Неколку студентки во Малезија ја објавија „парадата без долна облека“ за Денот на вљубените. Целта на „промоцијата на одење без долна облека“ е да се покаже дека жените ги сакаат своите партнери. Кампањата станува доста популарна преку муабет и интернет.
lurveangel е против кампањата:
„Не се високо образовани нели?“ Ако се, тие треба да знаат дека не носењето на долна облека, не ја докажува вистинската љубов, во ред? Само страста ~ Се разбира откачено е кога знаете дека не носите ништо надолу под облеката, но зошто да биде јавно? Што е проблемот со овие луѓе?!
Вистинската љубов не е за тоа дали некој го маскира секој дел од телото или е гол и бос кога е со својот партнер. Луѓето кои ја прават оваа збунетост се дефинитивно некои што никогаш не биле вљубени или сакани. Или дури не го знаат ниту значењето на поимот “вистинска љубов“
Одделението за исламски прашања на Селангор (Selangor) (ОИПС) и другите јавни морални власти се многу лути. Тие ветуваат дека ќе ги уапсат оние кои ќе се приклучат на оваа парада, бидејќи славење на Денот на вљубените е отстапување од исламското учење.
Ms Daffodil ги обвинува властите за претерување во врска со ова прашање:
Во ред … .. дозволување на ова е прилично глупо, да се оди без долна облека само за да се покаже својата љубов кон некого … … .. а кој мисли на такви глупости е веројатно некој напален водоземец кој се крие зад некои грмушки во некои подвижни скали опремен со рачно огледало или телефон со фото апарат.
Но полицијата од нашата земја да скока како луда и да издава предупредувања за злоделатана Денот на вљубените!!!??? Зборуваме за „претерување“ на човекот … … Мислам, размислувам за тоа за една минута тука … … ако сакаат, тие можат да одат без долна облека било кој друг ден нели?
Џош инсистира дека неносење на долна облека не би требало да претставува проблем за другите
Дозволете ми да ви поставам едно прашање, како некој што не носи долна облека влијае на вас како личност? Дали и ќе го сфатите тоа? Дали би знаеле? Како знаете дали луѓето кои ги среќавате на улица денес всушност носат долна облека? Па зошто да протестирам кога нема шанси да сфатите дека дури и доколку лицето не би носело долна облека не треба да засега никого. Ова е многу ниско. Она што луѓето го носат под облеката е нивна работа, не наша.
Mumsie се запрашува како властите ќе ги идентификуваат студентките без гаќички. Дали тие ќе им го подигнат здолништето?
Боже, ова е нешто навистина ново и јас се чудам што прави Одделението за исламски прашања на Селангор за да го спречи тој настан?! .. Дали тие ќе ги ловат овие студентки без „долна облека“ со тоа што ќе го подигаат секое здолниште?! Тоа ќе биде јасно видлив сексуален прекршок, зарем не? Можам да замислам, секој студент на тој ден ќе се обложува и ќе погодува која студентка не носи долна облека! …;-)
The Other Malaysia ја признава реткоста на ваков протест/настан:
1. Организацијата на овој „настан“ беше спонтана и природна и не е поттикната од ниту една политичка партија или популарен политичар;
2. Начинот на организација на настанот беше преку усен разговор и интернет, посочувајќи на растечката важност на интернетот, смс-пораките и другите облици на комуникациска инфраструктура, што беа поставени како дел од брзиот развој на Малезија во областа на полу-индустријализираната економија;
3. Природата на прославата/протестот сепак останува не-политички туку првенствено личен проблем, наменет да послужи како доказ за љубов кон партнерот.
Дали парадата без долна облека е форма на „пасивен отпор“?
…може да биде пасивен отпор против верската бирократија на државата, чија улога е одржување на ред во општеството што стана добро познато и фамозно. (Запомнете дека ова останува хипотеза од наша страна)