Зимбабве: Реално ТВ шоу како помош за учење на конструктивна критика

sistarПреку видео работилници, Воленс, белгиска НВО која работи со сирачиња и ранливи деца во Зимбабве, ги советуваше како соодветно да се справат со давањето и примањето на конструктивна критика. Со овој процес, децата напишаа, изведоа, снимија и издадоа краток филм кој прикажува како озборувањата и лошо дадената критика може да убие.

Во центарот за грижа на деца Киеѕа (Chiedza Child Care Center) во Ватерфолс, Хараре, петнаесет деца помеѓу 12 и 18 години работеа со НВО учејќи како да направат видео за конструктивна критика. Тие решија да ја снимат мистеријата во реална ТВ ситуација, каде што ликовите се соочуваат со смртта на еден од членовите во куќата на Големата сестра каде што сите живееја. Се чини дека таа беше отруена, а тие се обидоа да сфатат кој би имал мотив да ја убие и се соочија лице в лице со последиците од озборувањата и деструктивниот  критицизам.

На  крајот од филмот, сите деца дадоа совети и трикови како на најдобар начин и во добар дух да се даде и прими конструктивна критика.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.