- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Божиќ во Ерменија, Грузија… и на Твитер

Категории: Грузија, Ерменија, Етничка припадност и раса, Религија, Уметност и култура

За разлика од западно-европските земји кои го прославија Божиќ на 25-ти декември, други земји го прославија Божиќ  во текот на оваа недела. Во Ерменија, ова прерасна  дури  и во најинтересна тема на Твитер благодарение на Ким Кардашиан, џет сетерка со американско-ерменско потекло  која објавуваше новости на Твитер, а тоа го читаа нејзините  5.796.422 симпатизери.

Вечер е Божиќ во Ерменија! Среќен Божиќ! [1]

Благодарение на симпатизерите на Кардашиан на Твитер, кои го споделија истиот линк на нивните профили и на сите оние кои ја споделија веста од симпатизерите на Кардашиан, информацијата за славењето на Божиќ во Ерменија на 6 јануари почна да се шири како вирусна инфекција.

Божиќот во Ерменија стана интересна тема благодарение на статусите на Кардашиан? Овие девојки имаат силно влијание. Утре и славењето на Божиќ во Ерменија ќе биде тренд. [2]

Но, во тоа и се успеа.

Леле, неверојатно! @RobKardashian Ерменскиот Божиќ стана најинтересна тема! Одлично! [3]

Сепак, како резултат на некои бесни одговори, американскиот комичар Дејв Чапел не беше баш сигурен дали овој празник е реална работа.

Среќен Божиќ во Ерменија! ОК. Вам ви беше редот да креирате празник. [4]

@davechappelle немаш поим од ништо! Ова е денот кога верниците на ерменската црква го слават Божиќ. Вака е веќе 1700 години. [5]

Се разбира, не беа само симпатизерите на Кардашиан кои ја објавуваа веста на Твитер. Корисниците на Фејсбук исто така постојано праќаа пораки и слики или пишуваа статуси за ерменскиот Божиќ.

6-ти јануари е денот кога се слави Божиќ во Ерменија………soooo Շնորհավոր Սուրբ Ծնունդ..”Shnorhavor Surb Tsnund” ….(Среќен Божиќ на ерменски)! =) [6]

Среќен Божиќ на сите верници во Ерменија! [7]

[8]

Среќен (Ерменски) Божиќ од Јереван (Ерменија)!

Земјата сосед, Грузија, како и неколку други земји го прославија Божиќ наредниот ден на 7-ми Јануари.

СРЕЌЕН БОЖИЌ на сите верници од Србија, Грузија, Украина, Македонија, Црна Гора, Грција и Ерусалим! Христос се роди! [9]

Среќен Божиќ на сите луѓе од Грузија! [10]

Моите пријатели од Грузија денес слават Божиќ. Нека им е честит Божиќ! #itsasmallinteterestingworld [11]

Според Јулијанскиот календар, денес во Грузија се слави Божиќ. СРЕЌЕН БОЖИЌ! Нека се остварат најголем дел од вашите сништа! [12]

[13]

Во мојот случај, Божиќ не помина во традиционални рамки и покрај тоа што бев во Ерменија.

Па, минатата вечер беше неверојатна. Налетав на грузиски метал бенд во Рок бар во Јереван. Грузиски Божиќ и музика од Слејр… 🙂 [14]