Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мексико: 20 годишна девојка е нов шеф на полицијата во северно мексиканско гратче!

Нејзиното име е Марисол Валес Гарсиа, а нарекувана е „најхрабрата девојка во Мексико“ [шпански].

Валес Гарсиа е 20 годишна мажена девојка, која е студентка, последна година на „Институтот за криминологија“; таа е исто така и новиот шеф на полицијата во Праксеидс, Чихуахуа. Праксеидс се наоѓа на околу 100км (62 милји) во близина на Суидад Хуарес, најопасниот град во Мексико.

Но, зошто и била дадена ваква одговорна работа? Ричард Грабман ја објаснува ситуацијата во неговиот блог Мекс Фајлс:

Единствениот кандидат кој се пријави да ги командува безбедносните сили, беше Марисол Валес Гарсиа, 20 годишна студентка на „Институтот за криминологија“. Новиот шериф во градот (и најмладиот шеф на полицијата во Мексико) надгледува мала област која максимум може да обезбеди две полициски патроли по општина.

Кристијан Гарсиа, 21 годишен мексикански блогер, коментираше [шпански]на ова:

El alcalde de ese municipio, buscaba un Jefe de Policía, y después de repasar a todos los hombres que tenia dentro de la corporación, Marisol se levanto y dijo: “Aquí toda la gente tiene miedo, todos tenemos miedo, pero vamos a cambiar ese miedo por seguridad”

Y para demostrar su valor, ayer Marisol se dejo fotografiar con la cara descubierta, mostrando así que en Mexico aun hay personas valientes que están dispuestas a luchar contra el narcotráfico y el crimen organizado.

Градоначалникот на овој град барал шеф на полиција, па откако ги видел сите мажи, Марисол застанала гордо и рекла: „Овде нема некој што не е уплашен, сите сме уплашени, но ајде да го замениме стравот со храброст.“

Вчера, Марисол со откриено лице беше фотографирана, сакајќи да им покаже на останатите дека сè уште постојат храбри луѓе, кои имаат волја и храброст да се изборат против трговијата со дрога и организираниот криминал.

Статија на веб сајтот за вести Ла Полака потврди дека „никој од мажите не сака да биде полицаец, а не пак шеф на полиција, поради страв од извршување на таа функција.“

Моментално, мексикански државјани и луѓе од целиот свет, кои слушнале за случајот на Валес Гарсиа, пишуваат свој твит за новостите.
Корисникот Адам Д. Принц (@рабитчинкоуно) од Охајо напиша:

#HerooftheWeek Награда за 20 годишната Марисол Валес Гарсиа, студентка на „Институтот за криминологија“, што стана шеф на полиција во Гвадалупе, Мексико…

Лаура Руиз (@ЏосоиБереНице), од Веракруз, Мексико, додаде свое мислење:

Marisol Valles García de 20 años encabeza policía en Chihuahua.-Para que vean quien lleva los pantalones por allá.

20 годишната Марисол Валес Гарсиа стана шеф на полицијата во Чихуахуа. – Гледате „кој е маж!“ во случајов. 🙂

Овој настан беше дискутиран и од профилот на актерот Том Круз, (@ТомКруз):

20 годишната Марисол Валес Гарсиа претставува вистински херој поради шефовското место во најопасниот град во Мексико. Да и дадеме поддршка: http://bit.ly/ata0wm

Најпосле, на блогот Хермосило во Периодиста Дигитал [шпански] се споменува за случајот на Валес Гарсиа, т.е. дека нејзиниот регион се гордее со неа:

Sin duda alguna una vez más la enaguas de la bella y valiente mujer de Chihuahua pone en alto a su región.

De todas maneras bienvenidos los comentarios ya que ELLA, MARISOL VALLES GARCÍA, así con mayúsculas, fue única que aceptó el cargo.

Уште еднаш, без двоумење, „здолништата“ на една убава и храбра жена од Чихуахуа ѝ направија добар рејтинг во целиот регион.

Во секој случај, добредојдени се коментари како ТАА, МАРИСОЛ ВАЛЕС ГАРСИА (со големи букви) беше единствената која ја прифати оваа работа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.