- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Намалувањето на субвенциите причина за драстично зголемување на цените

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Идеи, Политика, Протест
Bandar-Abbas strike [1]

Сабзлинк пишува дека работниците започнале штрајк во пристаништето Бандар Абас во јужниот дел на Иран.

Се стравува дека големите намалувања на субвенциите кои ги држеле цените на многу производи вештачко ниски ќе предизвикаат проблеми за луѓето од средната класа и сиромашните граѓани на Иран.

Според MСНБЦ [2] „Цените на горивото се зголемени барем четири пати, а и цените на лебот се зголемија повеќе од двапати во изминатата недела откако владата започна драматично да ги намалува субвенциите“.

Лидерите на политичките партии од опозицијата, г. Хосеин Мусави и Мехди Кароуби, во средата рекоа дека „мрачна иднина“ ја чека економијата бидејќи владата не ги слуша економистите (еден економист бил уапсен [3] откако зборувал со странски медиуми).

Иранските блогери исто така реагираа на тоа што претседателот Махмуд Ахмадинеџад го нарече „најголемата операција“ во економијата на Иран во последните 50 години.

Неколку блогери, вклучувајќи и еден блогер кој го поддржува Ахмадинеџад, ја искажаа својата длабока загриженост за исходот од овие намалувања.

Азармехр напиша [4]:

Во сабота, Ахмадинеџад конечно најави отстранување на субвенциите кои ги одржувале цените вештачки ниски во Иранската економија. За да се ублажи болката од овој потег, секој Ирачанец ќе добие парична сума на нивните сметки во банка. Во својот телевизиски настап, Ахмадинеџад, верен на својата улога на месија, се изјасни за овие пари како пари на Скриениот Имам [5]. Народот на Иран доби заем без каматни стапки од Господарот на сите години, Имам Мехди, кој ќе се врати и ќе ја ослободи земјата од корупција и неправда. Меѓутоа, колку далеку ќе оди ова и дали ова освежување во економијата ќе предизвика инфлација или хиперинфлација не е нешто за што сакам да зборувам.

Aзарак вели [6]:

70-те проценти Ирански семејства кои живеат на работ на сиромаштијата ќе можат да си дозволат да им купат на нивните деца нова облека и обувки за иранската Нова Година [за три месеци]… луѓето што го критикуваат овој економски план ќе бидат уапсени… Ахмадинеџад ќе биде отпуштен, но зад себе ќе остави уништена држава.

Sabzeh Meidun vegetable market in Isfahan [7]

Зелениот пазар Сабзех Меидун во Исфахан, Иран. Фотографија од Алиех Саадат © Demotix (4 август 2009)

Слободни Гласови пишува [8] дека најголемиот товар е на средната класа и сиромашните и дека најдобриот начин да се спротивстават е генерален штрајк.

Масаеб Ахмадинеџад е блогер кој го поддржува Ахмадинеџад, но исто така и го критикува [9]економскиот план. Блогерот верува дека намалувањето на субвенциите ќе предизвика проблеми и пишува дека за време на претходните претседателства инфлацијата предизвика немири. Блогерот вели дека поголем број од поддржувачите на Ахмадинеџад се од средната класа и дека економската ситуација ќе го уништи угледот на претседателот.

Сабзлин пишува дека работниците започнаа [10] штрајк во Бандар Абас [11] пристаниште во јужниот дел на Иран. Штрајкувачите велат дека цената на бензинот е повисока од тоа што тие ќе го заработат од клиентите.