- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Жена од Таџикистан наводно убиена во руската воена база во нејзината држава

Категории: Централна Азија и Кавказ, Таџикистан, Граѓански медиуми, Меѓународни односи
Tajik President Emomali Rakhmon and Russian President Vladimir Putin. Wikipedia image.

Претседателот на Таџикистан Емомали Ракмон и рускиот претседател Владимир Путин. Фотографија на Википедија.

Целта на руската воена база во Таџикистан е да помогне на најслабата држава во Централна Азија во одбрана од хипотетички упади од соседниот Авганистан. Но, како што Москва го засилува нејзиното присуство во оваа република од 8 милиони жители среде интензивирањето на борбите на југот, поголема закана за безбедноста на Таџикистан се чини дека се војниците на 201 пешадија [1] кои се стационирани таму.

Ноќта на 5 ноември, таџикистанката Шоира Јаборова наводно била убиена [2] на територијата на базата од страна на рускиот воен офицер Иван Шербаков, постар полковник во 201 дивизија. За време на прелиминарната заедничка руско-таџикистанска истрага Шербаков наводно рекол дека на ништо не може да се сети бидејќи бил премногу пијан.

Извор од истражувачката група пренел [3] на локалната телевизија Азија Плус 12 ноември дека причината за смртоносното насилство на Шербаков кон Јаборова можеби било љубомората и дека Јаборова била позната помеѓу обезбедувањето на базата како негова „жена“ покрај тоа што Шербаков има своја жена во Русија.

Инцидентот доаѓа во лошо време за конфликтните односи помеѓу таџикистанското општество со Русија, помалку од месец по смртта на петмесечното бебе [4] на таџикистански имигрантски работници. Умарали Назаров умрел од наводна компликација со белите дробови откако бил конфискуван од властите во Санкт Петербург од неговите родители, кои биле под сомнение дека го прекршуваат законот за мигранти.

Ова исто така се случува по убиствата на таџикистански такси возачи од страна на руски војници во базата во 2009 [5] и 2014 [6].

Смртта на Јаборова е топ вест во Таџикистан, со слободни коментирања на програмата на независната новинска агенција Азија Плус на руски јазик како платформа за дебата, препирки и повременото користење на говор на омраза помеѓу корисниците.

Гуломкул, читател на новинската агенција Азија Плус, напиша [7]:

Мало убивать,насиловать,сажать,издеваться таджиков в России,теперь продолжается убийство дома, на своей земле!

Не е доволно што тие убиваат, силуваат, притвораат и се исмеваат на таџикистанци во Русија — сега убиствата продолжуваат и дома, на наша земја!

Коментатор наречен Хуман бараше [2] локален суд да му пресуди на Шербаков, наместо да му биде дозволено руски воен суд да ја донесе пресудата, како што им беше овозможено на војниците кои убија двајца таџикистански таксисти.

Блин а, почему народ молчит, это уже какое убийство по счету??? Почувствовали безнаказанность собаки. Если не будет открытого суда и эту свинью не посадят, то нечего говорить о нашей независимости. Мне стыдно за наше правительство!!!

Зошто луѓево молчат, колку убиства има веќе? Овие кучиња се чувствуваат неказниво . Ако има отворен суд и свињава не е притворена, тогаш можете да ги заборавите муабетите за независност. Јас се срамам од нашата влада!

Непосредно по убиството, таџикистанскиот министер за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во државата и му предаде официјална протестна нота.

Инцидентот носи ризик да се предизвикаат тензии помеѓу таџикистанците и преостанатото малцинство на етнички руси во оваа држава, кои особено се залагаат за одржувањето на воената база во државата. Еден од нив изјави [2]:

Во-первых что она делала на территории базы в общежитии для вояк.Во-вторых его вина пока не доказана.И в-третьих,русофобы ну хватит уже галдеть одно и тоже.Что таджики не убивают и не насилуют в России?Научитесь вести себя нормально иначе так и останетесь гастербайтерами.У вас родственники друг друга кромсают и жгут,о чем вы говорите? 201-я тут была,есть и будет.Иначе сюда придет ваш Игил и уничтожит тут все.Чем раньше вы поймете,что без России вы никто,тем будет лучше для всех…

Прво, што барала таа во хостелот кај војниците? Второ, неговата вина се уште не е докажана. Трето, русофоби прекинете да дрдорите за истата работа цело време. Таџикистанци не убиваат и силуваат во Русија? Научете како да се однесуваат или ќе останете „гастербајтери” [често користен израз за имигранти]. Вашите роднини се сечат и палат едни со други, што зборувате вие? 201 дивизија беше, е, и ќе остане тука. Инаку вашиот ИСИС ќе дојде и ќе уништи се. Што поскоро сфатите дека сте никој без Русија, тоа подобро за сите…

Дилсход, пак, смета [8] дека е време за Таџикистан да се збогува со 201 вооружена пешадија:

Скоро уже эти не до человеки в наши дома будут заходить и убивать всех подряд. У себя они убивают наших младенцев и обвиняют их родных родителей, в своей 201 базе устроили притон тут где насилуют и убивают наших сёстр.
Ну зачем нам тут эти алко-вояки которые только могут убивать не винных женщин и детей у нас, а границу уже десять лет мы сами охраняем и справимся без вас вы лучше свою границу охраняйте от Китая и не лезьте к нам со своими советами. Мы как нибудь сами разберемся со своими проблемами без вас.

 

Наскоро овие нелуѓе ќе влегуваат во нашите домови и ќе не убиваат еден по еден. Тие ги убиваат нашите бебиња и ги обвинуваат родителите [на детето] во нивната држава, тие создаваат бордели за 201 дивизија во базата каде ги силуваат и убиваат нашите сестри. Па, тогаш, зошто имаме потреба од овие алковоини кои убиваат невини жени и деца? Ние си ја чувавме границата сами 10 години*, и можеме да се снајдеме и без вас…Можеме самите да се справиме со нашите проблеми.

Ова не е веројатно дека ќе се случи набрзо. Руското воено присуство во Таџикистан беше продолжено преку договор за 30-годишно продолжување кој го потпишаа двете држави во 2012 година. Во Таџикистан исто така се наоѓаат и рускиот Систем за вселенска контрола [9] (ru) и Системот за бселенско набљудување Окно [10]. Руските војски ги чуваа границите на оваа Централно-азиска земја пред локалните сили повторно да ја преземат таа улога во 2005.