Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Судан: Одбројување до референдумот за отцепување на Јужен Судан

На 9 јануари 2011 г. јужен Судан ќе одржи референдум за тоа дали треба или не да остане дел од Судан. Прилично е веројатно дека најголемата африканска држава ќе се раздели на два дела. Еве го нашиот најнов преглед на блогерски постови поврзани со референдумот.

Од минатиот октомври до денес, 116.000 жители на јужен Судан си заминаа од северен Судан, известува Меги Фик (Maggie Fick):

116.000 (бројка која се зголемува*) жители на јужен Судан го напуштија северен Судан од изминатиот октомври. На само една седмица пред почетокот на гласањето за референдумот, луѓето масовно пристигнуваат во главните градови на југот со сѐ побрзо и побрзо темпо.

Жени и деца полнат вода во транзитен камп за ново-пристигнати повратници во Авеил (Aweil). Фотографија на Меги Фик

Зошто жителите на јужен Судан одат на југ во толку голем број?:

Па, зошто јужњаците продолжуваат да одат на југ во толку голем број и покрај неизвесноста што ги чека дома околу нивната иднина? Затоа што имаат причина да веруваат дека нивните права нема да бидат почитувани во северен Судан по референдумот.

Магди Ел Гизули (Magdi El Gizouli) го анализира обраќањето до нацијата на претседателот Омар Башир (Omar Bashir) за време на 55-годишнината од независноста. Тој вели: -„Дозволување на југот да си ја одбере сопствената судбина во поставката на Башир ја претставува последната линија во книгата за заздравување на нацијата”:

Во рамките на оваа платформа Башир говореше за трите главни прашања, претстоечкото отцепување на југот, конфликтот во Дарфур и барањето на опозицијата за политичко реструктуирање во Картум за отцепување на југот. Во однос на југот Башир ја претстави можноста за избор меѓу мирно отцепување или заедништво во воени услови како храбар и демократски лек за хроничната пукнатина во органската целина. Според Башировата поставка, да му се дозволи на југот сам да си ја одбере судбината ја подвлекува „последната линија во книгата за заздравување на нацијата“, затоа што мирот, конечната цел на неговото владеење, дефинитивно е највистинското олицетворение на независноста на оваа држава.

Според Јобу Анет (Yobu Annet), спорната област Абјеи (Abyei) би можела да се соочи со сериозен недостаток на производи доколку југот се отцепи, затоа што повеќето од нив доаѓаат од северот:

Деловната заедница во Абјеи многу е загрижена – многумина мислат дека отцепување би донело економски пад во областа. -“Ако Абјеи се придодаде кон југот тогаш тоа може да влијае на пограничната трговија”, рече бизнисменот Чол Мајен (Chol Mayen). -„Доколку дојде до целосно затворање на границата, сепак можеме да одиме по производи во Источна Африка“.

Референдумот е причина за неспокојство кај странските трговци во Јуба:

За Бирунги Мари (Birungi Mary), трговец од Уганда кој се занимава со зеленчук во пазар во Јуба, референдумот е причина за неспокојство. -„Се подготвуваме да си заминеме и потоа доколку нема насилство повторно да се вратиме по референдумот“.

Мари е еден од илјадниците трговци во Јуба, од кои многумина се од соседни земји, кои се загрижени околу тоа што ќе донесе референдумот. Тие веќе имаат проблеми поради растечките цени на увозните производи и многумина се плашат дека можното насилство поради референдумот може да го наруши бизнисот и вредна стока би била уништена.
Во пазарите Кониоконио (Konyokonyo) и Џебел (Jebel) во Јуба многумина странски трговци рекоа дека ќе си одат дома за Божиќ и потоа ќе чекаат да помине референдумот пред да се вратат.

Јужен Судан Инфо создаде временска линија за текот на главните настани во Судан за 2010 г.:

За 9 дена жителите на јужен Судан ќе се упатат кон гласачките места на самопрогласен референдум за да одлучат дали да ја воспостават најновата независна африканска држава. Изминатава година беше значајна година, последна од шест-годишниот временски период на КПА (CPA (Comprehensive Peace Agreement)) што води до референдумот на 9 јануари 2011 г.

Сини стегачи се појавуваат насекаде низ Јуба. Фотографија на Мисхепс и Мејхепс

Мисхепс и Мејхепс (Мishaps and Mayhaps) забележува дека глас за сѐ освен одделување не е нешто што многу гласачи ќе го истолерираат:

еден од многуте знаци кои се појавуваат во јужен Судан како што се доближуваме до референдумот, станува сѐ појасно дека глас за било што освен одделување не е нешто што многу јужно-суданци ќе го толерираат. Да, 4 децении имаше војна која однесе милиони жртви, но многумина во јужен Судан овој процес едноставно го гледаат како последниот чекор до отцепување, а не како можност за вистинско самоопределување.

Погледнете ги визуелните прикази на Меги Фик од “Последното одбројување” (“The Final Countdown”) до референдумот во јужен Судан:

Самата количина на знаци поврзани со референдумот во главниот град на југот е сѐ позабележлива. Најновите плакати од Комисијата за референдум во јужен Судан ги повикува регистрираните гласачи да излезат на гласање на 9 јануари. Најголемиот број на плакати и рекламни паноа, пак, носат една јасна порака: отцепувањето доаѓа. Овие знаци, придонес од одредени граѓански општествени групи, го вклучуваат јужно-суданското знаме и високо подигната дланка, симбол кој го има на гласачкото ливче за референдумот.

За оние кои веруваат во молитви, придружете им се на Скот и Мег Рамбо:

Дали би ни се придружиле во молитвите:

* за мир меѓу северот и југот, но исто така и меѓу разните племенски групи.
* за мирно решение околу спорните области; нивните граници и жители
* за мирен, фер и смирен референдумски процес.
* за црквата во Судан и понатаму да биде сведок и носител на помирување
* за помирување; меѓу северот и југот, меѓу владата и бунтовниците, меѓу племињата и најважно, меѓу суданскиот народ и Господ.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.