- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужна Африка: Корективното силување е злосторство од омраза

Категории: Супсахарска Африка, Јужна Африка, Граѓански медиуми, Хомосексуални права (ЛГБТ), Човекови права

Корективно силување [1] е кривично дело, при кое мажите силуваат жени – лезбејки, наводно како средство за „лекување“ на сексуалната ориентација на жената. Покрај тоа што Јужна Африка е првата нација во светот што ја забрани дискриминацијата врз основа сексуалната ориентација [2], првата aфриканска држава што го легализира бракот меѓу лица од ист пол и првата република во светот  што им гарантира еднакви права на ЛПБТ (лезбејки, педери, бисексуалци и трансвестити) граѓаните во сите сфери на животот (вклучувајќи ги посвојувањето и воената служба), случаите на корективно силување се во пораст.


Лулеки Сицве (Luleki Sizwe)
е добротворна организација од Јужна Африка којашто собира средства за спасување, поддршка, хранење и негување [2] на преживеаните жртви на корективно силување. Лулеки Сицве (Luleki Sizwe) е основана во 2007 година од општествената активистка Ндумие Фунда откако нејзината свршеница стана жртва на корективно силување.

Според Лулеки Сицве (Luleki Sizwe), [3] неделно, во Кејптаун се случуваат најмалку 10 групни силувања:

Според организацијата, секоја недела повеќе од 10 лезбејки се силувани или групно силувани само во градот Кејптаун. 150 жени се силувани секој ден во Јужна Африка, а 31 лезбејка е убиена поради нејзината сексуална ориентација во изминатава деценија. Секоја година, 510 жени во Јужна Африка изјавуваат дека се жртви на „колективно силување“.

Лулеки Сицве (Luleki Sizwe) формираше петиција [4] на change.org повикувајќи го министерот за правда на Јужна Африка Џефри Радебе пред владата на Јужна Африка, да го прогласи делото „корективно силување“ како кривично дело од омраза што се казнува со најстрога казна! Уште при создавањето, собра 63.994 потписи. Петицијата стана најпопуларна [4] петиција на Change.org на сите времиња:

Оваа е моментално најпопуларната петиција на сите времиња на Change.org! Но, што направи министерот во врска со неа? Апсолутно ништо. Тоа треба да се промени, со нова петиција со која ќе се повика министерот Радебе да се сретне со основачот на Лулеки Сицве, Ндумие Фунда.  За да бидете редовно информирани во врска со кампањата за „корективното силување“ ве молиме да се зачлените на страниците на Human Rights на Фејсбук и на Твитер и редовно проверувајте ги.

Постои општо прифатено мислење дека хомосексуалноста е неафриканска [5] одлика и дека треба да се забрани со закон:

Сепак, постои општоприфатено мислење дека хомосексуалноста е „неафриканска“ – поимот „неафриканизам“ крие морално и културно гледиште дека африканските општества се на некој начин уникатни и отпорни на она што се смета како западен и европски увоз. Систематското оцрнување на хомосексуалноста од страна на неколку африкански лидери низ годините ги надополнуваше овие гледишта, кои се вкоренети во културата и традицијата.

Еуди Симелане, фудбалска ѕвезда од државниот фудбалски тим на Јужна Африка, беше групно силуван и потоа убиен [6] во 2008 година. Тхато Мпити се изјасни виновен и беше осуден на затворска казна од 32 години [7] во еден од најуспешните случаи против корективно силување:

Долгоочекуваната пресуда на судењето за убиство на лезбејски активисти и поранешниот играч на Бањана Бањана,  Еуди Симелане, беше донесена денес во Делмас. Кумбулане Магагула, Јоханес Малангу и Теба Мвубу беа обвинети за кражба со олеснителни околности, силување и убиство на Симелане. Тхате Мпити беше обвинет за истите дела во февруари 2009 година и осуден на 32 години затвор.

Судскиот систем на Јужна Африка е обвинет за неисполнување на барањата на жртвите со тоа што ги ослободи сторителите со смешно ниска кауција: [3]

Минатиот месец јужноафриканските власти го ослободија Андиле Нгкоза, маж којшто пет часа ја силувал, тепал и давел Милисент Гаика (фотографирана), за да „ја преобрати“, случај што беше доста добро претставен на Change.org. Г-нот Нгкоза беше ослободен со кауција од 60 ранда, што е еднакво на помалку од 10 долари. Како резултат на тоа, Ндуми Фунда, којашто ѝ помогна на Милисент Гаика да се опорави од силувањето и којашто беше адвокат во нејзиниот случај, се вдаде во бегство.


Лесего Тлхвале смета дека
корективното силување ги лишува жените од нивните основни човекови права гарантирани со меѓународните закони:

Јужна Африка се соочува со пандемичен број на насилства врз жени-лезбејки наречени корективни силувања, форма на насилство која луѓе од спротивниот пол ја користат за брутализирање на жените како средство за „корегирање“ на нивната сексуална ориентација. Ова пакосно дело не само што претставува насилство врз жените, туку и ги лишува од нивните основни човекови права пропишани со Африканската повелба за човекови права и други меѓународни закони.

Мајкл Џонс тврди дека делото треба да се смета за злосторство од омраза [8]:

Ако изразот „корективно силување“ ви звучи непријатно, тоа е неговата цел. Тоа е брутален концепт при којшто хетеросексуалците сметаат дека луѓето со неконвенционална сексуална ориентација можат да „бидат излечат“ преку принуден секс. Ова дело стана систематско и широко распространето во Јужна Африка, особено во лезбејската заедница, со пораст од десет нови случаи на корективно силување пријавени секоја недела. И тоа само во Кејптаун.

Сепак, и покрај својата грозоморна и пакосна природа, корективното силување, во Јужна Африка не се смета за злосторство од омраза. Тоа е она што една мала, но сепак гласна, група на жени сакаат да го сменат.

Корективното силување првично е злосторство меѓу црнците извршено во малите, сиромашни гратчиња, забележува Пет Грифин: [9]

За жал, „корективното силување“ првично е злосторство меѓу црнците во Јужна Африка извршено во малите, сиромашни гратчиња кадешто засегнатите силувачи и жени често се познаваат меѓу себе. Силувачите ретко се казнети, па жените мораат да живеат со можноста од нивно сретнување или пак, исмејување или заканување од нив по нападот. Иако уставот на Јужна Африка е во постојан напредок со законска заштита за луѓето со неконвенционална сексуална ориентација, омразата и нетолеранцијата кон нив сеуште постои.

Секогаш постои опасност од фокусирање врз неправдата во друга култура. Таа опасност значи неуспех во погледот на својата култура и непрепознавање на неправдите дома. Мојата намера заради која пишувам за „корективното силување“ во Јужна Африка не е да ја игнорирам нетолеранцијата врз хомосексуалците во Соединетите Американски Држави или да се фокусирам на црнечката хомофобија наспроти белата хомофобија.

Таа објави врска [9] до шеснаесетминутно видео од Џереми Шаап за феноменот на „корективно силување“ во Јужна Африка.

Според Џејмс Квин [10], неодамна еден воен генерал на САД го предложи корективното силување за лезбејките во армијата на САД:

Дали знаевте дека лезбејството може да се излечи со силување. Вистина е. Во Јужна Африка. Неодамна воениот генерал на САД го предложи истото за жените во армијата на САД. Запрете го ова лудило.

Во ноември 2010 година, африкански активист извести [11] за Милисент Гаика којашто се соочи со нејзиниот силувач на суд:

Милисент Гаика беше тепана и силувана пет часа од маж кој ѝ велел дека сака да ја „направи жена“. Оваа недела, во чин на неверојатна храброст, Милисент сведочеше на суд пред својот силувач.

Американските Евангелисти на тура низ Африка треба да престанат со истурање на „нивните никакви обвиненија што го негираат правото на љубов“; [12]

Истовремено, сѐ додека нашата влада овде во САД продолжува да го игнорира нашиот очаен повик за еднаквост и сѐ додека евангелистичките демони на САД се на слобода ги истураат глупавите обвиненија коишто го негираат правото на љубов низ африканската почва, ние како нација сме соучесници во злосторствата против човечноста, бидејќи како лидери не сме повеќе компетентни да ставиме крај на омразата, ниту пак, сме веродостојни да им ги всадиме на ЗУМА и МУГАБЕ и на остатокот од Африка опасностите од таквата омраза.

Ова се собрани сведочења за корективно силување [13] од континентот:

Во октомври, пишував за ѕгандското издание на „Ролинг Стоун“, весник којшто објави слики, имиња и адреси на педери и лезбејки во Уганда со зборовите „Обесете ги“ под сликите. Додека чекаме на оваа одлука, многу е важно да посочиме на тоа како зачестеноста на ова насилство врз хомосексуалците во Африка го вклучува гротескното дело на корективно силување, при коешто жените се силувани, а во некои случаи заразени со ХИВ вирусот и/или забременети.

Две важни приказни коишто ја покажуваат сериозноста на овој феномен се од двете жртви Шеила Хопе Мугиша и Милисент Гаика од Јужна Африка.

Минатата година, ActionAid UK објави студија [14] што го документира зголеменото практикување на корективното силување во Јужна Африка.