- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Rising Voices: Повик за предлог проекти од областа на граѓански медиуми

Категории: Граѓански медиуми

Краен рок: петок, 3 февруари, 2012 во 23:59 GMT (средно време по Гринич)

Голем дел од мисијата на Rising Voices, да поддржува и негува целосно искористување на парципативните дигитални медиуми од страна на незастапени заедници, се нашите микро-грантови за проекти од областа на граѓанските медиуми. Уште од 2007 година, овие мали грантови претставуваат можност за индивидуалци, групи, мрежи и други организации кои немаат пристап до големи фондови, да го пренесат своето знаење, преку едукација на други во нивните заедници, за користење на дигиталните алатки, како и да понудат постојана поддршка..

Rising Voices со задоволство го најавува отворениот повик за предлог-проекти за 2012 година и можноста за испраќање предлози за финансирање на глобални проекти до 4,000 американски долари.

Кој може да аплицира

risingvoices1.jpgОваа можност за финансирање е отворена за индивидуалци, групи и граѓански организации. Ние охрабруваме партнерства помеѓу индивидуалци и организации. На пример, ако една граѓанска организација нема искусни тренери за граѓански медиуми, може да побара колаборација со локалната блогерска заедница за да најде соодветни тренери, со потребните знаења. Индивидуалните апликанти може да имаат бенефит доколку склучат партнерство со организација од заедниците каде планират да ги спроведуваат активностите, со цел да го засилат влијанието на проектот и да имаат пристап до потенцијални учесници.

Не постои услов за организацијата која аплицира да биде регистрирана, но бараме избраните проекти да имаат пристап до сметка во банка, со можност за интернационални трансфери на средства.

Какви проекти може да бидат финансирани

Rising Voices очекува предлог-проекти кои ја споделуваат нашата мисија, да им се овозможи глас на новите заедници, како и незастапените јазични групи преку користење на партиципативните граѓански медиуми. Главните активности на проектот треба да бидат работилници за користење на граѓански медиуми, како и постојана поддршка и менторство за таргет-групите. Ве молиме погледнете ги нашите моментални [1] и претходни [2] поддржани проекти за примери.

Примери за потенцијални проекти:

Проектните идеи не се лимитирани на овие и Ве охрабруваме да бидете креативни, но и реалистични во вашите предлози.

Процес на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да пополнат онлајн форма (линк тука [3]), која треба да го содржи и деталниот буџет. Многу е важно, апликантите да ги следат ограничувањата на зборови на секое прашање.

Доколку сакате да ги преземете прашањата од апликацијата за да ги пополните офлајн и потоа да ги вметнете, погледнете или преземето го текст документот тука [4] (Google Doc формат). Сепак, сите апликации мора да бидат испратени онлајн и не може да прифаќаме други начини. Откако ќе ја испратите апликацијата ќе видите екран за потврда, како овој [5]. Иако поттикнуваме и поддржуваме проекти од целиот свет, сепак апликациите мора да бидат на англиски јазик, бидејќи тоа е заедничкиот јазик на нашиот комитет за избор.

Грантовите на Rising Voices outreach ќе се движат помеѓу 2000 и 4000 американски долари. Ве молиме бидете што поконкретни и реалистични при создавање на вашиот буџет. Охрабруваме поднесување на буџети помали од максималниот износ од 4000 американски долари, со цел да можеме да финансираме повеќе проекти.

Крајниот рок за аплицирање е 3 февруари, 2012 во 23:59 GMT (Ве молиме проверете [6] ја временската зона во вашиот регион).  Предлог-проектите ќе бидат прегледувани од комисија составена од персонал и волонтери на Global Voices, како и членови од претходни грантови на Rising Voices. Се надеваме дека ќе бидеме во можност да ги најавиме примателите на грантови до 28 февруари, 2012.

Очекувања за успешните грантисти

Успешните проекти ќе бидат важен дел од мрежата на Global Voices. Добитниците на грантовите ќе треба да потпишат договор за користење на грантот во кој ќе се дефинираат сметководствените работи, известувањето и други одредби и услови во врска со тоа како грантовите ќе бидат дистрибуирани. Грантистите ќе треба исто така да објавуваат, регуларно, новости за нивниот проект на веб-сајтот на Rising Voices, ќе треба да бидат во регуларна комуникација со персоналот на Rising Voices, како и активно да учествуваат во заедницата на Rising Voices.

Слободно поставувајте прашања во делот за коментари сместен подолу или со испраќање на електронска порака на eddie [at] globalvoicesonline [dot] org.

Со среќа!