Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Човек од Тринидад претвори дупка во џакузи како смешен но ефективен знак на протест

Слика од екранот од видеото „Огромна дупка“ кое многу брзо се прошири во Тридидад и Тобаго, на која го гледаме изнервираниот Кен како ја користи дупката пред неговиот дом како џакузи.

Во Тринидад и Тобаго има различни видови протести – интернет-кампањи, штрајкови со глад, горење отпад, па дури пливање меѓу двата острови – но дупка која може да собере човек никогаш порано не била претворена во џакузи:

Човекот кој е идентификуван само како „Кен“ од корисникот на друштвени мрежи кој го снимил и поставил видеото на 4 јануари 2018 година, го изгубил трпението по 10 дена јавувања до Водовод и канализација на Тринидад и Тобаго (ВКТТ) за да поправат протекување кое било толку лошо што предизвикало ерозија на дел од улицата пред неговата куќа, а ироничната пресвртница е што не му стигнувала вода преку цевките дома.

И така, тој ја искористи најдобрата опција во моментот – си се релаксираше во дупката.

Благодарение на неговиот невиден креативен протест, Кен веднаш стана сензација на друштвените мрежи, па дури доби и регионални пофабли за неговата тактика. Следниот ден ВКТТ испрати екипа да го поправи протекувањето и големата дупка.

Корисникот на Фејсбук Ниса Пеар објави слики од тимот на ВКТТ на работа и се шегуваше:

WAYZ! As of 1:45am, Ken’s jacuzzi is no more! There goes my weekend plan! I kid. WASA wukkin!

Ау! Џакузито на Кен го нема од 1:45 утрово! Ми отиде планот за викендот! Се шалам. Работат од ВКТТ!

А не е дека организацијата не беше соодветно „натепана“ на друштвените мрежи. ВКТТ и онака ја биеше глас дека ги копа патиштата за поправки а потоа не ги враќа во нивната првобитна состојба. Има постојана шега во Тринидад и Тобаго за „официјални дупки“, кои се оставени затворени толку долго време што најлесната работа што може да се направи е да се нацрта бела линија околу нив за да се предупредат моторџиите за опасноста.

На Ендрју Џејмс воопшто не му беше интересна ситуацијата:

Shameless in a so called devolving country bad administration bad people just collecting pay under false pretense at the expense of taxpayers

Без срам, во т.н. деволвирана земја, лоша администрација, лоши луѓе само собираат пари со лажен изговор на грбот на даночните обврзници.

Ања С. Легаир беше воодушевена што проширувањето на видеото со џакузито низ интернет беше потребното нешто за проблемот да се поправи; Уште една корисничка на Фејсбук, Кели Мари се согласи:

So thats how to get things done in this country…you have to get on social media..okay .. for Mr.Ken… lesson learnt

Значи така стојат работите во оваа земја…треба да си на друштвените мрежи….добро…за г-дин Кен…лекцијата е научена.

Гадењето и сè останато настрана, корисниците на Интернет беа воодушевени од Кен:

Џакузи во дупка за победа.  #PotholeJacuzzi [Џакузи во дупка]

На Фејсбук, Чад Рамгати рече:

Give this man an award….
And some antibiotics too.

Дајте му на човеков награда….
И некој антибиотик исто така.

Шазард Бансрај одговори:

Apparently embarrassment is the key to getting the government to act in this country . I'm opening some hot springs […] if anyone would like to patronize.

Очигледно, срамот е клучот за да се натера владата да делува во оваа држава. Отварам бањи […] ако сака некој да потпомогне.

Дензи Џејмс се согласи:

People really have to be extreme in this country to get results

Луѓето ептен треба да одат до крајност во оваа држава за да добијат резултати.

Можеби, но остроумноста на Кен донесе резултати, што докажува дека малку хумор многу значи – па дури излезе и како херој на крај. За Ти – Јадана Ла Џордан и двете страни биле во ќар:

Ken is a darling and Ken showed up WASA's incompetence

Кен е мил, и Кен ја покажа неспособноста на ВКТТ

И за крај, ЕмиАвардс Браун мисли дека државата треба соодветно да ја признае остроумноста на Кен:

The entire nation should do this
Well done papa you deserve a national award

Целата нација треба да го направи ова
Браво дедичко, заслужуваш национална награда.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.