- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Активистите од #АМАН собрале 10.000 потписи потребни за промена на закон

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Закон, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Активистите на граѓанската иницијатива АМАН [1] ја продолжуваат борбата за подобар закон за енергетика [2] [en [3], mg [4], fr [5], es [6]], наспроти притисоци и инфилтрации. Во ноември, „непознати лица“ ги спречиле да разговараат со премиерот Груевски [7] на „отворена средба со граѓаните на Центар“. Во врска со тековната кампања за собирање потписи за законски промени (чиј рок е 31 јануари) го објавија следното соопштение [7]:

И покрај тоа што се собрани потребните 10 000 потписи, иницијативата за собирање потписи на сите оние кои ги поддржуваат нашите барања продолжува. Тоа е така затоа што сè додека со ДИК не се средат техничките детали за затворањето на постапката, нам ни оди во прилог што повеќе граѓани, преку својот потпис, да застанат зад оваа иницијатива. На денот на предавањето на потписите во Собранието на Р. Македонија, тоа ќе значи дека сите тие граѓани дошле пред Народниот дом да побараат од своите претставници да ги изгласаат предлог-измените на Законот за енергетика: задолжителна дневна тричасовна евтина тарифа за електричната енергија и непостоење законска обврска на исклучените од топлинска енергија да плаќаат каков било надоместок.