Сирија: Арапските лидери не можат да постигнат договор

Иако агресијата во Газа навлезе во третата седмица, арапските лидери не одговорија на потребата од одржување на итен самит за земјите членки на арапската лига на кој што повикаа Катар и Сирија.  Сириските блогери се разлутени на политичкиот пинг-понг кој што се случува во врска со оваа суштинска тема што може да се опише како најголемото политичко разединување во недамнешната арапска историја.

Саша, од Syria News Wire извикува во неговиот последен пост насловен  „Срамота, срамота, срамота за Арапскиот свет“  :

Патетичните Арапи не можат дури ни  да се потрудат да присуствуваат на итниот самит на Арапската лига за да дискутираат за масакрот во Газа.

Вие безполезни, неодговорни, себични,  бесрамници. Дали дури се откажавте и од преправање дека не застапувате?

Тој исто така  ги набројува земјите кои беа против самитот:

Ова се земјите кои не можеа да се потрудат :
Египет, Саудиска Арабија, Кувајт, Ирак, Јордан, Тунис, и  Бахран.
Вие свињи.

Syriangavroche се согласува со Саудиска Арабија и Египет за неодржувањето на итен арапски самит со огорчен сарказам:

Мислам дека се согласувам со Египет и Саудиска Арабија во нивното одбивање за одржување на Арапски самит.  Ова согласување потекнува од мојата грижа за психолошкото добро здравје на жителите на Арабија. Подобро е понижувањето да биде поделено на палатите во Арапската престолнина, отколку да биде комбинирано сето тоа одеднаш во еден хол. Тоа ќе предизвика траума и покрај способноста на арапските жители да се справат со нештата, иако оваа способност е многу напредната благодарение на господ и нашиот мудар владеачки  режим.

Ова се случува додека новинските агенции скокаа да објават дека Боливија и Венецуела го избркале израелскиот амбасадор врз основа на делата против човештвото коишто беа извршени во Газа, а израелските амбасадори се уште го уживаат гостопримството на „скромните“ арапски земји.

3abdallah [арапски] ги декларира  двете латино-американски земји како „арапски“. Тој продолжува понатаму за да објасни зошто:

Арапска Република Боливија

Чавез Арапско Кралство

Да, Боливија е арапска, арапското е повеќе од јазик,арапското е застој. Вистинскиот Арап е храбар и одбива неправда.

A.H. од  damascene blog ги искажува своите чувства кон застојот  на „ скромните “ арапски земји:

Порано се нарекував себеси скромен, но во текот на овој бран на кризи, „скромните“ арапски земји успеаа да ја свртат скомноста во синоним за кукавичлук.

Дури и тешките зборови на Al-Gaddafi на претходниот арапски самит „Ништо не не поврзува нас Арапите, освен оваа соба“, сега создаваат празнина

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.