Филипини: Танцувачки стјуардеси

Играњето на поп мелодии при демонстрација на безбедност во текот на авионскиот лет од страна на стјуардесите на комерцијална авиокомпанија од Филипините е неодамнешен хит на Јутјуб.

Според претставник на авиокомпанијата, танцувањето при демонстрирање на безбедноста е едноставен начин за комбинирање услуга и забава.

Изведувањето на танцот за безбедност е само уште еден начин да се истакне нашата забавна култура и да се покажат нашите домашни таленти. Планираме да го изведуваме ова на повеќе летови откако добивме големи пофалби од светската јавност.

Кебу Пацифик е буџетски носител на Филипините кој доминира со локалната авио-индустрија.

Сепак, здружението на пилоти и стјуардеси е загрижено поради шегата и ширењето на видеото на интернет.

Иако на прв поглед тоа може да изгледа како безопасен трик за публицитет со цел да се привлечат патниците, долгорочно, стереотипизирањето на стјуардесите како забавувачи сигурно ќе има негативно и сексистичко влијание во очите на јавноста, за сметка на женските танцувачки стјуардеси.

Ова нечувствително претставување на полот е враќање назад во непросветленото минато во текот на 50 тите и 60 тите кога „стјуардесите“ биле приморани да носат секси панталони и мини-здолништа со цел да бидат привлечни за доминантните машки деловни патници. Принудувањето да танцуваат пред патниците претставува нов пад во менталните сетови.

Додека ова го пишуваме, видеото веќе е гледано 6 866 006 пати, им се допаѓа на 13 720 луѓе, а не им се допаѓа на 529 луѓе откако е закачено на 30 септември. Тоа исто така, стекна голем број на почести на ЈуТјуб , спорен Техпинас.

Ова видео предизвика, како позитивни така и негативни коментари на Јутјуб, Фејсбук, и Твитер. Многу ги пофалија танцувачките стјуардеси кои ги направија демонстрациите за безбедност помалку досадни. Сепак, критикувачите на видеото, ја осудуваат практиката за поддржување на сексизам и полова дискриминација. Неколку примери од коментарите на Фејсбук:

Самуел Ратерна ми се допаѓа. Патниците станаа повнимателни во врска со безбедносните одлики на авионите. Исто така, тие танцуваа само на почетокот, а не за време на целиот лет.
Принц Валдез да признаеме сексот продава…
Тин Сабиљо Сексот продава бидејќи толерираме вакви евтини сексистички маркетинг шеми. И да, има многу не-толку-млади ПАЛ ФАс. Тие се борат за еднаквост. Тие покрај се се професионалци за безбедност. Ова не е натпревар за убавина и талент. Луѓето сепак ќе се возат со авиони дури и ако ФАс не се „секси“ и „убави“ бидејќи патувањето е потреба. Не за половата и возрасната дискриминација на работа.
Мабел Баланкит што е збрката околу тоа. добра стратегија е. забавно е:)
Реј Рефан ‎„враќање назад на непросветленото минато во текот на 50 тите и 60 тите кога „стјуардесите“ биле приморани да носат секси панталони и мини-здолништа со цел да бидат привлечни за доминантните машки деловни патници.“ < — Тука гледам вознемирувачка паралелност со оживувањето на МекКартнизмот на Филипините, нели?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.