Што сака владата од компанијата „Фиџи вода“?

Блогерите и сајбер претставниците шпекулираат дали воената власт на Фиџи го испратила локалниот раководител на „Фиџи вода“ назад во САД.

Владиниот портпарол потврди дека шефот за надворешни работи на компанијата за вода, Дејвид Рот, заминал со авион за Лос Анџелес во четврток навечер (Фиџи време), но не сакаше да го коментира понатаму неговото заминување. Воениот лидер на Фиџи, Френк Баинимарама, е во Кина до наредната недела и портпаролот изјави дека тој ќе зборува за ситуацијата кога ќе се врати.

Два дена пред да замине Рот, Рат Епели Ганилау, Министерот за одбрана и миграција на Фиџи, даде оставка од владата, тврдејќи дека настануваат недоразбирања со аферата Рот. Кружат гласини дека Ганилау, кој е близок пријател на Рот и неговото семејство, одби да потпише наредба за депортирање на извршните власти на „Фиџи вода“.

Ганилау им кажа на медиумите дека тој дал оставка доброволно и дека постоеле разлики помеѓу него и владата во врска со Дејвид Рот. Но, тој не сакаше да навлегува подлабоко.

„Фиџи вода“започна да се флашира во 1996 во долината Јагара во северниот дел на Вити Леву, најголемиот и најнаселен Фиџи остров. Една година подоцна, започна да се извезува во САД. Денес, фирмата има лојални – ако не и богати – следбеници и потрошувачите кои можат да најдат Фиџи водата во повеќе од 40 држави. Според сопствените бројки, „Фиџи вода“ придонесува со околу 20 проценти во приходот од извозот на Фиџи и вработува 350 луѓе на локално ниво.

Австралискиот весник шпекулира дека Рот можеби бил протеран од воената влада на Фиџи која сака да ја направи позицијата локална или можеби дури и да се обиде да пристапи кон прочистителната станица каде „Фиџи вода“ го подготвува својот производ.

Досега, на површина не излегле никакви докази за протерувањето на Рот, ниту пак вести поврзани со понатамошните акции на владата. Макс, коментатор на блогот Куп 4.5,, им рече на сите да земат длабок здив.

За што е целата збрка? Не е дека нема повеќе да се произведува „Фиџи вода“?

Актуелното раководство има свои причини зошто сака г. Рот да биде отстранет од Фиџи. Може да биде поради прекршување на работната дозвола или сериозен национално безбедносен проблем. Ние само треба да чекаме и да видиме кога премиерот г. Баинимарама ќе се врати од Кина и ќе ја разјасни ситуацијата.

Можеби на Ганилау повеќе му значи неговото пријателство со Рот отколку да прави вистинска работа како Министер за одбрана и национална безбедност на неговата држава.

Г. Рот е само работник во „Фиџи вода“, компанија во сопственост на американскиот милијардер Стјуарт и Линда Ресникс. Досега, сите вие луѓе кои скокате горе- долу, само смирено и гледајте си ја вашата работа.

Ако всушност Рот е депортиран, пишува Алохабула1 во Fiji Board Exiles, тогаш владата можеби направила голема грешка во односите со јавноста.

Сите знаеме дека Фиџи вода направи многу повеќе за брендирање на Фиџи, интернационално, отколку било кој друг производ што некогаш Фиџи го извезувал. Што се однесува до рекламирањето тоа е огромно остварување. Сепак, од друга страна, ова, интернационално, би можело да се разбере како дека раководството на Фиџи вода било преместено од Фиџи без легитимни причина. Ова не потсетува на убавите слики од етикетата со убавиот водопад и кокосовите дрвја и тропските цвеќиња. Потсетува на сликите на нестабилност, предавство, уцени од легитимни инвеститори. Ако Фиџи не направи нешто да го промени ова, неколку работи ќе се случат за брзо време.
1. Кој ќе купи повторно „Фиџи вода“ ако е нелегално преземена од инвеститорот?
2. Тоа што претходно се објавувало ќе ги плаши сите инвеститори во наредните 20 години.
3. Која е сликата што светот ќе ја има за Фиџи?
4. „Фиџи вода“ има направено многу за односите со јавноста и има обезбедено многу услуги за заедницата на Фиџи за да таа биде видена во позитивно светло на меѓународно ниво и сега ова е нивната награда?
5. Зарем не зема владата пари од данокот од „Фиџи вода“, ова не изгледа како добро време за прекинување на нивните сопствени приходи?

Пред повеќе од две години владата на Фиџи се обиде да стави 20 центи данок за литар „Фиџи вода“, но по долга борба предлогот беше одбиен од кабинетот. Постојат гласини дека флаширачот на водата се заканил да го прекине производството ако владата продолжи со данокот.

Мера Фиџи Махан, коментирајќи на блогот Fiji Democracy Now (Демократија во Фиџи сега) вели дека странската компанија треба да придонесува повеќе за државата.

Би сакала да ги потсетам луѓето на Фиџи дека [поранешниот владин министер] г. Махендра Пал Чаудару стоеше цврсто на ставот кога го воведе оданочувањето на оваа крвава Фиџи вода. Тоа што нему му се случи е историја, не сакам да навлегувам подлабоко. Постигнувањата „Фиџи вода“ се високи и луѓето како Рату Епели кои ѝ се премногу лојални на државата како и г. М.П Чаудару, беа многу присилувани поради предавници. „Фиџи вода“ мора да плати соодветен данок и не може само да продолжи со вредниот подарок од Фиџи (тоа е чиста природна минерална вода). Сопствениците на земјата мора да се разбудат и да започнат преговори со други интернационални компании, да создадат заедничко вложување и да отворат фабрика до „Фиџи вода“.

Анонимен коментар на Фиџи блогот: Начинот на кој тоа беше, е и ќе биде тврди дека компанијата се турка самата во ќош.

Вистината е дека, тие паднале под влијание на политичките маневри кои им помогнале да го добијат нивниот „ослободени од данок“ (или приближно) статус.

Тие ги осиромашуваат нашите плодоносни слоеви, се продаваат себеси како зелена компанија, ги загадуваат бреговите со пластика, поткупуваат државни службеници… и сега не се чувствуваат способни да ја купат владата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.