Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мавританија: Ханеви Улд Дахах сѐ уште e во затвор

Фотографија од Ханево во Соединетите Држави фотографирана од Насер Ведади

Фотографија од Ханево во Соединетите Држави фотографирана од Насер Ведади

Јуни 2009, Global Voices Advocacy беше првата организација која соопшти дека мавританскиот уредник Ханеви Улд Дахах, кој ја води левичарската веб локација Taqadoumy, беше уапсен заради коментар поставен на неговата веб локација. Улд Дахах, осуден на шест месечна затворска казна, требаше да биде ослободен на 24-ти декември, но блогерот Насер Ведади, на 26-ти декември на страницата на блогот Dekhnstan, информира дека Улд Дахах сѐ уште се наоѓа во затвор. Во првата статија на блогот Ведади коментира:

Оваа е причината што започнав да блогирам. Во случајот на Ханеви не се работи само за уште еден блогер/новинар отстранет заради политички причини. Неговиот случај ќе предизвика длабоки импликации во земјата: се додека Генералот Азиз не почувствува некаков отпор против неговиот третман на еден новинар, сигурно е дека ќе смета дека може да го потиснува секој оној што има различно мислење без страв и без некакви последици. Да речеме дека ова е ПРИМЕР за слични случаи за иднината на човековите права во малата, често запоставена, нација на Мавританија.

На 28-ми декември, Ведади извести дека  Улд Дахах започна да штрајкува со глад.  На 5-ти јануари, Комисијата за заштита на новинари (Committee to Protect Journalists – CPJ) ги осуди мавританските власти за задржување во затвор на Улд Дахах по рокот на неговото ослободување и Арапската мрежа за информирање за човековите права (ANHRI) апелира кај Мавританската влада да го почитува законот. Сѐ до денес, ниту еден официјален медиумски извор нема известено за случајот.

Сѐ до денес, Улд Дахах е сѐ уште во затвор. На 14-ти јануари, Насер Ведади напиша во Dekhnstan:

Теоретски, Ханеви Улд Дахах, би требало денес (14-ти јануари) да има сослушување во Врховниот суд откако беше итно повикан да се појави пред највисоката судска институција во земјата – и покрај фактот дека оваа процедура е нелегална. И за да не сте во заблуда, Мавританската влада не откри ненадејно дека во овој случај направи грешка, едноставно се обидува да го прикрие нелегалниот третман кон Ханеви. Во суштина, сосема е можно е власта да изрече различна казна!

Ведади исто така ги наведе имињата на функционерите кои се вмешани во принудното притворање на Улд Дахах, но подоцна изјави дека: „Искушението на Ханеви е казнето од највисоката власт во Мавританија: од Генералот Мохамед Улд Абделазиз. Поредокот во кој живеат Мавританците е таков што тој и само тој, има право да одлучува за животот и смртта на оној што е доволно луд да му се спротивстави.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.