Арапски свет: Телефонски повик за Газа и технолошка војна кон Израел
Блогерите ги повикуваат своите читатели да ги земат телефоните и да им се јават на жителите на Газа со цел да им ја покажат својата поддршка. На другиот крај од спектарот, палестинските активисти ги убедуваат своите читатели да им се јават на израелските службеници и да им го трошат времето, како и да ги бомбардираат нивните факсови и електронски пошти со пораки.
Јорданецот Мохд Каваја, кој блогира на Shoot 4 The Moon (Цели кон месечината), ја споделува својата идеја:
Верувам дека протестирањето е навистина поддржувачка акција, како додаток на финансиски донации и други начини на поддршка. Но, ова го пишувам со цел да предложам друг ефективен начин за морална поддршка на луѓето од Газа и да им покажеме дека сочувствуваме со нив; тоа ќе го направиме едноставно со телефонски повик!?
Да, навистина може да ги поддржите луѓето од Газа доколку им се јавите на телефон и да им кажете колку се гордеете со нивната упорност, храброст и отпор против нехуманиот, варварски напад врз Газа. Јас го испробав и можам да ви кажам дека тие би сакале да не слушнат и да бидат ислушани од вас.
Неговиот план е навистина толку едноставен како што звучи. Тој додава:
За да свртите на случаен број во Газа, се што треба да направите е да свртите:
+970828 XXXXX (додадете случаен број составен од 5 цифри)
+970820 XXXXX
+970821 XXXXX
Каваја исто така ги охрабрува читателите да ги снимат своите разговори и да ги објават на Граѓани на Газа онлајн.
Арапскиот Американец Батоул А, кој се идентификува себеси како Муслимански Черкез, собра храброст и телефонот и повика случаен број во Газа. Батоул објаснува:
Денеска повикав број во Газа. Случајно домаќинство, само притиснав неколку случајни броеви и чекав некој да се јави од другата страна…и се случи. Се изненадив. Како да не беше очекувано и како да не верував дека ќе се случи. Моите реченици беа фрагментарни за палестинската госпоѓа од другата страна на жицата додека собирав сила и додека не ми се нормализираше гласот.
[…]
За кратко таа зборуваше, а јас слушав, но полека ја губев мојата сила од нејзините зборови. Сакав да плачам. Сакав да ги заштитам нејзините чувства некаде длабоко во моето срце. Сакав да и покажам срдечност. Сакав да бидам со неа…барем немаше да се чувствувам толку виновно, толку беспомошно!
Во меѓувреме, палестинскиот блогер Хаитам Сабах предводи напад за бомбардирање на телефоните, мобилните, факсовите и електронските пошти на израелските службеници. Тој ги наведува целите на неговата кампања:
1. Бомбардирајте ги нивните телефони/мобилни/факсови со анти-воени, анти-ционистички пораки. Тие може да бидат во форма на повици, факсови па дури и СМС.
2. Трошете им го времето на овие воени криминалци колку што може повеќе. Некои од нив не прават ништо друго освен што се појавуваат на телевизија за да шират лаги и омраза. Тие го оправдуваат убивањето на палестинските деца и цивили.
3. Директно пренесувајте им ја пораката дека се гадиме од она што го прават и дека треба да престанат веднаш
4. Покажете им го степенот на поддршка која Палестинците ја имаат после сведоштвото на светот за воените злосторства во Газа.
Mystic’s Muses (Мистични музи) се приклучува кон кампањата и вели:
Имате храброст да се приклучите кон технолошката војна?
Ајде сите да ги блокираме/бомбардираме копнените линии, мобилните, факсовите и електронските поштенски сандачиња на израелските воени криминалци со пораки! Да не им дозволиме на овие варвари терористи да уживаат ниедна секунда во масакрот кој го извршуваат!
Блогерот потоа ги предупредува своите читатели да превземаат сигурносни мерки за својата приватност.
Категории

Приклучи и се на дискусијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
2 коментари