Таканаречената „Операција Аурора (Operation Aurora)“, која го нападна Гугл (Google) и најмалку други 33 западни конгломерати, според неодамнешна статија на Њујорк Тајмс (New York Times) наводно потекнувала од два универзитети во Кина. Еден од овие „универзитети“ е всушност едно недоволно познато стручно училиште во Северна Кина. Тоа е Шандонг Лан Ксијанг (Shandong Lan Xiang) напреден стручен универзитет, кој досега е познат само за обука на автомобилски техничари.
Непосредното изненадување во кинескиот сајбер-простор не е толку многу фокусирано на фактот дека неодамнешното обвинување од страна на Гугл (Google) е делумно потврдено од страна на натписот, но дека училиште како Лан Ксијанг (Lan Xiang) може да се смета како кандидат за вршење на таков софистициран напад. Многумина шпекулираа дека администраторите на Лан Ксијанг (Lan Xiang) мора да се исполнети со радост, бидејќи тоа училиште стекнало меѓународна слава, без да потроши денар за рекламирање. Ова се некои коментари земени од QQ.com
找工作,到蓝翔!
山东蓝翔技工学校学生水平竟然超过老美电脑专家吗?
给山东蓝翔高等技工学校做了免费广告了!
你就不能说个清华北大之类的?说个山东蓝翔,美国人面子也算丢尽了,中国一所职业技术院校学生可以随意攻击国际一流搜索引擎,中国NB了。
На официјалната интернет страна на Лан Ксијанг (Lan Xiang) на Baidu.com, луѓе од секаде даваа пофалби. Типичните натписи беа „Кинески студенти, делегати од универзитетот Кјото, честитам на Лан Ксијанг“ и „Универзитетот за аеронаутика и астронаутика Нанџинг ги испраќа своите честитки“
Натписот исто така обезбедува одличен материјал за отворена сатира:
望而却步的美国人,借攻击谷歌事件污蔑我国第一名校,企图降低我校在国际上的地位。蓝翔技校发言人对此表示,虽说该校学生已经具备攻克美国政+府网站的能力,但该校管理严格,学生素质甚高,更重要的是,学生正在攻克艰深的科学研究,不会浪费时间攻击一个普通的互联网搜索网站。
И покрај сетиот сарказам, дали Лан Ксијанг стои зад ова? Несериозниот изглед на натписите напишани на интернет страната на Њујорк Тајмс (New York Times) кажуваат дека Лан Ксијанг е навистина едно обично училиште!
学习方面:理论多实习少且设备陈旧,好的紧供参观,(勿动嗷要罚款的)~收费方面:学费一次付清,学校出理不掉的东西强买强卖,杂费不断,没发票~火食方面:食堂混乱吃饭不便,想吃得没有,就大锅饭,比监狱还操蛋
老子也是那来毕业的,那个烂学校我都没法说了。就会骗钱。
Дали навистина има доволно докази за да се вмеша Лан Ксијанг (Lan Xiang)? Исто така, дали доказите ќе се во врска со вкупниот бран на јавното државно мислење во Кина? Мораме да почекаме и да видиме како ќе се одигра оваа драма.