Како течеше гласањето во Мјанмар на овие историски избори

Граѓани трпеливо чекаат и во живо го следат броењето на гласачки ливчиња пред канцелариите на опозициската партија. Фотографија на Иравади споделена на Фејсбук.

Покрај неколку пријавени нерегуларности, Мјанмар успеа да одржи мирни избори на 8 ноември. Вкупно 91 политичка и етничка партија учествуваа во генералните избори. Сегашната владејачка партија, Партија на синдикална солидарност и развој (ПССР), е предводена од претседателот Теин Сеин; додека опозициската партија, Национална лига за демократија (НЛД), е предводена од лауреатот за Нобелова награда за мир, Аунг Сан Суу Ќи.

Без разлика на резултатите од изборите, 25 проценти од седиштата во парламентот се резервирани за војската. Ова се базира на уставот од 2008 донесен од војската со кој го осигуруваат нивното влијание во граѓанската влада. Понатаму, Аунг Сан Суу Ќи е под уставна забрана за стане претседателка дури и ако нејзината партија ги освои мнозинството гласови поради тоа што таа била омажена за странец и има деца странци.

Сметани за првите фер и слободни избори во државата

Иако технички ова се втори избори за Мјанмар, многумина ги сметаат изборите на 8 ноември како први слободни и фер избори за државата.

Мјанмар беше под воена диктатура изминативе 50 години. На изборите во 1990, партијата на Аунг Сан Суу Ќи победи со огромна разлика, но војската ги игнорираше резултатите и ја превзема власта. Во 2010, владата дозволи некои политички реформи како што е организирањето избори, иако беше обвинета дека ги мести резултатите од изборите.

Некои од проблемите кои го отежнаа спроведувањето на предизборните кампањи вклучуваа пријавени огромни грешки во избирачкиот список, обесправувањето на некои етнички групи како што е главно муслиманската Рохингја, и перцепираните пристрасности или недостатоци на изборната комисија. Покрај овие предизвици, многу граѓани продолжија да веруваат дека овие избори на 8 ноември ќе донесат општествена промена.

Многу луѓе користеа слогани како အသဲကြားက မဲတပြား (Глас од нашите срца) иပြောင်းလဲချိန်တန်ပြီ (Време за промени) кои го рефлектираа популарното гледиште за овие генерални избори.

Подолу се некои од опсервациите споделени од гласачите за време на изборите на разни платформи и социјални мрежи.

Рано-рано на гласање за избори

Некои луѓе веќе чекаа во редици во 4 часот наутро иако гласачките места не отвораа пред 6 часот.

Је Линг Аунг твитна фотографија од луѓе кои чекаат во редица да гласаат.

Најпрвите 10 влегоа во гласачкото место. Сега сум прв во редицата. #МјанмарИзбори #Мјанмаргласа pic.twitter.com/HlR1FZSdGG

— Је Линг Аунг (@yelinaung) 8 ноември, 2015

Прсти со дамки од мастило

Многумина објавија фотографии од нивните прсти на кои има дамки од мастило за да покажат дека гласале. Блогерката Еи Мјат Ное Кин ги сподели нејзините размислувања за важноста на овој ден:

Па, за сите други, 8 ноември ќе биде само уште една недела, дружење со пријатели итн, но за нас, граѓаните на Мјанмар кои ќе гласаме, ова не е само уште еден обичен ден

Кенет Вонг објаснува што може да значи овој симбол:

ယခင်က အာဏာရှင်တို့ လက်မထောင်ခဲ့ကြ၏။ ယနေ့ မြန်မာလူထုတို့ ဂုဏ်ယူဝင့်ကြွားစွာ မင်စွန်းသောလက်သန်းများ ထောငြ်ပကြလော။

Моите пријатели од Бурма кои гласаа гордо објавуваат фотографии од нивните прсти извалкани со мастило — доказ дека гласале. Би можело да се рече, денес луѓето му го покажуваат „прстот“ на стариот режим!

Активистката Кин Охмар забележува дека многу луѓе се жалеле бидејќи не можеле да си го пронајдат името на гласачкиот список, додека некои луѓе посведочија дека им било соопштено да гласаат во повеќе наврати истиот ден. Таа исто така прочитала вести дека владејачката партија води во изборните единици на војската.

Чекајќи ги резултатите од изборите

Откако гласачките места се затворија во 4 часот попладне, граѓаните нетрпеливо ги очекуваа прелиминарните резултати. Новинарот Лупа Аунг ги фалеше оние кои работеа прекувремено на гласачките места:

မဲရုံမှာ တာဝန်ကျတဲ့သူတွေကို လေးစားပါတယ်
သူတို့ အခုထိ ထမင်းမစားရသေးသူတွေ ရှိတယ်ဗျ။
အပြောင်းအလဲ အတွက် သည်းခံစိတ်ကို အလေးပြုပါတယ်။
လူပအောင်

Почит за оние кои работат на гласачките места. Некои од нив не ни јаделе цел ден. Поздрав до нивното трпение, тие знаат дека работат за промена.

Толпа се собира пред канцелариите на НЛД во Мандалеј да го гледа броењето на гласови во живо. Фотографија споделена од Ник Најман на Фејсбук.

Сомнителни гласови

Во меѓувреме, во Лоикав, главен град на државата Кајах, пристигнувањето на 5,000 избирачки ливчиња со однапред избројани гласови ги налути и кандидатите и гласачите. Џозефин Нан Му изјави:

5,000 однапред избројани гласачки ливчиња пристигнаа од никаде во канцеларијата на изборната комисија во Лоикав. Доста е „матно“ од каде се појавија. Борба против другите претставници и кој и да е одговорен таму!

Пристигнувањето на ‘раните’ гласови се одвиваше во неколку предели низ земјата. Оваа вест ги загрижи јавноста и странските набљудувачки групи. Партнерство Бурма, мрежа на организации кои застапуваат демократија и човекови права, забележаа дека сомнителните гласови оделе во прилог на владеачката партија:

Во Мјиткјина околу полноќ, пристигнаа раните гласови, кои во најголем дел беа за ПССР. Истата ситуација со пристигнувањето на раните гласови во Монјва, Лашио, Таунгји. Во рурални и етнички места кои се стратешки за армијата на Бурма, се чини дека нема да дозволат на НЛД или етничките опозициски партии да победат.

Изненадувачки, опозицијата не се спротиставува:

Интересно е тоа што кандидат од НЛД кој веќе победи по броењето на гласови минатата вечер не се противи на ова нелегитимно пристигнување на рани гласови на полноќ. Ќе биде интересно да се види дали НЛД во целина ќе одговори на овие пристигнувања на рани гласови на полноќ.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.