- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Дали смртта на карикатуристот ќе доведе до воведување подобри сообраќајни закони во Бермуда?

Категории: Кариби, Бермуди, Граѓански медиуми, Закон, Медиуми и новинарство, Политика, Туризам

Сакан политички карикатурист од Бермуда почина откако беше удрен од моторно возило додека бил на пат [1] да го достави неговиот најнов цртеж до весникот каде работел. Блогот „Beach Lime“ забележува [2] дека „градските власти на Хамилтон веднаш реагираа да се помести пешачкиот премин [3] понастрана од кружниот ток, во напори за подобрување на безбедноста на пешаците“. Сепак, блогерот вели дека може да се направи и повеќе [2], вклучувајќи го и поставувањето на добра сигнализација и осветлување, дури и изградба на издигнат пешачки премин.

Во следен пост [4], тој се сеќава на неговите искуства во сообраќајот и предвидува дека доколку во скоро време не се превземат правилните мерки, прашање на време е кога ќе ја имаат следната жртва на патот:

Се пали зеленото светло, колата пред мене тргнува полека, и тогаш – зуум, сив хечбек поминува [на] црвено светло.

На луѓето овде не им е гајле, бидејќи знаат дека ризикот да бидат во невоља е многу мал. Останатите возачи и пешаци се приморани да користат потези да ги одбегнат. Со сила, нема правдина. Можеби има камери на раскрсниците (којзнае?), но не постои полиса или присуство на овие сценарија.