- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бангладеш: Дете обнови училиште

Категории: Јужна Азија, Бангладеш, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Катастрофи, Младина, Развој, Туризам, Филм, Хуманитарен одговор

Се што требаше е едно дете да зборува пред камера за распаднато училиште: во следните месеци, благодарение на Шон Ахмед (Shawn Ahmed) од Uncultured Project и Nerdfighters, светот се здружи преку Јутјуб (YouTube) и собра доволно пари за обнова на училиштето.

[1]

Пидахаус(Pidahouse) на реклама [1] со Шон Ахмед(Shawn Ahmed) [2] под лиценца на [3]CC BY NC SA [4] [3]

Ова видео [5] ја кажува приказната: циклонот Сидр (Sidr) го погоди Бангладеш во 2007 година: Шон ја сними несреќата,беше шокиран од тоа што голем број деца ги изгубија животите, а потоа се фокусираше на едно момче, Пидахаус (Pidahouse), еден преживеан кој го однел околу градот покажувајќи му ја штетата нанесена врз училиштето. По емитувањето на видеото, Nerdfighters, зедница на Јутјуб каналот VlogBrothers [6]му помогна на Uncultured Project [7] да собере пари за да му помогне на момчето во овој проект. Прво собраа доволно пари за поправка на покривот, а потоа, како што се собираа се повеќе, го обновија и бојадисаа училиштето, па дури и добија нови клупи. Она што е поинтересно е тоа што тие донации не се ослободени од даноци, како што пишува Шон ва веб страната: [7]

Ова не е добротворна организација или НВО – ова е само експеримент во добротворна заедница.

Бидејќи не е ништо формално, донациите не се ослободени од данок.

Минатата година Шон беше зафатен и ние ја следевме неговата хуманитарна авантура. Од напори за помош во 2007 и 2008 [8], до кампања за чиста вода. [9] Иако тој има многу видео записи на неговата веб страна, тој не префрла многу често, што можеби е и добра работа, дури и ако го наруши неговиот рејтинг на Јутјуб (YouTube) [10]:

Иако и јас сакам, но не можам да правам видео записи редовно и често. Јас сум принуден да го трошам времето на правење квалитетни видео записи.

Во некои случаи, ми се потребни години за да ги завршам проектите што ги работам. Тие бараат планирање, вмрежување, буџети, влевање на доверба и исто така ќе треба да дадат важност на природните катастрофи и политичките немири, со што се уназадуваат плановите.

По, видеото за појавувањето Шон на VidCon [11], започна онлајн конференција, каде тој сподели видео запис со публиката под наслов: Момчето што живееше (The Boy who Lived) [5] .Тоа е видео кое покажува шокантна приказна за која треба 1000 дена за да се каже.

Блог постовите на Шон Ахмед (Shawn Ahmed) се многу емоционални, остроумни и распространети: тие допираат до многу различни теми поврзани со сиромаштијата: од правење добри дела, доброто чувство и волонтерство [12], до етиката на голотија во [13]фотографија на [13]сиромаштија [13], но исто така и покренува случај [14]за тоа добротворните здруженија да не се фокусираат само на славните портпароли и наместо тоа да инвестираат во просечниот човек и неговата онлајн публика. Следи го и стани претплатник на неговиот канал на Јутјуб (YouTube) [15] за малку оптимизам и увид за тоа како еден човек со текот на времето може да го промени животот на луѓето.