- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Влеговме во светот на возрасните, па ќе се потрудиме најдобро што можеме!“ Јапонија го одбележува Денот на полнолетството

Категории: Источна Азија, Јапонија, Граѓански медиуми, Добри вести, Младина, Уметност и култура
seijinshiki

Фризури на Денот на полнолетството. Фотографии од Инстаграм [1].

Секоја година, вториот понеделник од јануари се одбележува како Ден на полнолетството  [2](成人の日, seijin no hi) во Јапонија, каде младите го слават официјалното полнолетство со наполнети 20 години. Има собиранки на класови, банкети и често пијано лумпување.

Со навршени 20 години, Јапонците добиваат право на глас, можат легално да пијат алкохол и да возат автомобил. Како важен момент во животот, денот е и добро документиран низ друштвените мрежи.

Во понеделник, 8 јануари 2018 година, повеќе од милион луѓе ја одбележуваат својата 20-та година и нивниот нов статус како возрасни. Секоја општина низ Јапонија одржа официјална церемонија за да го одбележи денот и ново-пораснатите возрасни вообичаено се појавуваат облечени формално или со традиционална облека.

Една од најпознатите церемонии беше одржана во Камогава Сиворлд [3], аквариум во предградието на Токио. Учесниците се покануваат да се сликаат со Канџкун, морскиот лав жител на аквариумот.

A post shared by ︎ や ま ぐ ち さ な ︎ (@saaaaana.5_19) [4] on

 

Околу 1,2 милиони луѓе [5] ќе станат возрасни во 2018 година, од 2,46-те милиони во 1970 година [6]. Во 23-те окрузи на Токио, еден од осум нови возрасни во 2018 година не се Јапонци [7]. Според „Џапан Тајмс“:

10,959 new non-Japanese adults live in central Tokyo, or 13 percent of the 83,764 new adults living in the city.

10,959 нови возрасни кои не се Јапонци живеат во центарот на Токио, или 13 проценти од 83,764 возрасни кои живеат во градот.

Во еден округ на Токио, според „Џапан Тајмс“, бројот на нови возрасни кои не се Јапонци се зголемила за три пати во последните пет години. Ова зголемување на бројот на новите возрасни кои не се Јапонци се припишува на студентските програми и програмите за пракси [8] кои регрутирале огромен број помлади работници од другите делови на Азија.

Собиранки, лумпување и незгоди со моторни возила

Тагот „Полнолетство“ (#成人式 [9]) резултира со илјадници слики, како собиранки на класови и банкети кои го одбележуваат денот.

. 1.7 成人式と同窓会 . . あっという間に20歳㊗️ . ほんまに楽しすぎる1日やった?✨✨ . #丸亀#丸亀南#成人式#同窓会 #写真送ってください [10]

A post shared by koki [11] (@ky02kyupi) on

Церемонија за полнолетство и собиранка со класот. За миг сите имаме 20 години! Баш забавен ден

Хаштагот „furisode“ [фурисоде] (#振り袖 [12]), или кимоно со долги ракави, е подеднакво добар начин за пребарување слики од традиционалното кимоно кое се носи посебно за Денот на полнолетството.

. . 2018/01/03 新成人になりました✨ 大人の仲間入り☺ 頑張ります! . #平成29年度 #成人式 #熊本 #人吉 #カルチャーパレス #新成人 #振り袖 #袴 #成人式ヘア #生花 #成人式ネイル #久しぶり #幼馴染み [13]

A post shared by なかむら あすか [14] (@ahinyan) on

Ние нашата церемонија за полнолетство ја имавме на 3 јануари….влеговме во светот на возрасните, и ќе се трудиме најдобро што можеме!

今週末は、成人式ですね♪晴れるといいな~ キモノハーツさんのがコーディネートした振袖を描きました(´∀`*) 今はこんな振り袖のスタイリングがあるのね✨と毎年楽しみなイラストのお仕事です♪ ちなみに、私は20才の頃は、オーストラリアに居たので浴衣で迎え、日本に帰ってきてから振袖を着ました(´∀`*) 二十歳おめでとう✨とお祝いの気持ちを込めて、振袖の絵を成人式まで毎日アップしていきます♪ #illustration #illustrator #ilustrasi #drawing#fashionillust  #style #fashionsnap #kimono#japanesekimono #megumimatsuda  #イラスト #イラストレーション #イラストレーター #ファッションイラスト #ファッション #ファッションスナップ #着物コーディネート #振袖ヘア #成人式ヘア  #着物 #和装 #和服 #きもの  #振袖 #きもの番長 #기모노#กิโมโน #иллюстрация #패션일러스트  #成人式 [15]

A post shared by きもの番長 松田恵美 Megumi [16] (@kimonobancho) on

Церемонијата за полнолетство ќе биде овој викенд. Се надевам ќе биде сончево!

Прикажав некои идеи за координација (додатоци и фризури) за жените што ќе носат фурисоде (кимоно со долги ракави) за прв пат…..(´∀`*)

Еве некои современи стилови. Ова го правам секоја година. Всушност, кога јас наполнив 20 години, бев во Австралија, и носев yukata (лесно летно памучно кимоно наменето за вистинско лето) и немав шанса да носам фурисоде додека не се вратив во Јапонија (´∀`*)

Па, честито за наполнети 20 години! Како помош при славењето на ова искуство, ќе прикачувам илустрации секој ден (до 8 јануари).

 

И машките внимаваат на тоа што носат и како изгледаат, особено на фризурите.

僕は成人式は当たり前にヘアメイクしてホストスーツで行きました?笑 今日からお店やってます✨ #成人式#成人式ヘア #ホスト#スーツ#職業イケメン#モデル#AIRGROUP#ミナミ#歌舞伎町#袴 [17]

A post shared by 成宮 鳴(なるみやめい) [18] (@narumiyameimei) on

Сите знаат дека на Денот на полнолетството ќе си ја средам косата и ќе носам темен костим за мојата работа како „хостеса“ во кабаре, хах.

Денот на полнолетството е исто така познат и како денот кога yancha, или непослушните момчиња, конечно стануваат мажи и ќе можат да се возат наоколу во убави коли носејќи светли костуми. Еден нов полнолетен, облечен поприбрано во темен костум, ги посети своите попровокативни соученици:

Луѓето од Атсуџи (во Канагава, југозападно од Токио) никогаш не се менуваат. Баш е како во почетокот на средно школо … ептен забавно! Извинете што ја напуштив забавата за класот на половина….и што носев костум. До следниот пат!

Светкави алишта и уште посветкави коли се клучен дел од Денот на полнолетството за некои нови возрасни:

Церемонијата за полнолетство беше најјака!

Ако има некој уште слики или видеа….Пратете ми ги мене!

 

Продавница за изнајмување кимона го уништи денот за стотици нови возрасни

Додека низ минатите години, доминантни на вестите беа немирите и пијанството, оваа година ненадејното затворање [23] на синџир за изнајмување кимона, кој остави стотици жени кои оставија капар за кимона без ништо за носење за Денот на полнолетството, беше главна вест и се рашири низ друштвените мрежи.

Ситуацијата беше кошмар за жените, кои најверојатно чекале со години да се дотераат за одбележувањето на нивното полнолетство.

Еден корисник на Твитер забележа:

Го славев овој ден пред две години, но има многу девојки кои немаат ништо за носење поради оваа облека за една вечер. Има дури и ситуација каде кимона кои се чуваат во продавницата не се враќаат. Сите тие луѓе и нивните фамилии, кои го чекале Денот на полнолетството мора да се многу тажни. Има само еден ден во твојот живот кога полниш 20 години, тешко е да ѝ се прости на таа фирма.

Откако ситуацијата привлече внимание, една продавница за кимона во приградска населба во Токио, се понуди да помогне на барем шест од жените кои немале што да облечат на нивниот посебен ден заради затворањето [26].

Другите милион и нешто само што станати возрасни, уживаа во денот на многу начини кои беа снимени во вечерните репортажи: