Јоо Сунг-ха е северно-корејски дезертер кој постана новинар и пишува за блогот наречен Северна Кореја РТ. Господин Јоо е роден во Северна Кореја и дипломираше на Ким Ил-сунг Универзитетот, еден од најпрестижните универзитети во Северна Кореја. Тој пребега од државата во 1988 година и четири години подоцна се стекна со државјанство во Јужна Кореја. Регуларно објавува долги детални постови за неговото искуство во Северна Кореја за да овозможи да се продре во осаменото кралство.
Овој пост претставува негова критика за бројните вести за тоа дека Ким Јонг-ил, диктаторот на Северна Кореја, бил исплашен кога слушнал за падот на поранешниот либиски лидер, полковникот Гадафи. Покрај фактот дека и двајцата се помеѓу најозлогласените светски брутални диктатори, тие имаат многу слични особини и е општо прифатено верувањето дека тие биле пријатели.
카다피가 망한 뒤 각 언론사 사설 칼럼을 통해 김정일이 떨 것이라는 분석이 많은데, 저는 ‘No’라고 말하고 싶습니다.김정일이 과연 떨까요? 천만의 말씀입니다. 김정일은 오히려 카다피를 비웃고 있을 가능성이 크죠. 바지 벗어주고 뺨 맞은 바보 같은 놈이라고요. 카다피는 솔직히 나토가 개입해서 죽은 것입니다. 내부 시민혁명으로는 절대 망할 리가 없었죠. 김정일은 북한에서 내부 시민혁명이 일어나기는 리비아보다 백 배 더 힘들고, 일어나면 외국에 알려지기 전에 다 진압해버릴 수 있고(아무리 큰 봉기도 불과 반나절이면 끝)…
무엇보다 가장 중요한 점은 외세가 절대 개입 못한다는 점을 알고 있습니다. 북한엔 핵도 있겠다, 200만의 대군이 있겠다, 중국이 버티고 서주겠다, 석유도 없겠다…누가 북한을 공습할 수 있을까요. 그러니 리비아를 보면서 떨 일이 뭐 있겠습니까. 콧방귀를 뀌고 있겠죠. 다만 김정일도 리비아를 보면서 대비는 하고 있겠죠. 기동타격대를 조직했다던가, 국경 통제를 아주 강하게 한다던가, 중동 소식을 절대 알리지 않는 다던가, 쿠데타 못 일어나게 정치위원 더 강화시킨다던가 하는 것이 대표 사례입니다.
김정일의 가장 큰 불안은 자기가 죽고 김정은이 버틸 수 있을지 여부겠죠. 하지만 설명이 길어져서 더 쓰진 않겠지만요. 저는 지금처럼 노는 한 절대 2년 이상 못 버틴다고 봅니다.
북한 체제가 인위적으로 망할 수 있는 가장 가능성이 큰 방식은 두 가지 정도가 아닐까 봅니다.
하나는 위에서 쓴 것처럼 주민들과 말단 간부들까지 태업하면서 점점 곪아 문드러져 쓰러지는 것이죠. 하지만 시간은 꽤 걸리겠죠. 허울뿐인 정권도 누가 직접 무너뜨리지 않는 한 존속하기 때문입니다. 하지만 허울만 남겨지면 쓰러뜨리기가 훨씬 쉽죠.
둘째는 백성들의 원성이 하늘을 찌른다던가 권력 암투가 심해지면 제2의 안중근, 김재규가 나오면 되겠지요. 박정희 정권이 그리 끝날 줄 불과 하루 전까지 누가 알았겠습니까.
하지만 이 둘 보다 훨씬 더 확실한 것은 김정일은 늙었다. 그러니 죽는다. 언제? 곧….이것이 아니겠습니까.
북한도 이미 카운트다운에 들어간 겁니다.
По падот на Гадафи, сите медиуми објавија колумни со мислења во кои се сугерира дека Ким Јонг-ил ќе биде шокиран од вестите. Но, тоа НЕ Е тоа што јас мислам. Дали тој навистина ќе биде ужаснат од вестите? Нема шанси. Всушност Ким попрво би му се исмеал на Гадафи за добиената шлаканица.
Да бидеме искрени, она што ја предизвика смртта на Гадафи е интервенцијата на НАТО, а не внатрешната граѓанска револуција.
Во случајот на Ким, стопати е потешко да се крене граѓанска револуција во внатрешноста на Северна Кореја од страна на нејзините граѓани. Дури и ако некогаш тие се одлучат на таков чекор, неговата лојална војска лесно ќе го задуши ова движење, многу побрзо пред вестите да се рашират во светски рамки.
Уште повеќе, Ким потполно разбира дека не е лесно надворешните власти да интервенираат во внатрешните работи на Северна Кореја: тој поседува нуклеарно оружје, два милиони војници. Исто така е поддржан од Кина, а Северна Кореја нема нафта… Кој би сакал да ризикува со тоа што ќе ја нападне Северна Кореја кога со оваа постапка сепак нема да постигне ништо освен да предизвика неволја? Така, не постои ниту една причина која би го заплашила кога ќе ги слушне најновите вести за Либија.
Меѓутоа, без сомнение, г-дин Ким сигурно е зафатен со подготовките за иднината: треба да отпочне со организирање на безбедносни сили, засилување на граничната контрола, блокирање на било какви вести од Средниот Исток и зајакнување на неговиот политички табор со цел да се избегне било каква шанса за државен удар итн.
Најголемата грижа на Ким Јонг-ил е дали неговиот син и наскоро негов наследник, Ким Јунг-ун ќе ја задржи власта во свои раце откако тој ќе умре. Според мене, веројатноста да се случи такво нешто скоро и да не постои. Ако тој ( наследникот) продолжи да се однесува како досега, режимот нема да истрае ниту две години.
Колку што можам да предвидам, постојат две сценарија за тоа како може да заврши режимот во Северна Кореја.
Прво сценарио: Обичните граѓани и владините претставници се толку корумпирани и крајно неодговорни во извршувањето на нивните должности што [ако продолжат со нивното вообичаено однесување] режимот ќе се расипе до срж и на крајот ќе се распадне. Но секако, за да се случи тоа ќе биде потребно време. Гнилата влада, и покрај тоа што само е именувана како таква, може да опстане, освен ако не е физички исфрлена од некоја сила.
Второ сценарио: Лутината на пошироката народна маса може да избувне или да се јави внатрешна борба за власт. Кој знае? Можеби ќе ги видиме верзиите за Северна Кореа на Ахн Јунг-геун или Ким Јав-кју. [ Ахн Јоонг-гун е корејски активист кој го уби премиерот на Јапонија, бидејки сакаше да ја присоедини Јужна Кореја; Ким Јав-кју беше генерал на јужно-корејската војска, кој го уби поранешниот претседател на Јужна Кореја , Парк Чунг-хи, кој е запаметен како способен водач и диктатор.]
Покрај овие две сценарија, најочигледен факт е следниот: Ким Јонг-ил е стар и најверојатно ќе умре. Прашањето што се поставува е „кога“, а јас претпоставувам дека тоа ќе биде „прилично брзо“.
Во Северна Кореја одбројувањето веќе започна.