Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да зборуваат за неговата коса

niigata hair main

Слика од АНН Вести Јапонија

Јапонски сноубордер и двајца негови придружници биле спасени со помош на хеликоптер од снежна планина откако поминале две ноќи на отворено без никакво засолниште. Човекот од Токио не само што морал да се извини на националната телевизија за тоа што се изгубил,туку, морал и да ги издржи коментарите кои се појавиле на Интернет за тоа дали носи перика.

Тројцата сноубордери се изгубиле после скијањето при снежна бура :

Тројцата сноубордери од Токио—Kои Нерико, 45, неговата жена Mанами, 44, и нивната пријателка, Aки Јамамото, 40—биле пријавени за исчезнати откако не се вратиле во нивното престојувалиште во петокот попладнето. Тие пристигнале во ски ресортот на Новогодишната ноќ. Полицијата и спасувачкиот персонал изјавиле дека тројцата биле пронајдени на планинска падина оддалечена околу два километри од скијачката патека, пренесува НХК. Хеликоптерот ги однел нешто после 9 часот утрото. Oсвен премрзнати, тројцата не биле повредени.

После спасувањето, триото одговарало на прашањата од новинарите за кошмарот кој го преживеале и потоа се извинило за грижите и непријатностите кои ги предизвикале, велејќи дека не можеле да одолеат на можноста за сноубординг надвор од границите. Таквите временски услови, подоцна, направиле групата да помине две ноќи во пештера која била доста неудобна.

Исчезнувајќи и спасени за време на новогодишните празници, вообичаено бавно време за вести, јaпонската телевизија извршила пренос на пресконференцијата на сноубордерите и нивното извинување. 

Едно прашање, меѓу другите, изгледа ги заинтересирало членовите на 2chan, јапонскиот најголем (и обично најкритичен) Интернет форум: дали е тоа вистинската коса на Нерико?

Слика од 2chan

Еден од коментаторите на 2chan вели (сите изјави во оваа статија се преземени од дискусија на 2chan):

おまえの髪型が恐ろしいわ

Друже, косата ти е ужас!

Некои коментатори ја опишале фризурата на спасениот сноубордер како „исламска“ или дека „потсетува на турбан“. Други коментатори потсмешливо прашале дали можеби Нерико е член на ИСИС.

Други прашале дали Нерико можеби носи перика. Всушност, некои смели корисници на 2chan презеле иницијатива да го пронајдат блогот на неговиот фризер во Токио, кој, покрај тоа што нуди корисни совети за тоа како се растат плетенки, вклучува и фотографија од Нерико кој грижливо витка она што би требало да се вистински плетенки.

Извор на сликата

Извор на сликата

 Откривајќи го овој „доказ“ за вистински плетенки, коментарите на Интернет се смириле:

外見はともかく、律儀だと思うよ

 И покрај неговиот новообичаен изглед, тој изгледа како чесен човек.

Очигледното каење и срам на тројцата по нивното спасување, исто така, придонело за „омекнување“ на ставовите на јавноста:

この人救助されて運ばれた直後に、救助してくれた人に深々と頭下げてたよね
中身はものすごくちゃんとしてる人だと思うわ

 Веднаш откако беа спасени тие искрено се извинија. Тие изгледаат како чесни, внимателни луѓе.

Друг коментатор на 2chan рекол:

こいついいやつだな、先生に怒られて我に返った中学生みたい

Тој изгледа како добар тип… ме потсетува на еден другар од средно кој секогаш го полудуваше учителот.

За друг коментатор, самата фризура вратила  некои спомени:

90年代中ごろのスノボブームんとき、こんなんばっかりだったろ。
そこから時間が止まってるんだよたぶん。

Во 90те за време на бумот на сноубордингот, се што можеше да се види беа фризури како оваа. Изгледа како времето да запрело.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.