- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Украина: Крв во парламентот

Категории: Источна и Централна Европа, Украина, Владеење, Граѓански медиуми, Закон, Политика

На 16 декември дојде до [1] жестока тепачка (англиски) во украинскиот парламент во која најмалку четири правници завршија во болница со полесни или потешки повреди.

Конфликтот излезе надвор од контрола доцна навечер во четвртокот, откако про-претседателската Партија на регионите јуриша на подиумот на парламентот составен од членови на Блокот на Јулија Тимошенко, протестирајќи против кривичните постапки [2] (англиски) покренати против нивниот предводник.

Коментарите на снимката [3] направена од ТВ Канал 1+1 (на Јутјуб- тука [4]), на која се прикажани про-претседателските правници како пцујат и фрлаат столици кон нивните противници, ја изразуваат народната фрустрација од овој настан.

Корисничката Лола пишува [5] (украински):

Гидко і страшно. І це еліта нашої країни! Матюкаються як не знаю хто… братва біля влади, тепер вони це регулярно демонструватимуть(.

Ова е одвратно и застрашувачки. И ова е елитата на нашата држава! Тие пцујат како некои не знам… разбојници ја имаат моќта, па сега постојано ќе ја покажуваат.

Корисникот Леjр исто така е разочаран [5] од пратениците (украински):

за що голосували- те й отримали це відео ще раз засвідчить Європі, яка в Україні “демократія”

за тоа што гласавме- тоа и го добивме. Оваа видео снимка уште еднаш ѝ покажува на Европа каква „демократија“ имаме ние во Украина.

Иако, ова не е прв пат пратениците физички да се пресметуваат (погледнете го овој GlobalVoices пост [6]), случајов ги надмина сите граници со нивото на агресивност и организација. Многумина од пратениците и самите беа шокирани.

Членот на Блокот на Јулија Тимошенко, Андриј Шевченко, (@ashevch [7]) насред тепачката на Твитер го напиша [8] следново (украински):

У Гнаткевича тиск 280 на 100. Реально шкода. Старший крихітний чоловік

Кріпко пом'яли старого Гнаткевича і Василя Кравчука

У Бондаренка перелом руки. Забрала швидка

Просто звірі. Обличчя всі ті самі. Наступний раз регіонали будуть штурмувати з ножами

Крвниот притисок на Хнаткевич е 280/100. Навистина жалосно. [Тој е] стар мал човек

Стариот Хнаткевич и Васил Кравчук се прилично истепани

Бондаренко има скршена рака. [Него] го однесе амбулантното возило.

[Тие] едноставно [се] животни. Сите го имаат истиот израз на лицето. Наредниот пат Партијата на регионите ќе влета со ножеви

Како решение, @привет_бенк предложува [9] воспоставување на специјална служба за спроведување на законот задолжена за одржување на мирот во парламентот. (руски):

Уважаемый @ashevch, а почему до сих пор нету Парламентских Приставов в Раде? США такое проходили уже. Sergeant At Arms [10]

Драг @ашевч, зошто сѐуште нема судски извршители во Рада [украинскиот парламент]? На САД веќе им се има случено нешто слично на ова. Sergeant At Arms [10]

Според медиумските извештаи [11] (украински), насилното влегување во парламентарниот подиум беше намерно испланирано за 19 часот, кога повеќето новинари веќе ја имаа напуштено зградата.

Пратеникот од опозицијата Володимир Ариев, кој со својот мобилен телефон ги сними [12] пратениците како се организираат за нападот, изјавува [13] (украински):

Вони йшли по коридору ВР до сесійної зали, наче справжня банда на розборки. Ви би бачили ці обличчя… […] Жахливо і сумно, до чого докотилися ми, докотилася країна.

Тие одеа низ ходникот на парламентот до салата за седници како вистинска банда подготвена за организирана тепачка. Само да ги видевте нивните лица… […] Ужасно е и жално на што спаднавме сите ние, на што спадна нашата земја.

Твитови на @ашевч од салата за седници исто така наведуваат [14] некакво планирање (украински):

[…] Дуже темно. Перед штурмом погасили майже все світло

[…] Многу е темно. Речиси сите светла се исклучени пред нападот

Од друга страна пак, членот на Партијата на регионите, Олех Цариов, кој учествуваше во нападот, повредите на пратениците од опозицијата како и доаѓањето на амбулантните возила ги нарече „театрални [11]“ (украински).

Новинарот и блогер, Олександр Хунко, доаѓа до заклучок [15] правејќи паралела меѓу физичкото насилство во парламентот и агресивниот говор на владините претставници (украински):

Нічого дивного в цьому нема. Такий у нас рівень влади. Президент не соромиться на погрози — “повідривати голови” чи “повідбивати руки”. Його слова тут же повторюють губернатори. […]

Слова мають здатність матеріалізовуватися. У квітні в парламенті так віддухопелили депутата Олеся Донія, що він кілька тижнів провів у лікарні, переніс операцію на спині. Нікого за це не покарали. У минулий четвер народні обранці знов зійшлися врукопашну в сесійній залі.

Воопшто не е за изненадување. Тоа е нивото на нашата влада. Претседателот не се срами да се заканува: -„Обезглавете ги“ или „Скршете им ги рацете“. Гувернерите веднаш ги повторуваат неговите зборови.[…]

Зборовите често стануваат вистина. Во април, пратеникот Олеш Доњи беше толку претепан што мораше да помине неколку седмици во болница и да му биде извршена операција на ‘рбетот. Никој не носи одговорност за ова. И така, во четвртокот во салата за седници повторно дојде до пресметка меѓу избраните претставници.