Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Палестина: „Не сакам моите деца да ме видат растргната на парчиња“

Какво е чувството кога не може да ги заштитите своите деца? Во овој пост составен од извадоци од блогови од Газа ќе бидат опфатени мајките кои се уништени од вина гледајќи ги своите деца во терор: „Дали погрешив што имав деца? Дали имам право да бидам мајка?“

Палестинскиот фото-новинар Самех Хабеб блогира на Gaza Strip, The Untold Story (Делот Газа, некажаната приказна):

Голем дел од Газа тоне во темница уште од почетокот на оваа војна. Имав неколку проблеми при праќање на овој извештај поради проблеми со струјата. Денес, ракета ја погоди куќата на вујко ми. Мојата куќа доби неколку шрапнели од ракетата. Благодарение на Господ сите сме добро, но не знам што би се случило следно. Јас живеам источно во Газа, во делот Тофах, каде артилеријата поминува постојано.

Натали Абоу Шакра, либански активист, пишува на групниот блог Moments of Gaza (Моменти од Газа). Во нејзиниот пост таа преведува два летоци фрлени од израелската војска во кои ги замолуваат граѓаните на Газа да им дадат информации за локацијата на војниците на Хамас. Натали коментира:

Она што ме шокираше е корисничкото име што го избрале за нивниот имејл. „Helpgaza2008 (Помогни и на Газа 2008)“?!
Мислам дека овој нивен имејл заслужува да биде бомбардиран со вистинскиот тип на пораки!

Мирмен Карма Елсарај пишува на групниот блог Lamentations-Gaza (Плач-Газа):

Има некои работи коишто не се добро пренесени во вестите, чувствата!! Јас имам три деца, ќерка Ноур која има 14, син Адам кој има 9 и друг син Али кој има 3 години. Ние живееме во дел од Газа кој порано беше именуван како „безбеден“. Веќе никаде не е безбедно. Моите деца не можат да спијат и јас не можам да им помогнам. Чувството на беспомошност и вина (кои секогаш ве прогонуваат поради вашата неспособност да ги заштитите или барем да ги задоволите вашите деца) се посилни од оние на страв и ужас. Вчера, мојата ќерка на телефон му кажуваше на новинар дека никогаш не ја добила вистинската поддршка од мене кога и била потребна при секое бомбардирање. Бев шокирана!! Се чувствувам толку виновна бидејќи мојата ќерка го чувствува мојот страв. Но, зар не е нормално да се биде исплашен?! Адам има асма и користи вентилатор. Поради стресот и загадувањето настанато од руините, тој почесто добива напади, а нема струја за неговиот вентилатор. Секој пат кога тој има напад, мора да го вклучиме генераторот за него и потоа да го исклучиме. Немаме доволно гориво за да го држиме генераторот вклучен и не знаеме до кога ќе трае ова. Али не разбира што се случува. Секогаш кога има бомбардирање тој вреска од страв, а кога ќе заврши тој ја користи својата имагинација и раскажува приказни за „gasef (бомбардирање)“. Децата не спијат. Нашите денови и ноќи ги поминуваме во една соба со мојата снаа и нејзината ќерка. Може да се осети стресот и стравот. Може да ги видите на сечие лице.
Минатата ноќ размислував за сето ова. Не сакам никој од мојата фамилија да биде повреден и мислев ако нешто се случи, се молам да ми се случи мене, а не на моите деца. Тогаш помислив дека не сакам моите деца да ме видат растргната на парчиња. Сцените на телевизија од убиените луѓе се ужасни и знам што значи за децата да видат такво нешто. Она што навистина го сакам е сето ова да престане и јас и моите деца да живееме како сите останати во светот. Сакам да се ослободам од чувството на вина кон моите деца. Дали погрешив што воопшто имав деца? Дали го немам правото да бидам мајка? Но, дали навистина добро ја вршам мајчинската работа во овозможување задоволство на моите деца? Знам дека не е моја вина, но јас знаев дека живеам во Газа, а Газа не е здрава околина за растење на деца. Дали бев толку себична да мислам само на моите чувства и желба да бидам мајка и да ги игнорирам моите очекувани неуспеси за заштита на моите деца?

Австралискиот активист Шарин Лок пишува на Tales to Tell (Приказни за раскажување):

Четврток: Црвениот Крст координираше евакуација во Зајтоун. Докторот Саид би изгледал добро на постер на Црвениот Крст – црн џемпер, избричена глава, доволно мускули за да го држи знамето на Црвениот Крст над неговата глава два саати додека бевме зад воените линии. Дефинитивно би го поканиле на кафе за да го чуете неговото мислење за состојбата на светот. Неговиот колега повеќе личи на сметководител, но неговата работа е да не заштитува – со себе има воки-токи и постојано преговара со војската додека се движиме. Со Мај, мала и брза жена која е инженер за Црвената Полумесечина, која ги надгледува сите возила и слично, носев носилки и вода. Околу 8 смели болничари на Црвената Полумесечина ни се приклучија, носејќи панцири. […]
Кога јас бев дете, бев многу свесна за воените зони, но секогаш мислев дека се случуваат на места различни од мојот дом. Би сакала да ви кажам што гледам сега додека одам. Гледам расцветени винови лози. Светли завеси на прозорците. Кокошки како се движат наоколу. Знаете, ова е вашиот дом. Ова е градината каде си играат вашите деца. Ова е вашата куќа со огромни дупки во неа, со израелски снајпери кои демнат на нејзиниот покрив, со мртов војник на отпорот потпрен на вашиот ѕид.

Низ арапскиот свет блогерите поставуваат песна наречена We will not go down (Song for Gaza) – Ние нема да се предадеме (Песна за Газа) од Микаел Харт. Адхам Калил од кампот Јабилија, кој блогира на Free Free Palestine (Слободна Слободна Палестина) е еден од нив:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.