- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Блогерот за човекови права од Јемен, Хишам Ал-Омеиси, е исчезнат 150 дена

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Јемен, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Слобода на говор, Човекови права, Адвокс

Хашам ал-Омеиси. Фотографијата е дадена од неговото семејство во ЦЧПЗ. Искористена со дозвола.

Овој напис е напишан од Калид Ибрахим [1], извршен директор на Центарот за човекови права Залив [2], независна, непрофитна организација која ја промовира слободата на изразување, здружување и мирните собири во регионот на Персискиот Залив неговите соседни држави. 

Поминаа 150 дена од притворот [3] на јеменскиот политички аналитичар и блогер Хишам ал-Омеиси од страна на бунтовниците Хути.

Околу 14:45 на 14 август 2017, група офицери за безбедност од Националната агенција за безбедност контролирана од Хутите (НАБ) го уапси Хишам ал-Омеиси во областа Јавлат ал-Мисбахи во главниот град Санаa.

Според еден локален новинар, Ал-Омеиси бил уапсен [4] заради размена на имејл адреси на англиски јазик со организации со седиште во САД. Иако поминаа 150 дена од апсењето на Ал-Омеиси, тој сѐ уште е на тајна локација и не е обвинет, а тоа е прекршување на интернационалното како и на правото во Јемен.

Откако е уапсен, тој е држен во изолација и нема пристап до адвокат ниту до својата фамилија. Сето ова води кон тоа дека Ал-Омеиси станал жртва на принудно исчезнување, нешто на кое многу други Јеменци биле натерани, или од раката на Хутите или од страна на коалицијата [5] предводена од Саудијците кои се борат против нив.

Членовите на неговата фамилија – вклучувајќи ја и неговата жена и двата мали сина, Калед и Саиф – се загрижени за неговото здравје и безбедност.

Пред скоро три години, државата западна во вооружен конфликт каде бунтовниците Хути се бореа [6] да ја преземат моќта од рацете на меѓународно признаената влада на предсетадтелот Абдрабух Мансоур Хади, кој е поддржан од коалицијата предводена од Саудијците. Силите верни на екс-председателот Али Абдула Салех (кој беше симнат од власт по уличните протести во 2011 год.) се бореле против Хутите, додека Салех не го смени својот став и повика на дијалог со Саудиска Арабија. На 4 декември 2017, Хутите го убија [7] Салех.

Јемен сѐ уште има маки од парализирачката граѓанска војна и регионалниот конфликт кој резултираше со огромна хуманитарна и здравствена криза, со повеќе од милион Јеменци [8] заболени од колера. Поборниците документираа огромни прекршоци на човековите права од страна на сите партии кои се борат во граѓанската војна која е во тек.

Пред да го притворат, Хишам Ал-Омеиси без влакна на јазикот зборуваше за моментниот конфликт во Јемен.

Преку неговиот Твитер профил, и неговите придонеси кон интернационалните медиуми, тој даде коментари и анализи за јеменскиот конфликт и известуваше за дневните случувања вклучувајќи ги и воздушните напади од коалицијата на Саудијците.

Саудиската коалиција и Jемен владата велат дека аеродромот во Санаa е затворен заради загриженоста за безбедноста на авионите. Тоа се живи глупости. ТИЕ СЕ ОНИЕ КОИ БОМБАРДИРААТ повеќе од 2 години. [#Yemen] Јемен

Тој исто така ги осуди прекршоците направени од различните завојувани партии и се огласи за хуманитарниот удар врз конфликтот:

Ми беше покажан трагач на случаи со колера во Јемен (бројките во табелата се од минатата недела – сега повеќе од 500 илјади случаи). Бавниот и стрмен пораст е страшен! [#Yemen] Јемен

Пред да го уапсат на 12 август, тој твитна и на арапски и на англиски за „корумпирани функционери“ кои конфискувале имоти со сила во главниот град Санаа, кој е под контрола на Хутите.

Вооружени напаѓачи со поддршка од корумпирани функционери насилно одземаат имоти во Санаа. Само што се појавија кај мене пред врата. [#Yemen] Јемен

Апсењето и притворот на Хишам ал-Омеиси е само уште еден пример за малтретирањата и таргетирањето на бранителите на човековите права и новинарите [15] во Јемен при нивните обиди да привлечат внимание кон моментниот конфликт и кои се стремат кон унапредување и заштита на човековите права.

Центарот за човекови права Залив (ЦЧПЗ) изразува сериозна загриженост за здравјето и безбедноста на Хишам ал-Омеиси, посебно бидејќи е изолиран од комуникација на тајна локација. ЦЧПЗ е уште позагрижен за ситуацијата на сите оние во Јемен кои се мета како резултат на легитимното известување за конфликтот.