Куба: Телекомуникации, интернет пристап и кубанско-американска политика

Кубанските блогери завршиле добра работа во документирањето на политичките, економските и техничките пречки што ги спречуваат повеќето Кубанци да користат Интернет. Но, малкумина имаат пишувано за политичкиот метеж кој придонесе за слабата телекомуникациска инфраструктура на островот.

Компаниите со седиште во САД и афилијациите на американски компании, кои патем речено ги нудат скоро сите телекомуникациски услуги на Карибите, се соочуваат со строги ограничувања поради политиката на ембарго помеѓу САД и Куба. Ова ја стави Куба во огромна загуба што се однесува до телекомуникациите.

Скеле на Зграда во Хавана од Сергио Фалети.

Претседателот Обама вети дека ќе ги елиминира овие рестрикции во 2009 година, но не направи голем напредок во однос на неговото ветување. Во изданието јули/август 2010 на Надворешна политика, Кристофер Сабатини го резимираше актуелното законодавство, кое останува премногу рестриктивно да дозволи афилијациите на американските телекомуникациски компании да водат каков било бизнис на островот, без разлика дали тоа ќе е продавање хардвер или софтвер или градење нова инфраструктура. Тој забележа дека со моменталната политика:

…има многу малку простор за вистински американски деловни активности кои би можеле да го поврзат островот со Интернетот и да им обезбедат алатки за комуникација на жителите. Наместо тоа, одредбите дозволуваат само да се донираат овие работи, со што се остварува критична надворешно -политичка цел на филантропија.

Единствените реформи кои всушност беа направени дозволуваат индивидуалците кои живеат надвор од Куба да платат за мобилните телефони и роаминг услугите на Кубанските членови на семејствата и пријатели на островот. Иако ова ги промени нештата за илјадници Кубанци, островот може да добие поголеми можности за пристап до дигиталните комуникациски технологии доколку претседателот Обама дополнително ги либерализира или отстрани ограничувањата на телекомуникациските компании. Тој може да го направи тоа со извршна наредба.

Не постои гаранција дека кубанската влада ќе им дозволи на телекомуникациските компании со седиште во САД или на афилијациите на американските компании да водат бизнис на островот, дури и ако им е дозволено тоа. Но, со укинување на овие ограничувања, администрацијата на Обама може да престане да стои на патот на зголемување на дигиталниот и телекомуникацискиот пристап за Кубанците и да ја стави политичката топка во Кубанскиот суд.

Мурал во Хавана.Фотографија од Сергио Фалети.

Додека САД продолжува да ги одложува реформите, Telecomunicaciones Gran Caribe од Венецуела продолжиле со плановите да изградат подморски оптички канал кој ќе го поврзува карипскиот венецуелски брег, Куба и Јамајка. Како ова ќе ја промени употребата на Интернетот во Куба останува нејасно, но сигурно е дека ќе помогне дополнително да се зајакне дипломатската и политичката поврзаност помеѓу Куба и Венецуела- еден веќе двојно остар трн во ногата на владата на САД. Ова може да ја стимулира администрацијата на Обама да продолжи со либерализацијата, но сè уште не е направено ништо.

Многумина од политичката заедница на САД и Куба веруваат дека на претседателот Обама му истекува времето и политичкиот капитал потребен за да се направат реформи за ембаргото. По изборите во САД во вторникот, блогосферата била активна со голем број на коментари за изборите за наредниот Сенатор на Флорида, Марцо Рубио,кој што е магнат на ГОП и „Чај Забави“ и син на про -ембарго кубански емигранти. Рубио е непопустлив за „одржување на линијата“ против Куба.

Ања Ландау- Французинка, на Хавана белешки, напиша дека со мандатот на Рубио:

Нивото на про-ембарго, говорите за анти-вклучување и наговарање сигурно ќе се покачат.

Со оглед на менувањето на бранот кубанско-американски мислења за односите помеѓу САД и Куба, дали ова ќе промени нешто?Ел Јума предвидува дека влијанието на Рубио во политиката помеѓу САД и Куба (и политиката на САД во целина) ќе биде огромно, велејќи им на читателите:

Не го потценувајте него или потенцијалот на неговиот силен апел до американските гласачи надвор од кубанско-американската заедница и надвор од државата Флорида…

Дали победата на Рубио ќе влијае врз одлуките на претседателот Обама во однос на реформите за извршната власт. Политичката клима за промени насочени кон Куба можеби се заладува. Фил Петерс, од Кубанскиот триаголник, забележа на стеснувањето на можностите за Обама за создавање значајни реформи за ембаргото. Што се однесува до неодамнешните пазарно- ориентирани економски реформи во Куба, Ретерс напиша:

Ако претседателот Обама не одговори на растечките промени во Куба со промени во неговата сопствена земја, во одреден момент неговата понуда ќе стане безвредна и идејата за конструктивно влијание во Куба … ќе остане празна.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.