Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Грција: Реакции во врска со планот за градење на погранична ограда и протерување на имигранти

Вечерта пред Новата година, грчкиот Министер за заштита на граѓанинот, Христос Папуцис, предизвика силни реакции, најавувајќи ја новата владина политика за доселеништво со непостоечка толеранција:

Η ελληνική κοινωνία έχει ξεπεράσει τα όριά της όσον αφορά στη δυνατότητα υποδοχής παράνομων μεταναστών. Θέλω να ξεκαθαρίσω ότι στη χώρα μας θα παραμείνουν μόνο εκείνοι οι μετανάστες που έχουν δικαίωμα διεθνούς προστασίας ή δικαίωμα ασύλου. Όλοι οι υπόλοιποι [..] θα φύγουν από την Ελλάδα, είτε με εθελοντικό επαναπατρισμό είτε με υποχρεωτική απέλαση.

Грчкото општество ги достигна своите максимални граници за прифаќање на нелегални доселеници. Сакам на сите да им биде јасно дека во земјата ќе останат само оние имигранти кои имаат право на меѓународна заштита или азил. Сите останати ќе ја напуштат Грција, било преку доброволно враќање во татковината или преку задолжително истерување.

Предложените планови за ставање под контрола на имиграцијата, кои вклучуваат издигање на ограда со должина од 12.5 км на грчко-турската граница кај реката Еврос, пренамена на старите воени бази и изнајмување на пловечки затвори за да се одвраќаат и приведуваат оние кои бараат азил, не ја воодушевија Европската Комисија, но предизвикаа критики од страна на граѓаните, опозицијата и групите за заштита на човековите права. Како што известуваат медиумите, мерките беа намалени.

Реакции во блоговите

Апостолос Чобанопулос, имигрант и самиот, сеосврна на темата со спомнување на дистопични стрипови и еден славен грчки поет:

αυτόματα μου ήρθαν στο μυαλό δύο πράγματα: το τείχος της Μεγάπολης-1, που χώριζε την πόλη από την καταραμένη Γη και τα Τείχη του Κ.Π.Καβάφη. Σκέφτηκα ότι και οι παππούδες μου, εκείνο τον καιρό που ήρθαν στην Ελλάδα, «παράνομοι μετανάστες» ήταν τότε[..] Στη συνέχεια σκέφτηκα ότι όσοι ζουν δίπλα στο ποτάμι, δε θα το βλέπουν πια.

Aνεπαισθήτως μ’ έκλεισαν από τον κόσμον έξω.

Δε μ’ αρέσει ο κόσμος που έφτιαξα, παππού.

Се потсетив на две работи: на ѕидот на Мегаполис, кој го двоеше градот од Проколнатата земја и на стиховите од Ѕидовите на К. П. Кавафис. Помислив дека моите баба и дедо беа „нелегални имигранти“ кога дојдоа во Грција [..] Тогаш помислив дека оние кои живеат покрај реката нема веќе да можат да ја гледаат.

Надвор од светот, незабележливо, ме исклучија.

Дедо, не ми се допаѓа светот кој го изградив.

Фотис Василиу ја критикува Владата што ја заградува земјата со своите ограничувачки политики:

το πιο αποφασιστικό μέτρο εναντίον της παράνομης μετανάστευσης είναι η πολιτική που εφαρμόζει η κυβέρνησή σας. Ποιος μετανάστης παράνομος ή νόμιμος θα θέλει να έρθει σε μια χώρα που η πολίτες της συστηματικά φτωχοποιούνται [..] που κυριαρχεί η βία και η τρομοκρατία κάθε είδους -ιδεολογική, κρατική, αντεξουσιαστική, παρακρατική, ενημερωτική;

Најефикасната мерка против нелегалната имиграција е политиката што ја спроведува вашата Влада. Кој имигрант, било законски или незаконски, би сакал да живее во земја во која граѓаните систематски се осиромашуваат [..], каде насилството и тероризмот од секаков вид, идеолошки, државен, против-владин, против-државен и оној на медиумите се во пораст?
„Креативна“ изложба

Фотографските колажи на предложената ограда се раширија со брз ритам. Независниот фото-новинар Крег Уерлок направи еден морбиден ремикс на добро познати туристички плакати:

Откријте ги скриените богатства на нашата земја #Ѕидот – на Крег Уерлок

Архитектот nvenia ја замисли гледната точка на имигрантите кои доаѓаат ,

#Ѕидот -на @nvenia

… а alex_walex роден кај Еврос, направи цртеж како птиците гледаат на оградата:

Воздушно топографско испитување на #ѕидот -на alex_walex

Елиза Калеши тагува по глетката која ќе ја изгуби:

Реката Еврос… #Ѕидот -на Елиза Калеши

Реакции на Твитер

На Твитер се дигна голема врева во врска со владините планови; хаштагот #teixos беше брзо раширен – со значење на „ѕид“, а не како ограда на грчки – повикувајќи се на славната песна на Пинк Флојд, „Ѕидот“. Голем број корисници на Твитер играа со зборовите во врска со песната и исто така и со оние на Кавафис:

evb_SKG: Τα τείχη τα γκρεμίζεις περιμένοντας τους Pink Floyd RT @elenirou Τα Τείχη τα χτίζεις Περιμένοντας τους Βαρβάρους; #teixos #kk

Ѕидовите ги креваш чекајќи ги варварите?
Ѕидовите ги уриваш чекајќи ги Пинк Флојд

Кети Кехајоглу, одговорна за информирање на јавноста од UNHCR-Грција го даде својот oфицијален коментар преку Твитер::

Плановите за заградување на грчко/турската граница #UNHCR: граничната контрола мора да е насочена кон заштитата на бегалците. Дигањето на огради ретко ги решава вистинските проблеми

Анестис се фокусира на проблемите со околината:

Εκτός απο τα προφανή, το τείχος/φράχτης, τι προβλήματα θα προκαλέσει στην τοπική πανίδα; #teixos

Освен очигледното, кои други проблеми ќе ги предизвика ѕидот во однос на локалната фауна?

Tanos Kukulis го предупреди Министерот:

Τα τείχη είναι ανώφελα γιατί έτσι και αλλιώς πέφτουν, είτε από τους αποφασισμένους είτε από τους απελπισμένους #teixos (fyi @Ch_Papoutsis)

Ѕидовите се без корист, бидејќи се уриваат, било од оние кои се решителни или од оние кои се очајни

Спирос ВЏ исто така алудираше на поемата на Кавафис,

Τα πραγματικά τείχη έχουν χτίστεί επιμελώς στα μυαλά, τα μάτια και τα αυτιά μας. #teixos

Вистинските ѕидови се внимателно подигнати во нашите умови, очи и уши.

Кротки саркастично одговори:

γιατί μας πειράζει το #teixos ; είναι απαραίτητο για την επιστροφή στο μεσαίωνα που συντελείται εδώ και μερικά χρόνια.

Зошто ни е потребен ѕидот? Неопходен е за враќањето во Средниот век во кој веќе се наоѓаме последниве неколку години.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.