Четвртиот легендарен крал на Бутан наполни 60 години

 Jigme Singye Wangchuck, the fourth King of Bhutan. Image from public domain.

Џигме Синѓе Вангчук, четвртиот крал на Бутан. Фотографија од јавен домен.

Тој можеби се пензионираше себеси како крал на Бутан во 2006 кој ја внесе демократијата во малечко хималајско кралство, но четвртиот крал на Бутан, Џигме Синѓе Вангчук, (татко на сегашниот крал на Бутан (Џигме Кесар Намѓел Вангчук) се уште е во срцата на граѓаните дури и денес.

Пензиониран или не, многу Бутанци го сакаат бидејќи тој беше владетел кој повеќе се фокусираше на добросостојбата на народот отколку на славата и моќта. На него се припишува значајниот прогрес на оваа малечка држава помеѓу два гиганти (Индија и Кина) додека во минатото останувала релативно изолирана и неразвиена, и за одлично сработеното особено поради тоа што тој прерано го наследи престолот на 16 годишна возраст во 1972.

Голем дел од оваа благодарност и вистинска почит кон „големиот четврти“, како што е познат, е евидентна со подготовките на Бутан за големата прослава на неговиот 60 роденден на 11 ноември. На социјалните мрежи има лавина од придонеси од Бутанци низ целиот свет, што покажува колку широко тој се уште е сакан и почитуван. Фотографии од него и благодарници засилено се објавуваат на лични профили и граѓански медиуми.

За 60 роденден на Неговото Височество, четвртиот крал на Бутан во Тендрел Танг, Тимпу pic.twitter.com/mKrpPUGiDN

— Sonam Phuntsho (@sonamp85) 7 ноември, 2015

2 јуни 1974, по назначувањето на Неговото Височество Џигме Синѓе Вангчук, Бутан поплочи пат на балансирана внимателна изградба #GNH.

— Thinley Dorji (@EpiPot) 1ви јуни, 2015

Пасинг Тшеринг, едукатор, ажурираше поранешна благодарница до кралот на неговиот блог: 

На 17 години бев во средно училиште и се обидував да откријам зошто моите професори по математика не ме сакаа, зошто директорот мора да биде строг, зошто сите убави девојки се плашеа од мене, и што правев јас во училиштето…Но, на 17 години младиот принц Џигме Синѓе Вангчук не само што го изгуби таткото, туку и неговиот крал. Бутан замрзна од новоста, но младиот Џигме мораше да ги избрише солзите кои се лееја по неговите образи и да одговори на повикот на неговата држава.

Надворешното покажување на почит кон монарсите или диктаторите, само поради нивната позиција, е многу често низ светот. Но, во случајот на Бутан, почитта кон Џигме Синѓе Вангчук е втемелена во фактот што луѓето веруваат дека добар дел од напредокот на нацијата се должи на него. Многумина се потсетуваат на времето на неговото владеење со носталгија, сеќавајќи се како изолирана држава беше воведена во меѓународната арена и во 21 век од некој кој ги носеше најдобрите интереси за нив на прво место.

На неговиот блог iamDrukpa, Џурми Човинг пишува:

Втемелен како што е воздигнуван. Мудар колку што е прагматичен. Скромен како што е храбар. Големиот четврти е жив.
Колку скапоцена можност да се прослави ваков живот. […]

Овој човек не бара заслуги. Не се радува за букети. Не се замешува во ситничавост. Не се губи во врвовите. Во сите дуалистички повикувања, сталоженоста е неговата мерка.

Доволноста, неговото богатство.

Jigme Singye Wangchuck. Image from Public Domain.

Џигме Синѓе Вангчук. Фотографија од јавен домен.

Зборовите на Џурми резонираа со многу Бутанци. Тие виделе крал кој одбира не да води самити, наместо тоа останува тивката сила позади прогресот на државата. Тој никогаш не летувал на скапи места во странство; наместо тоа го поминувал времето пешачејќи и возејќи велосипед низ неговата држава, запознавајќи ги неговите поданици. Тој не живеел и се уште не живее во палата, туку во куќа сместена во боровите шуми.

Писателот Тшеринг Таши, кој ги има напишано „Митови и сеќавања: Нераскажаните приказни за Бутан” и „Храбриот Бутан повикува,” пренесе краток извадок од извештајот на Државното собрание во 1998 на неговата Фејсбук страница.

Предлози за соодветна палата за Неговото Височество се поднесени и порано од власта и граѓаните. Сепак, не само за изградбата на палата, Неговото Височество Кралот не дозволува ни набавка на нови возила за замена на старите возила во кралскиот возен парк ниту пак редовното одржување и реновирање на куќата во шумата во која тој живее. Претседател на државното собрание, 76 седница на државното собрание (29 – 30 јули 1998)

Развојна филозофија на Џигме Синѓе Вангчук за Индекс на бруто национална среќа, која се фокусира на добросостојбата на луѓето, наместо на материјалните стекнувања, беше во центарот на сите негови планови за развој во Бутан. Тоа беше знак кој го превзема од неговиот татко, Џигме Дорџи Вангчук, третиот крал на Бутан, кој во 1968 прогласи дека одлуките на Државното собрание можат да отстранат од функција министри, но и неговата позиција, самиот крал. Следниот ноември, тој ја отфрли неговата моќ на вето на закони изгласани во Државното собрание и изјави дека ќе ја напушти функцијата доколку две-третини од законодавното тело му изгласа недоверба. Тој исто така беше човек кој патуваше со обичен пасош и само кажуваше дека е владин службеник.

Сушила Гурунг, учителка во Тимпфу, напиша на нејзиниот блог за „големиот четврти”:

[пренесено во оригинал] Кога светот се тркаше за социоекономски развој принтајќи [ја] социјалната среќа, вие ја приоритизиравте Среќата како крајна цел на целокупниот развој…Зборовите звучат ограничени кога срцето е полно. Личноста позади судбината на Бутан тогаш и сега. Крал кој се бореше рамо до рамо со обичниот војник во време на политички превирања. Кој лидер од 21 век има толку љубов кон неговата држава и неговиот народ…

Листата на неговите постигнувања, во продолжение на воведувањето на демократијата, влучува намалување на стапката на смртност на новороденчиња, подобрувајќи го целокупното здравство и образование, изградба на инфраструктура, воведувајќи го терминот Бруто државна среќа, и лично водејќи ја војската за истерување на вооружени индиски бунтовници од бутанските џунгли.

Сонам Дорџе, кој работи во Министерството за образование, постираше поема која ја напишал на Фејсбук страницата која веројатно сумира како многумина Бутанци се чувствуваат сега:

Ви благодарам ваше Височество
За тоа што не водевте со духот на природата на Буда,
Со внимателна мудрост и искрено сочувство
За вашите несебични жртви за потребите на луѓето…
Ви благодарам ваше Височество,….
За тоа што бевте модел на кој се угледувавме со белег на едноставност
За тоа што бевте остроумен и визионерски лидер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.