исус, кога е скриен во лебот, го претставува летот на Исус, бегајќи од злото на Кралот Херолд кој имал план да ги убие сите бебиња кои можат да бидат „месијата“. Тој што ќе ја пронајде фигурата на бебето Исус е благословен и мора да ја однесе фигурата во најблиската црква на 2-ри февруари, на Денот на свеќите (Día de la Candelaria). Во мексиканската култура, тој исто така мора да направи забава и да ги понуди гостите со тамалес и атоле.

На блогот празници и гозби, блогерот Ерика објаснува зошто тој што ќе ја добие пластичната куклата мора да ги гости другите со мексиканска храна на 2-ри февруари:

Според традицијата тој што ќе ја добие малата кукла во своето парче сладок леб мора да направи забава на 2-ри февруари, на денот на свеќите или Dia de la Candelaria, нудејќи им тамалес, топло чоколадо и атоле на гостите. Денот на свеќите е денот кога Марија го претставува малиот Исус во храмот и традиционално е ден кога свеќите се благословени во Католичката црква.

Typical "Rosca de Reyes" from Mexico image by Flickr user A30_Tsitika  used under a Creative Commons Attribution-Share Alike license

Типична „Rosca de Reyes“ од Мексико. Слика од корисникот на Фликр, A30_Tsitika, користена под Криејтив Комонс лиценцата- Наведи извор-Сподели под исти услови

Рецептот за „Тортата на кралевите“ може да се најде во Празници и гозби.

Конечно во 2008 година, американскиот блогер Џој напиша за традицијата „Тортата на кралевите“ од гледна точка на странците:

Добро, тортата Rosca de Reyes навистина не е многу чудна, само е ново за мене. Овој викенд е време на празници во Мексико (стари читатели: Дознавате дека овде секогаш е време на празници, нели?) бидејќи 6 јануари е Ден на кралевите (Dia de Reyes), кај нас познат како Водици. Традиција е да на мексиканските деца им се дадат подароци. Еден начин на прославување во ова време од годината е со служење Rosca de Reyes. (Градот Мексико исто така служи и мега- торта и прави парада).

Тортата е слична по вкус и изглед на „Тортата на кралевите“ од традицијата на Марди Грас- има дури и мало бебе Исус во тортата. (Забелешка: Јас го добив првото бебе Исус, што значи дека треба да го поканам Брендон во мојата куќа кон крајот на овој месец и да го послужам тамалес. Но, очигледно има многу Исуси во една торта).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.