Јапонија: Дали е погрешно да се искачува на планината Фуџи со празни раце?

Ако паѓа дрво и нема никој во близина да го слушне тоа,vважно ли е дали ќе направи звук или не, кога дрвото си ја врши својата работа?vБлогерот Мојикс (Mojix) внимателно ги проучува планините, моралот и пораките во еден јапонски пост со наслов Дали е погрешно да се искачува на планината Фуџи со празни раце?.

Забелешка: Постот е преведен во целост со дозвола од блогерот. Сите линкови беа додадени од Томоми Сасаки со повик за нивен преглед.

Mount Fuji / 富士山(ふじさん)

Слика од планината Фуџи од Фликер (Flickr) корисник ТANAKA (TANAKA) Juuyoh (田中十洋) под лиценца на Криејтив Комонс (Creative Commons)

Извадок од онлајн написот Јомиури – Човек од задоволство се качува на планината Фуџи со празни раце, потребна му е помош – објавен 3 јули, 12:07: (Забелешка: натписот повеќе не е на интернет).

2 јули, 21:45 – Човек ја повикал полицијата од Осмата станица на планината Фуџи [надморска височина: 3.250 метри], велејќи: “Јас се качувам на планината Фуџи, но не носам батериска светилка. Премногу е темно за да се види патот и ми е страв. Ве молам помогнете ми”.

Шест планински спасувачи од планината Фуџи предводени од полицијата во околу 23:30 спасиле човек кој самиот се спуштал на шестата станица [надморска височина: 2.490 метри]. Човекот не бил повреден. Според спасувачите, тој бил 22-годишен работник во салон за коцкарски игри од Накано Вард во Токио. Тој почнал да се качува на планината Фуџи од петтата станица по курсот Фуџиномија (Fujinomiya) околу 17:00 часот. По достигнување на деветтата станица [надморска височина: 3.460 метри], тој се откажал и почнал да се спушта пред да се јави за помош од својот мобилен телефон кога почнувало да се стемнува.

Човекот беше облечен во кошула со долги ракави, фармерки и патики. Тој беше со празни раце и не носеше ниту  храна, ниту опрема. Сезоната за качување на планината Фуџи започна на 1-ви јули, но температурата околу шестата станица е 2 степени Целзиусови. Човекот немаше искуство за качување и беше помирен со тоа, велејќи: “Јас почнав да се качувам од задоволство”. Спасувачите  изјавија: “Еден погрешен чекор и ќе било прашање на живот или смрт. Ние би сакале сите да доаѓаат со целосна опрема, дури и за време на летниот период.”

Погледнете го овој графикон за да имате претстава за надморската височина од секоја станица во написот “Водич за качување на планината Фуџи и уживање во Мајката природа” напишан од јапонската државна туристичка организација.

Мојикс (Mojix) дава неговата перпектива за извадокот.

За искусен алпинист, да се обидуваш да се качуваш на планината Фуџи без опрема е смешно. Тие можеби ќе кажат, “Не го потценувајте планинарењето!”. Било да е тоа планината Фуџи или некоја на Јужниот пол, но сепак мислам дека одлуката е во основа она што треба да се остави на поединецот.

Се обложувам дека постојат многу луѓе кои се искачуваат на планината Фуџи со празни раце. Станува интересно кога ќе се случи инцидент како овој, но многу луѓе најверојатно се враќаат неповредени. Можеби дури се враќаат размислувајќи, “Ах, беше многу полесно, бидејќи не носев ништо”.

Сега, проблемот е кога едно лице се губи или речиси умира. Тие тогаш бараат спас, со што општеството во целина ја плаќа цената за повредата. Дури и ако не е направен обид за спасување и тој умре, мртвото тело неможе да биде оставено во планините. Тоа е сепак товар во кој општеството ја плаќа сметката.

Прашањето не е за качување на планината Фуџи без опрема. Се работи за тоа дека “не се во состојба да преземат целосна одговорност за своите постапки” и “предизвикуваат проблеми на општеството” кога нешто ќе се случи.

Од друга страна, ако човек може да ја преземе целосната одговорност и да не предизвика проблеми, ништо не треба да биде забрането, дури и најсмешните обврски.

Спасениот човек беше намерно опишан како “еден 22-годишен работник во салон за игри Пачинко (Pachinko) од Накано Вард”. Описот за неговата опрема беше “не носи ниту храна ниту опрема” остава впечаток на читателот дека тој е безгрижен, па дури и невнимателен, човек. Сепак, размислиете за тоа! Луѓето ќе се изгубат кога ќе се изгубат, и ќе умрат кога ќе умрат … тоа може да се случи дури и на моќните директори и бирократи кои се на високо ниво, па дури и со целосна опрема. Всушност, би можело да се рече дека искусен човек може да биде  изложен на поголем ризик поради лажна доверба во себе.

Овој вид на статија се сведува на еден вид форма на “соопштение за јавна расправа”. Ако повеќе луѓе почнат да се качуваат на планината Фуџи, без соодветна опрема, се зголемува можноста за неволја и цената на спасувачки мисии. Значи, тие ни кажуваат за да бидеме соодветно опремени, кога се качуваме на планината Фуџи. Тоа е како морално образование во основно училиште, но и користење на средствата за јавно информирање во текот на целата година.

Забраната за искачување на планината Фуџи без опрема навистина не влијае на нашата слобода. Сепак, влијанието е пораспространето кога темата е ограничување на производство на Коњац Јели (Konjac jelly), продажба на лекови преку интернет, вработување на сезонски работници или раскинување на договорите за вработување. Ставот на владата е да се промовираат построги ограничувања за овие видови на теми. Затоа, секоја вест од видот на “соопштение за јавна расправа” ја зазема областа на катастрофи кои се случиле  затоа што немало никакви ограничувања во тоа место. Ако ние ги кажуваме правилата, можеме да ги спречиме овие непогоди. Несреќите, цената или неправедностите што можат да произлезат од ваквите правила не се спомнуваат.

Додека немаше негирање дека човекот направи невнимателен потег, правејќи карактерискика за да се спомене дека тој е “22-годишен работник во салон за коцкарски игри” дава најава за внимателно смислено соопштение за јавна расправа. Ако човекот беше извршен или високорангиран бирократ, во голема мера се сомневам дека ова би ги погодило вестите.

Благодарение до Зиги Окугава (Ziggy Okugawa) за помошта околу преводот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.