
На посетителите на Палау исто така им се прикажува и видео за време на летот, кое ја раскажува приказната за џин кој бил учен од децата да ја почитува животната средина. Сликата е од веб-страницата на „Заклетвата на Палау“.
Со цел да ја промовира грижата за животната средина, владата на Палау сега бара од посетителите да потпишат еко-заклетва во нивните пасоши пред да им биде издадена виза при нивното пристигнување. Програмата позната како „Заклетвата на Палау“ е првата реформа поврзана со имиграција во светот која за цел ја има заштитата на животната средина.
Палау е мал архипелаг кој се наоѓа на западната страна на Пацификот. Бројот на населението изнесува околу 20,000 жители, но повеќе од 160,000 туристи ја посетуваат островската нација секоја година.
На 6 декември 2017, претседателот на Палау, Томи Ременгесау, издаде одлука со која им нареди на имиграционите власти да ја користат „Заклетвата на Палау“ на печатите за виза. Одлуката ја изрази и негативната страна на „непланиранот туризам, климатските промени и други моментни закани“ на животната средина во земјата која ја примораа владата да ја направи заклетвата како дел од промоцијата на „туризам со свест“.
Подолу е текстот од заклетвата кој се става како печат на пасошите:
Children of Palau, I take this pledge, as your guest, to preserve and protect your beautiful and unique island home. I vow to tread lightly, act kindly and explore mindfully. I shall not take what is not given. I shall not harm what does not harm me. The only footprints I shall leave are those that will wash away.
Деца на Палау, давам заклетва, како Ваш гостин, дека ќе го чувам и штитам Вашиот уникатен и убав островски дом. Се колнам дека ќе чекорам лесно, ќе бидам љубезен и ќе истражувам со внимание. Нема да го земам она кое не се дава. Нема да му наштетам на она што не ми штети мене. Единствените стапки кои ќе ги оставам се оние кои ќе се измијат.
Еден од оние кои изразија поддршка за кампањата на Палау за зачувување на животната средина беше холивудскиот актер Леонардо ДиКаприо.
Proud to support the #PalauPledge, a new conservation initiative for visitors. Written with the help of Palau’s children, every visitor must pledge to heal & secure the natural environment for future generations. Learn more at https://t.co/UE96LkATZ6. pic.twitter.com/Gxjonhlkx8
— Leonardo DiCaprio (@LeoDiCaprio) December 9, 2017
Со гордост ја поддржувам Заклетвата на Палау, нова иницијатива за зачувување за посетителите. Напишана е со помош на децата на Палау, секој посетител мора да положи заклетва за зацелување и обезбедување на природната животна средина за идните генерации. Видете повеќе на: [#PalauPledge] Заклетва на Палау
Покрај пеењето на заклетвата, на посетителите им се покажува и видео при летот кое ја раскажува приказната за „несмасен, безгрижен џин – претставник на развиениот туризам во најлошо светло – кој доаѓа на Палау, и ѝ штети на животната средина.“ Џинот успеваат да го разубедат деца од Палау да биде повнимателен со животната средина. Тие го потсетуваат да биде внимателен со своето однесување за да не им наштети на коралните гребени, да не ги загади водите и да не ја навреди локалната култура.
https://www.youtube.com/watch?v=KhuY8eNLzBM&feature=youtu.be
„Заклетвата на Палау“ беше поздравена во многу новински извештаи како иновативна кампања. Претседателот Ременгесау се надева дека и другите држави ќе применат слична иницијатива. Тој додаде и дека реакцијата кај туристите била позитивна:
We have been monitoring the airport, surveying the feedback from them, and everyone is saying we didn't know that this information or facts were there before.
Го набљудувавме аеродромот, добивавме повратни информации од нив, и сите велат дека не знаеле дека овие информации или факти претходно постоеле.
Корисник на Твитер сакал кампањата да биде поврзана и со други активности со што би се зголемило влијанието на кампањата:
This is amazing! Yes to the #PalauPledge. I wonder how it will be implemented on the ground though – a pledge is great but is there education alongside it?https://t.co/ZmGLKX0Hs7
— Cecily Spelling (@cecilyspelling) December 15, 2017
Ова е неверојатно! Да за Заклетвата на Палау. Се прашувам како би се применила на копното – заклетва е супер идеја, но има ли образование заедно со неа? [#PalauPledge] Заклетва на Палау
Загриженоста е оправдана, а од друга страна Палау размислува за пуштање на нова наставна програма за учениците која ќе „помогне во изградбата на еко-свеста кај идните лидери и свесностa кај бизнис-принципите во секторот за туризам“.
Исто така, во Палау се означени 500,000 квадратни километри водена површина како резерват каде комерцијалниот риболов и ископувањето нафта се забранети.
„Заклетвата на Палау“ не е само за туристи кои доаѓаат во земјата. Корисниците на Интернет, можат да ја потпишат заклетвата на веб-страницата на кампањата. Од моментот на објавување на овој напис,18,598 лица виртуелно ја потпишаа заклетвата, вклучувајќи го и овој автор.