Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мексико: Масовна граѓанска тужба поднесена до Меѓународниот кривичен суд бара правда за криминалот со дрога

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Нарко-војната во Мексико.

На 25 ноември 2011 год., мексиканскиот адвокат за човекови права Нецаи Сандовал ја поднесе најголемата дотогаш граѓанска тужба во таа област пред Меѓународниот кривичен суд, барајќи да се спроведе истрага на одговорните за систематска злоупотреба на човековите права и злочинот против човештвото за време на борбата против криминалот со дрога, започнат уште пред 5 год. од страна на претседателот Фелипе Калдерон, на почетокот на неговото владеење.

Жалбата, писмено и преку он-лајн петиција беше потпишана од страна на 23 000 мексикански граѓани. Во петицијата се бара истрага да биде спроведена и на двете засегнати страни во борбата против криминалот со дрога во Мексико: шефовите на картелите, како Ел Чапо Гузман, и владата на претседателот Фелипе Калдерон, вклучувајќи го и претседателот, командантите на војската и Секретаријатот за јавна безбедност.

Претседателот Фелипе Калдерон на Меѓународниот форум за Латиноамериканска безбедност 2011 од Organización Demócrata Cristiana de América, под лиценца (CC BY 2.0).

Тужбата не значи дека Меѓународниот кривичен суд ќе го прифати случајот или дека ќе работи на негово решавање; прво тие треба да анализираат дали постојат услови да го прифатат случајот.

Меѓутоа групата која ги застапува 23 000 мексиканци, тврди дека владата нема намера да се расправа со борба против криминалот со дрога. Повеќето од овие злосторства, како регрутирање на деца како sicarios (платени убијци), не се сметаат за криминал во Мексико.

Блогот Aмерикан Тинкер состави неколку изјави на Сандовал:

Ние апелираме судот да ги истражи присилното исчезнување, регрутирање на деца под 15 год. како платени убијци, противзаконско погубување од страна на војниците, осакатување како знак на заплашување, напади врз населението, принудно раселување, силување на жени и девојчиња, тортура од страна на војниците, напади чија мета се центрите за рехабилитација од дрога, киднапирање, продажба и поробување на мигрантите од страна на мексиканските имиграциони власти.

[…]

Судска постапка е оправдана само во случај кога државата не сака или не може да отпочне кривична постапка за да се казнат одредени злодела како што е дефинирано со римското право… Ниту една од овие премиси не се однесува на овој случај,

Изготвената жалба за Меѓународниот кривичен суд вклучува повеќе од 400 документирани злосторства извршени од страна на мексиканската војска, некои веќе се изложени од страна на следбениците за човекови права во извештајот „Ниту права, ниту сигурност“, објавен на 9 ноември 2011 год.

Ројтерс истакна некои важни ставови што се однесуваат на оваа тужба:

„Постојат голем број на докази кои обвинителот треба да ги провери пред да донесе одлука за отпочнување на истрага”, изјави Ричард Дикер, експертот за меѓународна правда заедно со следбениците за човекови права. […]

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Луис Морено Окампо, треба да одлучи дали злосторствата набројани во жалбата на активистите, како што е малтретирање на осомничените злосторници, се квалификувани како злодела против човештвото.

„Злосторствата мора да биле општоприфатени или систематизирани, спроведени од страна на државата или организации за напади врз населението“, рече Дикер.

„Тоа со сигурност е многу спорно”, истакна Вилијам Шабас, професор по меѓународно право на Мидлесекс универзитетот.

Професорот по право Џон Акерман (@JohnMAckerman), вклучен во решавањето на овој случај, објави во „Процес0“:

Moreno Ocampo solamente podría negarse a dar entrada a la denuncia si la petición fuera “frívola” o “motivada políticamente”. Aquí es importante señalar que los que promueven la iniciativa son exclusivamente académicos, periodistas, artistas y abogados de la sociedad civil. A los políticos no les interesa el tema, porque saben perfectamente que una investigación de la CPI podría revelar la profundidad de la interrelación entre la clase política entera y el crimen organizado.

Главниот обвинител Морено Окампо (Moreno Ocampo) единствено може да ја одбие тужбата доколку петицијата е „несериозна” или „политички мотивирана”. Овде е важно да се истакне дека оние кои се залагаат за оваа иницијатива се воглавно академици, новинари и адвокати на граѓанското општество. Политичарите воопшто не се интересираат за оваа тема поради тоа што тие знаат дека истрагата што ќе ја води меѓународниот кривичен суд може да ја открие позадината на заговорот на политичката класа со организираниот криминал.

Мислењата се поделени исто како и самата држава. Многу граѓани го сметаа ова за „политички потег” на левицата со цел да го засрамат Калдерон. Меѓутоа повеќето без особена определена политичка страна или симпатии за институционални политички сили, исто така ја потпишаа петицијата.

Виктор Белтри (@Vbeltri) оваа жалба ја нарече „манипулација”:

El #JuicioaCalderón, notoriamente improcedente, busca más crear ruido político en México que una solución real a la violencia. Manipulación.

#судењетозаКалдерон, очигледно не е фер, има поголема потреба да се создаде политичка врева во Мексико, отколку реални решенија за насилството. Манипулација.

Други, како @thinkmexican, го сметаат ова за чекор напред кон подобрување на државата:

Не дозволувајте на никој да рече дека Мексиканците не прават ништо за да го поправат Мексико. Актуелното соединување со Меѓународниот Кривичен Суд го побива тоа тврдење.

Неци Сандовал @Netzai_Sandoval твитна по поднесувањето до Меѓународниот кривичен суд во Хаг:

Se nos reclama no ser propositivos, pero la propia denuncia ante el fiscal CPI señala los temas que hay que corregir en Mx #juicioaCalderon

Некои велат дека не даваме никакви предлози но, жалбата поднесена до главниот обвинител ги нагласува проблемите во Мексико што треба да бидат решени.#судењетонакалдерон

На неговиот Твитер профил тој наведе барем десет приоритети кои што беа земени во предвид во тужбата, како на пример потребата да бидат дефинирани воените злосторства, како што се принудена изведба, во сите држави на Мексико.

Неколку недели подоцна Даниел Хернандез, истакнат блогер и надежен новинар во врска со мексиканскиот конфликт околу борбата против криминалот со дрога на блогот на Лос Анџелес Тајмс, Светот сега напиша:

Планот е навистина неизводлив, но дали е веродостојно сегашниот мексикански претседател да се соочи со тужбите во врска со воените злосторства во Хаг?

ИСП Њуз, Торонто стар и Реформа во извештајот за жалбата ги објавија негодувањата на граѓанското општество во врска со неправдата од страна на мексиканската влада.

Сите информации во врска со тоа дека 23 000 мексикански граѓани бараат судење пред Меѓународниот суд за правда, можат да бидат најдени на блогот:  Juicio Penal Internacional a Calderón.

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Нарко-војната во Мексико.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.