Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да зборуваат за неговата коса
Nevin Thompson Горан ДимескиГраѓански медиуми
Јапонски сноубордер и двајца негови придружници биле спасени со помош на хеликоптер од снежна планина откако поминале две ноќи на отворено без никакво засолниште. Човекот од Токио не само што морал да се извини на националната телевизија за тоа што се изгубил,туку, морал и да ги издржи коментарите кои се појавиле на Интернет за тоа дали носи перика.
Тројцата сноубордери се изгубиле после скијањето при снежна бура :
Тројцата сноубордери од Токио—Kои Нерико, 45, неговата жена Mанами, 44, и нивната пријателка, Aки Јамамото, 40—биле пријавени за исчезнати откако не се вратиле во нивното престојувалиште во петокот попладнето. Тие пристигнале во ски ресортот на Новогодишната ноќ. Полицијата и спасувачкиот персонал изјавиле дека тројцата биле пронајдени на планинска падина оддалечена околу два километри од скијачката патека, пренесува НХК. Хеликоптерот ги однел нешто после 9 часот утрото. Oсвен премрзнати, тројцата не биле повредени.
После спасувањето, триото одговарало на прашањата од новинарите за кошмарот кој го преживеале и потоа се извинило за грижите и непријатностите кои ги предизвикале, велејќи дека не можеле да одолеат на можноста за сноубординг надвор од границите. Таквите временски услови, подоцна, направиле групата да помине две ноќи во пештера која била доста неудобна.
Исчезнувајќи и спасени за време на новогодишните празници, вообичаено бавно време за вести, јaпонската телевизија извршила пренос на пресконференцијата на сноубордерите и нивното извинување.
Едно прашање, меѓу другите, изгледа ги заинтересирало членовите на 2chan, јапонскиот најголем (и обично најкритичен) Интернет форум: дали е тоа вистинската коса на Нерико?
Еден од коментаторите на 2chan вели (сите изјави во оваа статија се преземени од дискусија на 2chan):
Друже, косата ти е ужас!
Некои коментатори ја опишале фризурата на спасениот сноубордер како „исламска“ или дека „потсетува на турбан“. Други коментатори потсмешливо прашале дали можеби Нерико е член на ИСИС.
Други прашале дали Нерико можеби носи перика. Всушност, некои смели корисници на 2chan презеле иницијатива да го пронајдат блогот на неговиот фризер во Токио, кој, покрај тоа што нуди корисни совети за тоа како се растат плетенки, вклучува и фотографија од Нерико кој грижливо витка она што би требало да се вистински плетенки.
Откривајќи го овој „доказ“ за вистински плетенки, коментарите на Интернет се смириле:
И покрај неговиот новообичаен изглед, тој изгледа како чесен човек.
Очигледното каење и срам на тројцата по нивното спасување, исто така, придонело за „омекнување“ на ставовите на јавноста:
Веднаш откако беа спасени тие искрено се извинија. Тие изгледаат како чесни, внимателни луѓе.
Друг коментатор на 2chan рекол:
Тој изгледа како добар тип… ме потсетува на еден другар од средно кој секогаш го полудуваше учителот.
За друг коментатор, самата фризура вратила некои спомени:
Во 90те за време на бумот на сноубордингот, се што можеше да се види беа фризури како оваа. Изгледа како времето да запрело.