Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Јужна Африка го слави денот на младите и се сеќава на минатото

16 јуни, кој овде во Јужна Африка сега се смета за „Ден на младите“, е ден на кој се потсетуваме на нашето минато. На 16 јуни, 1976 година, се случи Совето востанието, кое беше предизвикано од законите со кои беше наметнато секоја настава да се врши само на африкаански јазик.

Утрото, на 16 јуни 1976 година, илјадници црни ученици маршираа од нивното училиште до стадионот Орландо, каде сите се здружија за да протестираат против наставата на африкаански. Многу ученици кои подоцна тоа утро дојдоа на училиште, без претходно да бидат информирани за протестите, сепак подоцна им се придружија.

Се проценува дека помеѓу 300-600 луѓе го загубиле животот за време на востанието, кое стана одлучувачки момент во борбата против апартхејдот.

На блогот Редемпшн Тајм, авторот дава преглед на денот:

Би можел да кажам многу во врска со тој ден, но ќе се ограничам на неколку точки. Низ целата историја, апартхејд системот и тоа што тој им го направи на луѓето и младите кои беа против него, секогаш ќе остане една од најголемите трагедии што досега му се случиле на човештвото. Мојата најголема почит е за оние  млади луѓе, кои точно на оној ден ги предизвикаа апархејдските сили и во 1976 година се спротивставија на африкаанските медиумски инструкции. Хектор Питерсон и оние кои беа на негова страна, залагајќи се за нивните права, секогаш ќе останат во сеќавањето во нивната земја  .

На блогот Платформ 2, авторот пишува за тоа како на 16 јуни се прослави востанието и за музиката како форма на протестите:

Хип-хоп нацијата ќе знае, дека на 16 јуни ни беше подарен син, во форма на рап-легенда, од политичкиот активист Афени Шакур, и Мзанси нацијата исто така ќе знае дека на истиот ден, во 1976 година беше напишана историјата. Благослов е да се почитува овој ден не само како млад јужно-африканец туку и како хип хоп фанатик. Музиката која ние ја слушаме е исто толку револуционерна како и борбите за слобода, чијшто гнев е присутен во воздухот на улиците. Тие се борeле за друга кауза која е поврзана со нивните политички проблеми, но со истите намери за ослободување, како и денешната младина. Па, можеби ние не сме мобилизирани толку многу како луѓето од 1976 година, но вистината е дека ни требаат истите работи, ни треба нашата слобода и тоа јасно се гледаше за време на изборите во април, кога мнозинството млади луѓе гласаа. Ние се собравме да ја браниме нашата слобода, гласавме бидејќи сакавме да ставиме акцент на нашето страдање и борба. Откако нашите намери беа извртени преку ксенофобијата, криминалот и злоупотребата со дрога, возвративме на позитивен начин, исто како што се бунтуваше Хектор Питерсон против Банту образовниот систем, и нашиот бунт се одржа за време на гласањето.

Фебјулозити пишува дека проблемот опфаќа многу повеќе, отколку наставата на африкаански:

Проблемот не се однесуваше толку на Африкаанскиот, туку на целиот систем на Банту образование кој беше карактеризиран со одделни училишта и универзитети, лоши објекти, преполни училници и лошо обучени учители.

Тандо Чангела ги дискутира ефектите на протестите:

Со тоа започна ерата на студентските и младинските движења, кои кулминираа во 1980-тите години со немирите во населените црнечки квартови и кризата на културата на учењето и наставата, кога учениците излегоа на улиците за да се борат против апартхејдот. Цел беше земјата да се направи неспособна да владее и по секоја цена да се достигне слободата, иако тоа значеше дека поради тоа ќе страда нивното образование. Мотото беше „Прво слобода, а потоа образование“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.