Неодамнешните зимски временски услови во Колумбија беа забележани од традиционалните медиуми и социјалните мрежи, па така, тие пренесуваат за поплавите, лизгање на земјиштето и искорнатите дрвја. Националните вести известуваат дека погодени се 28 од 32 региони во Колумбија; на Твитер, преку сметката на Territorio Chocoano (@chocoanos), луѓето ги следат тешките ситуации во регионот на Чоко во североисточна Колумбија, особено во општината Риосусио.
Територијата Чоко (@chocoanos) известува:
Секој пат катастрофата во Чоко е се поголема поради прелевањето на реките Атрато и Сан Хуан.
Територијата Чоко (@chocoanos) додава:
Водите поплавија четири квадратни километри во центарот на градот Риосусио (Чоко) #SOSColombia
На блогот Мира Сусмаја [шпански], тие споделуваат некои информации од Ел Коломбијано [шпански]:
Риосусио е под вода. Во изминатите 30 дена нивото на реката Атрато се покачуваше со секоја капка вода и сега достига висина од 3 метри, оставајќи најмалку 1 200 домови поплавени.
Изминатиот 18ти ноември, претседателот Хуан Мануел Сантос објави вонредна состојба во 28 од 32 делови. Сепак, оваа бројка не и дозволува на националната влада да презема какви било економски обврски кои би изнесувале милиони долари.
На блогот Либрета де апунтес [шпански] тие напишаа:
За тоа што се случува во Риосусио (Чоко) не се зборува на големите медиумски канали. Можеби затоа што тие се зафатени со покривањето други трагедии во поголемите градови поблиску до нивните домови.
Дарио Бландон, портпаролот на Риосусио известува дека „целиот град е поплавен вклучувајќи го автопатот, па се до батаљонот на Националната Војска.“
Центарот за здравство, основните и средните училишта се исто така поплавени. Не постои една единствена куќа што е над водите. „Луѓето ги напуштаат нивните куќи преку прозорците и покривите.“
Конечно, преку Твитер и Фејсбук кружи слика која потекнува од НАСА. Сликата зборува сама по себе во врска со причините за неодамнешните временски непогоди. Даниел Уреа (@DanielUP) ја споделува сликата и неговата интерпретација за неа:
Во НАСА откриле дека, визуелно и буквално, ние сме црната дупка на планетата. http://bit.ly/e1xzvu (преку@Telemedellin)