- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Нетизените се забавуваат со обвиненијата за хакирање на Гугл

Категории: Источна Азија, Кина, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Технологија, Хумор

Таканаречената „Операција Аурора (Operation Aurora) [1]“, која го нападна Гугл (Google) и најмалку други 33 западни конгломерати, според неодамнешна статија на Њујорк Тајмс (New York Times) [2] наводно потекнувала од два универзитети во Кина. Еден од овие „универзитети“ е всушност едно недоволно познато стручно училиште во Северна Кина. Тоа е Шандонг Лан Ксијанг (Shandong Lan Xiang) напреден стручен универзитет, кој досега е познат само за обука на автомобилски техничари.

Непосредното изненадување во кинескиот сајбер-простор не е толку многу фокусирано на фактот дека неодамнешното обвинување [3] од страна на Гугл (Google) е делумно потврдено од страна на натписот, но дека училиште како Лан Ксијанг (Lan Xiang) може да се смета како кандидат за вршење на таков софистициран напад. Многумина шпекулираа дека администраторите на Лан Ксијанг (Lan Xiang) мора да се исполнети со радост, бидејќи тоа училиште стекнало меѓународна слава, без да потроши денар за рекламирање. Ова се некои коментари земени од QQ.com [4]

找工作,到蓝翔!

Барате работа? Одете да учите во Лан Ксијанг (Lan Xiang)!

山东蓝翔技工学校学生水平竟然超过老美电脑专家吗?

Навистина, студентите на Лан Ксијанг (Lan Xiang) ги надминале оние стари американски компјутерски експерти?

给山东蓝翔高等技工学校做了免费广告了!

Ова е добра бесплатна реклама на Лан Ксијанг (Lan Xiang)!

你就不能说个清华北大之类的?说个山东蓝翔,美国人面子也算丢尽了,中国一所职业技术院校学生可以随意攻击国际一流搜索引擎,中国NB了。

Не можете ли вие (Њујорк Тајмс) да обвините поверојатни кандидати како Тшингуа (Tsinghua) или Универзитетот во Пекинг? Лан Ксијанг (Lan Xiang)?! Вие Американците треба да се засрамите од самите себе. Недоволно познато училиште од Кина е во состојба да нападне пребарувач од светска класа по своја волја? Кина мора да е навистина извонредна!

На официјалната интернет страна на Лан Ксијанг (Lan Xiang) [5] на Baidu.com, луѓе од секаде даваа пофалби. Типичните натписи беа „Кинески студенти, делегати од универзитетот Кјото, честитам на Лан Ксијанг“ и „Универзитетот за аеронаутика и астронаутика Нанџинг ги испраќа своите честитки“

Натписот исто така обезбедува одличен материјал за отворена сатира:

望而却步的美国人,借攻击谷歌事件污蔑我国第一名校,企图降低我校在国际上的地位。蓝翔技校发言人对此表示,虽说该校学生已经具备攻克美国政+府网站的能力,但该校管理严格,学生素质甚高,更重要的是,学生正在攻克艰深的科学研究,不会浪费时间攻击一个普通的互联网搜索网站。

Вознемирените Американци го користат Гугл (Google) за да го посрамотат најпрестижното училиште на нашиот народ, во залудна надеж да ја оспорат позицијата на несовладлив Лан Ксијанг (Lan Xiang) во меѓународната заедница. Претставникот на Лан Ксијанг коментира дека иако студентите од Лан Ксијанг имаат стекнато доволно вештини да го уништат веб-сајт на американската влада, строгата дисциплина и високото ниво на интегрираност на студентите гарантираат дека таков напад нема да се случи. Уште поважно, нашите студенти се зафатени со спроведување на поважни научни истражувања и ние нема да го губиме времето во напаѓање обичен пребарувач.

И покрај сетиот сарказам, дали Лан Ксијанг стои зад ова? Несериозниот изглед на натписите [6] напишани на интернет страната на Њујорк Тајмс (New York Times) кажуваат дека Лан Ксијанг е навистина едно обично училиште!

学习方面:理论多实习少且设备陈旧,好的紧供参观,(勿动嗷要罚款的)~收费方面:学费一次付清,学校出理不掉的东西强买强卖,杂费不断,没发票~火食方面:食堂混乱吃饭不便,想吃得没有,就大锅饭,比监狱还操蛋

Во однос на образованието, има многу теоретска настава, но можностите за учење се многу мали. Опремата е претежно стара, а добрите работи се само за демонстрирање. Во однос на таксата за школување,таа е однапред платена. Не само тоа, училиштето присилува да го купиш она со што тие не располагаат и употребуваат други средства наместо потребните. Исто така, постојат бесконечни такси од сите видови за кои тие никогаш не ни даваат никаква белешка! Во однос на јадењето, мензата е многу лоша. Тешко да се најде она што навистина сакаш да го јадеш. Храната е сета направена во големи тенџериња и е полоша од онаа во затвор!

老子也是那来毕业的,那个烂学校我都没法说了。就会骗钱。

Јас исто така дипломирав овде. И незнам што да кажам за тоа училиште. Тие само крадат пари.

Дали навистина има доволно докази за да се вмеша Лан Ксијанг (Lan Xiang)? Исто така, дали доказите ќе се во врска со вкупниот бран на јавното државно мислење во Кина? Мораме да почекаме и да видиме како ќе се одигра оваа драма.