- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Контроверзија околу претседателскиот извод на раѓање предизвика граѓански немири во Габон

Категории: Супсахарска Африка, Габон, Владеење, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Политика, Протест, Човекови права
Protests in Libreville, Gabon against president Bongo on on December 20 - via OpGabon with permission  [1]

Протести во Либервил, Габон против претседателот Бонго на 20 декември – виа ОпГабон користено со дозвола

Избувнаа судири помеѓу полицијата и опозицијата [2] во Габон на 20 декември кои доаѓаат по прашањата за легитимноста на претседателот Али Бонго. 

Новата книга „Нови африкански прашања“ од францускиот новинар Пјер Пеан тврди дека наводно претседателот Али Бонго е со нигериско потекло [3]. Книгата беше отфрлена од властите, обвинувајќи го новинарот за поттикнување на расна омраза во Габон. Судирите резултираа со смрт на еден студент и неколку апсења. Фотографии од протестите на социјалните мрежи и нивното влијание на граѓаните, како што се следниве, беа масовно споделувани на габонската блогосфера:

Вистина или лага, сумиран бурниот викенд во Габон http://t.co/hu4r9iWtya [5] #Libreville [6] #obs [7] #Bongo [8] @cbainier [9]