Новите закони за интернет во Русија – и нивното молчеливо прифаќање од страна на технолошки гиганти од САД – предвидуваат проблеми за луѓето со различни ставови

Протест против онлајн цензурата во Калининград, Русија. На плакатот пишува: „Почитувајте го рускиот устав“. Фотографија на Александр Подгорчук, Klops.ru. (CC BY 4.0)
Законот изготвен во 2017 година кој ги регулира онлајн активностите и анонимното изразување стапи во сила во Русија на почетокот на декември 2018 година.
Законот „за информации и информатички технологии“ предвидува какви содржини може легално да се прикажуваат на интернет-пребарувачите. Руската федерална служба за надзор на комуникациите, информатичките технологии и масовните медиуми (Роскомнадзор, позната како „министерството за цензура“) веќе одржува регистар на забранети веб-локации, кој беше создаден во 2012. На списокот на забранети веб-локации има сè од игри на среќа до екстремистички материјали и информации за користење наркотици. На интернет-пребарувачите сега им е забрането да ги прикажуваат овие веб-локации во резултатите од пребарувањата.
За да го олеснат користењето на овој регистар, руските агенции создадоа Федерален државен информатички систем да служи како мост помеѓу регистарот и интернет-пребарувачите. Законот сега ги обврзува интернет-пребарувачите да се поврзат со овој систем преку АПИ, со што забранетите веб-локации автоматски ќе се филтрираат. Најголемиот руски интернет-пребарувач „Јандекс“, се поврза преку АПИ, но „Гугл“ сè уште не ги почитува новите услови, што може да доведе до прекршок и мала парична казна (барем за „Гугл“) со максимален износ од 700,000 рубљи, или околу 10,000 американски долари.
Законот исто така наведува кога и како корисниците може анонимно да го користат интернетот, на пример преку ВПН (виртуелни приватни мрежи), софтвер кој овозможува на корисниците да го маскираат изворот на нивниот интернет-сообраќај преку сервери во други држави и со тоа да ги избегнат локалните ограничувања и цензура.
„Гугл“ веќе некое време ги цензурира резултатите од пребарувањата во Русија водејќи се според локалните закони. Врски кон популарните руски веб-локации за торенти не се појавуваат ниту на „Јандекс“ ниту на „Гугл“ повеќе од една година бидејќи Роскомнадзор ги оцени таквите веб-локации како нелегални. Како што пишуваше „Рунетехо“ во минатото, „Гугл“ исто така бил мета на обвинувања заради претераното усогласување со барањата за цензура од страна на руската влада, како на пример отстранувањето на видеа на „Јутјуб“ поставени од опозиционерот Алексеј Навални и неодамнешното блокирање на музички спот на еден контроверзен рапер.
Пред неколку години, „Гугл“ премести некои од серверите во Русија согласно законите кои ги повикуваат компаниите да ги чуваат податоците за руските граѓани на руско тло. Со тоа што дел од серверите сега се во Русија, властите сега можат подиректно да ја принудат компанијата да ги почитува локалните закони.
Корисниците одамна препорачуваа користење на ВПН за заобиколување на овие видови мерки, но одредбите од законот го опфаќаат и ова: провајдерите на ВПН мора да ги блокираат веб-локациите, во спротивно самите ќе бидат блокирани. Но, ова е многу полесно да се каже отколку да се оствари. Руската влада ја забрани апликацијата „Телеграм“ во 2018, но таа е сè уште е активна и се користи насекаде низ Русија без ВПН. Исто така, децентрализираната инфраструктура на ВПН сервисите придонесе за помал успех при обидите за нивно блокирање. Со ова, паричната казна станува највпечатливата опција достапна на Роскомнадзор во борбата против ВПН и пребарувачите кои не се поврзани со новиот федерален систем.
Предложените парични казни можеби се чинат незначајни кога станува збор за огромните технолошки компании како „Гугл“, но извори блиски до руските технолошки оператори имаат изјавено дека се подготвуваат амандмани за драстично зголемување на казните. Наместо да се ограничат казните до 700,000 рубљи, новите правила наводно ќе ги зголемат казните до 1% од заработувачката на компанијата.
Засега обичните интернет-корисници не мора да се грижат за таквите големи казни, но наскоро и тие би можеле да се соочат со други последици заради анонимното користење Интернет. Роскомнадзор ги промовираше новите правила кои бараат од апликациите за размена на инстант-пораки да ги идентификуваат корисниците на основа на нивниот мобилен оператор. Ова всушност го врзува телефонскиот број на корисникот со личниот идентитет.
Апликациите како „Сигнал“ и „Телеграм“ се гордеат со тоа што дозволуваат на корисниците да комуницираат анонимно доколку сакаат. Со тоа што руската влада ги обврзува ваквите апликации да го верификуваат идентитетот на корисникот со давателот на услугата, таа се обидува да се бори против дисидентите и она што го смета за криминална активност. Од „Телеграм“ доброволно се регистрираа кај Роскомнадзор во 2017, што ги прави одговорни пред новиот закон. „Сигнал“ не ги чува серверите во Русија и можеби ризикуваат да бидат забранети заради непочитување на правилото без оглед на фактот дека бројот на корисници на апликацијата во Русија е прилично мал.
Александр Жаров, кој е на чело на Роскомнадзор, јасно изјави:
Возможность анонимной коммуникации в мессенджерах затрудняет деятельность правоохранительных органов при расследовании преступлений. Нынешнее постановление правительства – необходимый шаг к созданию безопасной коммуникационной среды как для граждан, так и для государства в целом
Можноста анонимно да се комуницира со апликациите за инстант пораки ја отежнува работата на полицијата за истражување на криминални дејствија. Моментниот декрет на владата е неопходен чекор кон создавање на безбедна средина за комуницирање и за граѓаните и за државата во целост.
Во многу случаи, можноста за анонимно поставување онлајн содржини е важен фактор за корисниците. Можноста да се изрази мислење или да се изложат неправди без да користи вистинскиот идентитет е поважна сега од било кога во минатото, со оглед на тоа што луѓе се имаат соочено со кривични пријави заради обично „објавување“ мемеа.
Последиците од обелоденет идентитет на интернет-корисник се веќе видени во различни сценарија. По самоубиствениот напад кој се случи минатиот месец во просториите на ФСБ (Федералната служба за безбедност, руската домашна разузнавачка агенција), администраторот на анонимен канал на „Телеграм“ беше уапсен за ширење на пораки кои го глорифицираат напаѓачот. Останува непознато дали од „Телеграм“ соработувале со полицијата при откривањето на овој корисник, но доколку апликациите за размена на пораки започнат да го почитуваат овие правила, бројот на кривични гонења може да порасне а, пак, изразувањето на поинакви ставови на Интернет да опадне.
Овие нови закони и правила, покрај плејадата други закони кои го регулираат прибирањето податоци за интернет корисниците, го отежнуваат користењето на онлајн платформи за изразување на незадоволството во Русија. Во време кога јавниот простор, вклучително и на Интернет, се соочува со сè поголеми ограничувања на изразувањето во Русија, понатамошни ограничувања би требало да ги загрижат и Русите, и сите други. Иако поединечните корисници можат да преземат мерки за заштита на нивните кориснички профили, како што е користење на верификација преку два фактори, тие не можат да направат многу кога станува збор за заштита од пренесувањето на нивните податоци до властите низ „задни врати“.
Овој напис е дел од RuNet Echo, проект на Global Voices со кој се интерпретира рускиот интернет. Сите написи ·
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
Категории

Започни ја конверзацијата
Овој напис е дел од RuNet Echo, проект на Global Voices со кој се интерпретира рускиот интернет. Сите написи ·
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!