Во време кога војната во земјата влегува во четвртата година и со повеќе од 100.000 жртви и милиони луѓе раселени во соседните земји барајќи засолниште, христијаните во Сирија тивко го слават Божиќ.
Како што се вели во овој извештај на Ал Џезеира, со засолништето дојдоа и вкочанувачка зима и молитва за повраток:
Оваа година, Сирија беше сведок на огромен пустош, смрт и стравотна бројка на киднапирања, нешто што ги остави најголемиот дел од луѓето без надеж. Оваа безнадежност може да се види и во делата на уметниците кои, напати, во само едно уметничко дело, подобро отколку со милиони зборови, го изразуваат јадот на нацијата.
Прикажување на Дедо Мраз во сириските цртежи
Настојувајќи да ги прикаже киднапирањата во Сирија, Џавад го насликал Дедо Мраз во парталава облека како клечи на коленици со пиштол вперен во неговата глава:
[потекло на фотографијата: Фејсбук страницата Art by Jawad (Уметност на Џавад)]
[потекло на фотографијата: Фејсбук профилот на Anas Salameh (Анас Саламех)]
Дедо Мраз може исто така да се види облеан во солзи бидејќи неговите подароци пристигнале предоцна за измачените деца на Сирија:
Направено од Comic4 Syria كوميك لأجل سوريا [потекло на фотографијата: Фејсбук страница на Comic4 Syria كوميك لأجل سوريا ]
Цртеж на Висам ал Џезарири [потекло на фотографијата: Фејсбук страницата Wissam Al Jazariry Artworks (Цртежи на Висам ал Џезарири)]
Една сатира која свирејќи ја божиќната мелодија на Jingle Bills повикува на слобода и отстранување на Башар ал Асад од власт. Авторот, познат како Могвли Мовгли (Mogwli Mowgli), умрел додека бил измачуван:
Анвар ал Еиса црта метафорички украс потопен во крв како виси во фрижидер, со тоа опишувајќи ги грозно-студените услови низ кои многу Сиријци поминуваат овој Божиќ:
[потекло на фотографијата: Фејсбук страницата на Anwar (Анвар)]
Додека Хани Абас ја прави (елката) од бегалски шатори:
[потекло на фотографијата: цртежот на Хани Абас]
[потекло на фотографијата: Фејсбук профил на Mohamad Alweis (Мохамед Алвајс)]