- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Зимбабве: Реално ТВ шоу како помош за учење на конструктивна критика

Категории: Супсахарска Африка, Зимбабве, Младина, Образование, Филм

sistar [1]Преку видео работилници, Воленс, [2] белгиска НВО која работи со сирачиња и ранливи деца во Зимбабве, ги советуваше како соодветно да се справат со давањето и примањето на конструктивна критика. Со овој процес, децата напишаа, изведоа, снимија и издадоа краток филм кој прикажува како озборувањата и лошо дадената критика може да убие.

Во центарот за грижа на деца Киеѕа (Chiedza Child Care Center) во Ватерфолс, Хараре, петнаесет деца помеѓу 12 и 18 години работеа со НВО учејќи како да направат видео за конструктивна критика. Тие решија да ја снимат мистеријата [3]во реална ТВ ситуација, каде што ликовите се соочуваат со смртта на еден од членовите во куќата на Големата сестра каде што сите живееја. Се чини дека таа беше отруена, а тие се обидоа да сфатат кој би имал мотив да ја убие и се соочија лице в лице со последиците од озборувањата и деструктивниот  критицизам.

На  крајот од филмот [4], сите деца дадоа совети и трикови како на најдобар начин и во добар дух да се даде и прими конструктивна критика.