- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Руски пратеник предлага да се забрани апликацијата Телеграм месинџер „бидејќи ја користат од ИСИС“

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Политика, Слобода на говор, Цензура, Рунет Ехо, Адвокс
Should Telegram be banned because it's used by extremist organizations illegal in Russia? Images by Rflor and Mihael Tomic for the Noun Project. Images mixed by Tetyana Lokot.

Дали Телеграм би требало да се забрани поради тоа што е користена од страна на екстремистички организации кои се илегални во Русија? Фотографии на Rflor и Mihael Tomic за проектот „Noun“. Фотографија креирана од Тетјана Локот.

Корисничкиот пристап на Русите до апликацијата за инстант-пораки Телеграм треба да биде ограничен, според рускиот пратеник Александр Агејев, кој поднесе молба [1] до руската Агенција за државна безбедност (ФСБ) да ја земат предвид можноста да ја блокираат апликацијата. Во неговата молба, Агејев поентира дека Телеграм „активно се користи од терористи од ИД (Исламската Држава) за дистрибуирање на екстремистички содржини,” и постои можност да се користи како платформа за „регрутацискиот процес врз Руси за приклучување на ИД.” Агејев забележува дека за разлика од другите социјални мрежи, како што се Вконтакте, Твитер, или Фејсбук, кои активно се борат против екстремистички содржини, техничката поддршка на Телеграм „ги игнорира поплаките на корисниците од такви содржини.”

Според неговата молба [1] до ФСБ, позицијата на Агејев во однос на Телеграм се базира на голем број извештаи во руските [2] и странските [3] медиуми [4] за членови на ИСИС кои одбрале да го користат Телеграм за координирање на нивните потези во напади на 13 ноември во Париз, наводно поради тоа што информациите пратени преку овој сервис се заштитени со повеќеслојна енкрипција.

Павел Дуров, авторот на апликацијата Телеграм и поранешниот основач и сопственик на Вконтакте, брзо одговори на сугестиите на Агејев на неговата страница на Вконтакте [5], и беше доста саркастичен во неговите забелешки.

Предлагаю запретить слова. Есть информация, что с помощью них общаются террористы.

Предлагам да ги забраниме зборовите. Постојат сомневања дека терористите ги користат за да комуницираат.

Рускиот министер за комуникации, Николај Никифоров, исто така се изјасни [6] во одбрана на Телеграм и рече дека властите не треба да блокираат апликации, туку би требало да „ги идентификуваат и гонат оние кои се вмешани во илегални активности.” Блокирањето на Телеграм, рече Никифоров, едноставно ќе ги натера оние кои го користат за илегални цели да го заменат за друга платформа, а блокирањето на сите апликации за инстант-пораки и социјални мрежи би значело блокирање на целиот интернет во Русија, што Никифоров тврди [7] е работење против руската стратегија за развој на комуникациите.

Блокировать в России Telegram или другой мессенджер за то, что им пользуются террористы из ИГИЛ — это было бы так же разумно, как, например, запретить в России эксплуатацию автомобилей Toyota, так как они тоже оказались популярными у ИГИЛовцев.

Забрана на Телеграм или други сервиси за праќање инстант-пораки во Русија бидејќи терористите на ИСИС исто така ги користат би било исто толку оправдано колку што би била и, на пример, забраната за Тојота автомобилите во Русија бидејќи се воспостави дека тие се омилени помеѓу терористите од ИСИС.

Димитри Мариничев, интернет омбудсманот во Кремљ, исто така го критикуваше предлогот на Агејев да го ограничи пристапот на Русите до Телеграм. Во радио интервју на 16 ноември, Мариничев се потсмеваше на иницијативата и рече дека таа би била „подеднакво ефективна колку што би било откривањето кои (мобилни) телефони ги користат терористите и забрана за тој одреден модел на мобилни на тој регион.”

Во мај 2015, Павел Дуров во интервју [8] за Тек-кранч изјави дека месечната активна публика на Телеграм е 62 милиони корисници, и во септември тој објави дека корисниците испраќаат 12 милијарди [9] пораки преку апликацијата на дневна база.