Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Потрагата по Ер Азија QZ8501 продолжува по пронаоѓање на местото на несреќата

Air Asia QZ8501 Flight Path and Satellite Imagery. Wiki image.

Патеката на летање на  летот на Air Asia QZ8501 и сателитски снимки. Wiki image.

Лошите временски услови ги спречуваат спасувачките напори во Индонезија по пронаоѓањето на местото на несреќата на авионскиот лет Ер Азија QZ8501. Авионот летал од Сурабаја, главниот град на провинцијата Источна Јава, кон Сингапур кога изгубил контакт со контролорите на воздушниот сообраќај на 28 декември. Авионот превезувал 162 патници и членови на екипажот. 

Воздухопловните стручњаци претпоставуваат дека пилотот успеал да го избегне густиот облак кој предизвикува бура и да го приземји авионот на вода. Меѓутоа, постои веројатност дека за време на принудното слетување, силни бранови го удриле авионот кој пловел и го оттурнале под вода. Набрзо се очекува да започне истрага за да се утврди вистинската причина за несреќата.

Plane debris from flight QZ8501 has been found already. Flickr photo by Vernon Chan (CC License)

Plane debris from flight QZ8501 has been found already. Flickr photo by Vernon Chan (CC License)

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо и потпретседателот Јусуф Кала внимателно ги надгледуваат потрагата и мисијата за спасување. Неколку земји, вклучувајќи ги Малезија, Сингапур, Франција, Австралија, и САД се придружија за да ги засилат напорите за спасување.

Кон крајот на вториот ден од вложувањето на спасувачки напори, беа пронајдени неколку мртви тела и делови од авионот кои пловеле во морето близу Централен Калимантан. Некои тела беа пренесени во Сурабаја со цел да им се изврши обдукција. 

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо на Фејсбук напиша:

Saya mendengarkan penjelasan dari saudara Tony Fernandez, pemilik maskapai penerbangan Air Asia, ditengah rasa duka mendalam ketika ditemukan serpihan-serpihan pesawat di sekitar perairan Pangkalan Bun, Kalimantan Tengah.

Ditengah perasaan duka saya memberikan aspirasi tinggi pada kerja tim yang tergabung dalam pencarian pesawat Air Asia QZ 8501, menemukan dengan cepat serpihan pesawat sehingga memberikan kepastian atas apa yang terjadi pada pesawat itu.

Kepada keluarga korban saya menyampaikan bela sungkawa yang sebesar-besarnya atas musibah yang menimpa. Mari kita berdoa agar keluarga korban diberikan kekuatan dan ketabahan dalam menghadapi cobaan hidup ini.

Го слушам објаснувањето на Тони Фернандез, извршниот директор на Ер Азија, при што чувствувам длабока болка како што ги пронаоѓаат авионските делови во водите на Пангалан Бун, Централен Калимантан. Со голема тага, се надевам дека заедничката потрага и спасувачкиот тим ќе успеат да соберат повеќе авионски делови со цел да се утврди причината за несреќата. До семејствата на настраданите, Ви изразувам најдлабоко сочувство. Да се молиме дека ( Семоќниот) ќе им даде сила на сите членови на семејствата за време на овој тежок период. 

 

Претседателот Јокови како дел од потрагата и спасувачкиот авион кога авионот за прв пат забележал авионски делови. 

Во меѓувреме Ер Азија потврди дека остатоците од авионот и мртвите тела се од летот QZ8501:

Ер Азија Индонезија со жалење информира дека Националната агенција за пребарување и спасување на Република Индонезија денеска потврди дека остатоците кои беа пронајдени денес навистина се од QZ8501, летот кој изгуби контакт со котролорите на воздушен сообраќај утрото на 28ми. 

Пораки на сочувство и жалење беа испратени преку Твитер.

Најдлабоко сочувство за #QZ8501 pic.twitter.com/NCkXwEAmsN

— Шафик✌Понтох (@ShafiqPontoh)  30 декември, 2014

Тага на крајот на 2014 година, до сите семејства на жртвите од Ер Азија QZ8501, Господ да ви подари храброст и сила. Да се надеваме на чудо. 

35 од 162 жртви од  #AirAsia летот #QZ8501 дошле од индонезискиот град Маланг http://t.co/9RWaIJ3Nsl by @CharlieCamp6ell & me for @TIME

— Јени Квок (@yennikwok) 31 декември, 2014

Твитер хаштагот #togetherwestand се користи за да се изрази солидарност кон пријателите и роднините на сите оние кои патуваа со летот QZ8501.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.