- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Виралната фотографија од џиновска лигња пронајдена во Калифорнија е лажна

Категории: Источна Азија, Северна Америка, Јапонија, САД, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Животна средина, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Фотографија
image widely circulated on the

Фотографијата многу циркулираше на интернет. Првично, фотографијата се појави на lightlybraisedturnip.com на 10 јануари, 2014. Фотографијата е употребена со дозвола.  

Оваа лажна слика од џиновска лигња циркулираше на социјалните медиуми на многу јазици. Оригинално се појави на Lightly Braised Turnip, што се чини дека е сатиричен веб-сајт за вести, фотографијата беше придружена со опис дека „џиновска лигња е откриена на брегот на Калифорнија и научниците се сомневаат во радиоактивен гигантизам [1]“, обвинувајќи ја нуклеарната несреќа во Фукушима за постоењето на големото морско суштество. 

Џиновска лигња [2] (потекло: Architeuthis) е големо, длабокоокеанска лигња која природно може да порасне до 13 метри. Јапонскиот блогер Пијонико, сомничав во врска со фотографијата, ја истражи [3] фотографијата онлајн и брзо ја разоткри. 

Тој пребара на Гугл слики за „џиновска лигња“ и ја најде оригиналната фотографија на џиновска лигња: 

image of giant squid posted in Xinhua news [4]

Фотографија на џиновска лигња објавена на Xinhua News [4]. Фотографијата е сликана од Eнрике Таледо [5], чија специјализација е документирање на океанот

10秒ぐらいで見つけてしまいました!!
なんだか似てると思うのですが、気のせいでしょうか?

Ми требаа само 10 секунди да ја најдам!!
Сликите ми личат на многу слични, нели? 

Фотографот Масахиро Арига [6] исто така забележа дека сликата е лажна. Тој забележа дека гледачите на џиновската лигња се повторуваат со оние на фотографијата подолу, поставена од 4thmedia.org [7] во 2011:

image from 2011 on [7]

Фотографија сликана на 3 ноември, 2011, која се појави во известувањето на 4thmedia.org за мртов кит пронајден во Чиле.

Арига коментира [8] колку брзо лажната слика циркулираше на Фејсбук:

このフェイク写真、驚いたことにフェイスブックで物凄い勢いで拡散している。
9日のお昼頃にネット新聞のページを見たとき、いいね!は1300だったのに、その夜にはなんと2万に達していた。イカが放射線によって巨大化したことを信じて不安になる人も多いようだ。
このでたらめ記事が、冗談で書かれたのかそれとも悪意があるのかは分からないが、事実として受けとっている人が少なくない。ネットという空間で嘘と不安が拡大されて、世界中に広まっていくのを、現在進行形で見ているところだ。

Лажната фотографија [од џиновска лигња исфрлена на брегот на Санта Моника] се шири со неверојатна брзиниа. Кога ги видов онлајн вестите на пладне на 9 јануари, имаше само 13.000 лајкови на Фејсбук. Изгледа дека многу луѓе поверуваа во вестите за растот на огромната лигња поради радијација, и постанаа вознемирени. 

Не е јасно дали овие измислени вести се напишани како шега или со лоша намера, но многу луѓе ја прифатија веста како факт. Забележувам како лагите и вознемиреноста се зголемуваат преку интернетот во целиот свет.