Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Невидливата граница помеѓу Еквадор и Колумбија

Границата помеѓу Колумбија и Еквадор повторно стана спорен проблем. Двете земји имаат граница од 586км (околу 365 милји), а со неа и долга историја на конфликти, заемни обвиненија и известувања за вооружен конфликт и дислокација. Смртта на Раул Рејес, член на колумбиската бунтовничка група ФАРЦ (Револуционерни вооружени сили на Колумбија), можеби е најпознатиот инцидент на границата. Рејес умре на територијата на Еквадор во март 2008 година за време на напад од страна на Колумбија на база на ФАРЦ во Ангостура, како што се потсетува бц10 [шпански]. Други сериозни гранични проблеми се несигурноста и стравот, објавува Ел радар де ла фронтера [шпански]. Блогот Ла Хисториа дел Диа [шпански] објавува дека кривичните дела извршени во областа се случуваат во околина каде не се казнува.

На 19 септември, корисниците на Твитер и медиумите за вести во двете земји го објавија, со различни статистики, бројот на загинати во последниот инцидент на границата, во кој членови на ФАРЦ загинаа за време на напад од вооружените сили на Колумбија, како што објавува infobae.com [шпански]: „На границата помеѓу Еквадор и Колумбија загинаа до 60 герилци“.

Варираа реакциите од страната на Еквадор. Корисниците на Твитер реплицираат дека Еквадор не би ја поддржал војската на Колумбија, како што е објавено од Даглас Вебер (@ХЦЈБВозАндес)

Ecuador reitera que no se involucra en conflicto colombiano. http://bit.ly/9aPjSg

Еквадор повторува дека не бил вклучен во конфликтот со Колумбија. http://bit.ly/9aPjSg

Од Колумбија, Ели Рохас (@сисмаја) известува:

Ecuador no reporta novedad en frontera y dice no ayudó Colombia en operativo. http://bit.ly/coQiRY

Еквадор не кажа ништо ново за границата и изјавува дека не ѝ помагал на Колумбија во операцијата. http://bit.ly/coQiRY

Луис Алонсо Луго [шпански] јасно ја изразува позицијата на Еквадор со зборовите на министерот за одбрана на Еквадор, Хавиер Понсе Севаљос. Севаљос побара од САД да соработуваат и понатаму со Колумбија за да ја заштитат границата помеѓу Колумбија и Еквадор. Алонсо Луго вели: „Понсе објасни дека соработката на Колумбија е неопходна поради „огромното оптоварување“ кое би го наметнале врз Еквадор да ја преземе одговорноста за годишниот трошок од 100 милиони долари за да задржи 10.000 војници, „третина од вкупниот број“, на граничната област каде што живеат околу 140.000 бегалци од конфликтот во Колумбија“.

Невидливата граница: насилство и дислокација

Последиците од овој конфликт на границата се многубројни, сепак, најсериозниот беше создавањето на тип на ничија земја. Блогот периодисмодефронтераa [шпански] (Новинарство без граници) објавува:

Dentro del análisis de problemas de la frontera norte llevado a cabo a través de las entrevistas y talleres en las tres provincias ecuatorianas de Carchi, Sucumbíos y Esmeraldas, no podemos dejar de remarcar una problemática de elevada importancia y que, en muchas ocasiones, no tiene una gran presencia en los medios de comunicación, pero que repercute en la base del desarrollo social de estas comunidades. Nos estamos refiriendo a la situación en la que se encuentra la infancia en la frontera norte y sobre todo a su vinculación a dos elementos de gravedad: el trabajo infantil y la trata y tráfico de niños y niñas.
Една анализа за проблемите на северната граница спроведена преку интервјуа и работилници во три провинции во Еквадор, Карчи, Сукумбиос и Есмералдас, потенцираше сериозни проблеми кои, во многу прилики, не се покриени во печатот, туку нивните последици се шират преку општествениот развој на овие заедници. Укажуваме на ситуацијата на северната граница поврзана со однесувањето со децата, особено на два сериозни проблеми: детскиот труд и тргување со деца за работа и сексуални услуги.
 Бинационално движење на жени против војната. Границата помеѓу Колумбија и Еквадор. Слика од страна на Фликр корисник искористена под Криејтив Комонс лиценца Наведи извор - Сподели под исти услови 2.0 генеричка

„Бинационално движење на жени против војната. Границата помеѓу Колумбија и Еквадор“. Слика од страна на Фликр корисник искористена под Криејтив Комонс лиценца Наведи извор – Сподели под исти услови 2.0 генеричка

Секоја недела 50 колумбиски семејства влегуваат во Еквадор за да избегнат насилство или да ги заштитат своите деца да не бидат земени од вооружените групи, вели Луис Варесе, помошник директор на одделот за бегалци на ОН, Кито, Еквадор [шпански], кој ја осуди „тишината“: „Тие регрутираат момчиња насила од 12 годишна возраст, додека девојчињата им претставуваат „награда од војната“ користени како еден вид валута и за сексуални услуги. Домородните луѓе, со своето знаење од џунглата, исто така се вреднуваат“.

Сиудаданиа Информада [шпански] објавува дека децата што имаат родител од двете националности немаат право на државјанство ни во двете земји. Наталио Корасон на блогот Куадерно де Терено [шпански], поврзан со УНИЦЕФ, изјавува дека децата кои се одделени или не се во придружба на своите колумбиски родители се преселиле или барале прибежиште во Еквадор со цел да избегнат напад или регрутација од бандите. Другите виделе како се убиени нивни членови на семејството.

Es muy probable que las experiencias vividas por estos menores dejen profundas huellas tanto psicológicas como físicas en su desarrollo. En el caso de las niñas, adolescentes y mujeres, aunque los varones no quedan exentos, tienen el peligro de sufrir abusos y de caer en redes explotación sexual comercial y trata de personas.

Многу е веројатно дека искуствата кои ги преживеале овие деца ќе остават траги во нивниот развој и физички и ментално. Девојчињата, адолесцентките и жените и до некој степен машките се во опасност од злоупотреба и паѓање во рацете на трговците со луѓе.

Организацијата на домородни и рурални луѓе за Волтер [шпански] изјавува:

Los que en la frontera norte del Ecuador habitamos procedemos de las zonas más empobrecidas del Ecuador y Colombia, llegamos a esa zona luego de grandes esfuerzos, atravesando penurias, buscando días mejores para nosotros y nuestros hijos, algo parecido sucede con los pueblos hermanos de Colombia. Quienes habitamos en la zona de frontera norte de Ecuador y sur de Colombia estamos siendo objeto de atropellos a nuestros derechos humanos y ciudadanos contemplados en la Constitución ecuatoriana vigente y los convenios suscritos por el Ecuador a nivel internacional, solo por el hecho de vivir en la zona fronteriza .

Оние од нас кои живеат на северната граница на Еквадор доаѓаат од најсиромашните краеви на Еквадор и Колумбија. За да се стигне во оваа област беше потребен голем напор и страдање во кои гледавме подобра иднина за нашите деца. Нашите колумбиски браќа исто така претрпеа нешто слично. Оние од нас кои живеат и на северната граница на Еквадор и на југот од Колумбија ги имаат нашите човекови и граѓански права, како што е наложено во моменталниот устав и во меѓународните договори кон кои се придржува Еквадор, само затоа што живеат на границата.

Оваа позиција е потврдена од Сервинди [шпански] кој известува за смртта на локалниот лидер Рамиро Инампуес и неговата сопруга, Марија Лина Галиндез кои беа „убиени на 28 август во рурална област недалеку од градот Гванчукал, блиску до границата со Еквадор“.

Пио [шпански] го објаснува конфликтот во оваа област на форум на веб сајтот Ла Сиља Васија, каде што корисниците расправаат за проблемите што произлегуваат од градењето на Ел Коредор Сур [шпански], проект за патна конструкција кој има цел да ги поврзе двете земји со што го става во опасност етничкото население.

Es necesario aclarar que la única etnia en peligro de extinción con este proyecto no son solos los Kofanes, también los Macaguajes (quedan menos de 50), los Sionas, los Coregüajes y en menor medida los Ingas del bajo putumayo. Todos ellos relictos de la cultura Ayahuasquera y su legado espiritual.

Потребно е да се нагласи дека Кофаните не се единствената етничка група која е загрозена од овој проект. Тука се исто така и Макагуахите (од кои има помалку од 50 луѓе), Сионите, Корегуахите и во понизок степен Ингите од Бахо Путумајо. Сите тие се остаток од културата Ајахуаскера и нејзиното духовно наследство.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.