Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Грција: Протестирање поради испорачување на оружје во Израел

Со војната која беснее во Газа, извештаите на вестите на почетокот на овој месец за рутата на особено голем товар на оружје од Соединетите држави за Израел преку приватното грчко пристаниште Астакос предизвикаа врева помеѓу грчките блогери. Тие го користеа Твитер да истражуваат во врска со случајот и да направат притисок врз владата да го спречи трансферот.

Доставувањето на муницијата беше сопрено, веднаш штом грчката влада беше нападната од опозициските партии и Амнести Интернешенел повика на ембарго за оружје.

На почетокот, официјални извори ја оспоруваа приказната на меѓународната новинска агенција Ројтерс од 9ти јануари. Но таа беше откриена од страна на корисници на Твитер и истражувана откако Indy.gr – една гранка на групата Indymedia Athens – обезбеди превод на статијата на грчки јазик.

Беше предложена идејата да се организира ембарго на пристаништето и потоа таа беше на широко пренесена на Твитер:

itsomp: http://is.gd/f8Wa Може ли ние да организираме ембарго на пристаништето Астакос? Само на американските и на израелските бродови…

Некои пренесоа директни барања до грчкиот Министер за надворешни работи, чиј веб тим раководи со Твитер акаунтот:

magicasland: @Dora_Bakoyannis τι γίνεται με το φορτίο του Αστακού; Δε θέλουμε εμπλοκή της Ελλάδας στο μακελειό της Γάζας

Дора Бакојанис, што се случува со бродскиот товар на Астакос? Ние не сакаме Грција да се вплеткува во масакрот во Газа.

Прекинувајќи ја претходната практика да не конверзира преку Твитер, тимот на Министерот одговори директно:

Dora_Bakoyannis: @olrandir, @asteris, @gtzi, @magicasland, Απάντηση ΝΜ και για Αστακό, http://tinyurl.com/9ts6xw

… одговор за Астакос, http://tinyurl.com/9ts6xw

Линкот води до официјална изјава на Министерството каде стои дека пренесувањето на оружје преку Астакос или други грчки пристаништа “не е прашање“ и нејасно ги одрекува новинските извештаи за спротивното.

Сепак, блогерот Odysseas дотогаш го имаше лоцирано барањето за товарот на федералната веб страница на САД:

Στην παρακατω παραπομπη θα βρειτε το σημα που εξεδωσε το Αμερικανικο ναυτικο για μεταφορα πολεμικου υλικου απο το λιμανι του Αστακου στο Αστοντ του Ισραηλ. Το φορτιο υπαρχει ηδη και περιμενει αναδοχο μεταφορεα.

На следниов линк може да најдете податоци од морнарицата на САД во врска со бродскиот товар муниција од пристаништето Астакос до Ашдод, Израел. Каргото постои и се чека изведувач на работата за транспортот.

Па така корисниците на Твитер продолжија со притисокот, и покрај официјалното демантирање:

magicasland: @Dora_Bakoyannis και η αμερικάνικη σελίδα που αναφερει το φορτιο τι είναι τότε;

Дора Бакојанис, што е со веб страницата (барањето) за товарот тогаш?

Следниот ден, новинските медиуми објавија дека транспортот по бродски пат бил откажан. Оваа вест беше исто така брзо прекажана:

myrto_fenek: Αναβλήθηκε, λόγω των συγκρούσεων στη Γάζα, η αποστολή πολεμοφοδίων μέσω του Αστακού

Трансферот на муниција преку Астакос беше откажан поради конфликтот во Газа!

Блогерот magicasland.com го сумираше исходот:

Σημερινή δημοσίευση του ΑΠΕ αναφέρει ότι αναβλήθηκε η μεταφορά του φορτίου των 325 κοντέινερ με πολεμοφοδία από τον Αστακό στο λιμάνι Ασντοντ [..] Το μόνο σίγουρο είναι πως το φορτίο θα μεταφερθεί κάποια στιγμή. Αρκεί όμως να μη μεταφερθεί τώρα και από εδώ.

Билтенот на АПЕ [Грчка новинска агенција] денес споменува дека трансферот на 325 контејнери на муниција по бродски пат од Астакос до пристаништето Ашдод било откажано. [..] Сигурно е дека товарот ќе биде пренесен некогаш; само да не е сега и од овде.

Блогерот coolplatanos истражуваше понатаму, откривајќи уште една дополнителна молба за бродска испорака на оружје, потврдувајќи дека оригиналната молба е откажана:

έχει υπάρξει και προγενέστερη προκήρυξη ναύλωσης με ημερομηνία ανάθεσης της σύμβασης την 6η Δεκεμβρίου του 2008 (πρώτη δημοσίευση μάλλον στις 4 Δεκεμβρίου) πάλι από το αμερικάνικο πολεμικό ναυτικό. Αυτή η ναύλωση αφορά και πάλι πυρομαχικά και μεγαλύτερο όγκο φορτίου, αφού ζητείται πλοίο ελάχιστης χωρητικότητας 989 TEU’s[..]
Πάντως σήμερα 13 Ιανουαρίου και ώρα 9:05 am (Αμερικής φαντάζομαι) υπάρχει ενημέρωση στη σελίδα του μειοδοτικού διαγωνισμού για τη ναύλωση του πλοίου που

αφορούσε τα 325 κοντέινερ και η ένδειξη ότι “ακυρώθηκε προς το παρόν”.

Τις παραπάνω ναυλώσεις τις έψαξα μέσω google αυτοσχεδιάζοντας [..]

…исто така имаше претходна молба со датум од 6ти декември 2008, (првпат објавено 4ти декември), повторно од страна на морнарицата на САД. Ова е уште едно барање за муниција, овојпат за поголем товар, штом е побаран брод со минимум капацитет носивост од  989 TEУ.

Во секој случај, денес на 13ти јануари [09:00 EST], страницата со барањето за брод со носивост 325 TEУ е обновена како “откажано засега”.

Јас ги погледнав гореспоменатите барања импровизирајќи со пребарување на Гугл.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.