- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Либан во очите на иранскиот фото-блогер

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Либан, Граѓански медиуми, Политика, Уметност и култура, Фотографија

Мохмад Реза Хасини [1] е професионален ирански фотограф и фото-блогер кој од 2009 година живее и работи во Либан. Неговиот фото-блог во Либан служи како извор на информации поврзани со Иран, од неодамнешната посета на претседателот Махмуд Ахмадинеџад па сè до информации за изложби и концерти на ирански музичари.

Чекајќи го Махмуд

Во октомври, посетата на Махмуд Ахмадинеџад во Либан само го зацврсти влијанието што Иран [2] го има врз Либан.

Слушајќи го златниот глас

Во август 2010 година, најпознатиот ирански пејач- демонстрант, Мохмад Реза Шајаријан [3] одржа [4] концерт во „Беит ал Дине“ во Либан.

Живописни слики

Сликите од овој ирански фото-блогер не се посветени само на познатите личности, туку честопати опфаќаат и моменти од секојдневието.

Посетете го блогот на http://mohammadrezahassani.com [5]. Сите авторски фотографии од Мохмад Реза Хасини се употребени со претходно добиено одобрение.