Перу: Заложничка драма во Лима

Улицата каде што се наоѓа банката. Фотографија од solopedrito

Во се уште неразјаснети околности, напаѓач држеше окупираше банка во областа позната како Гамара во Лима, заедно со неколку клиенти и вработени за заложници. Од 14 часот, приближно седум часа , развојот на овој настан држеше многу Перуанци „залепени” за радио приемниците, телевизорите и компјутерите. Вестите се раширија преку интернет, поточно Твитер, @solopedrito кој бил најблиску до локацијата, напиша:

Gente en gamarra hay un pata que está robando un banco. amenasa con explotar una bomba

Луѓе, во Гамара има ограбувач кој држи банка во заложништво. Се заканува дека ќе активира бомба.

Solopedrito прикачи слики и видео. Набрзо, се приклучија новинари од истата област:

@ejgarcia2 Asalto en Banco Continental jr. Hipolito Unanue- Gamarra en La Victoria. http://yfrog.com/0p99z0j

@rebecahoyos Estoy en camino a Gamarra. Si tengo alguna novedad con la toma de rehenes en el banco continental les cuento.

@ejgarcia2 Грабеж на Континентал филијала во Гамара ка ла Викторија.  http://yfrog.com/0p99z0j

@rebecahoyos Тргнат сум кон Гамара. Ако добијам новости за заложничката ситуација во банката, ќе ве известам… 

За веб локацијата Clases de Periodismo (Новинарски класи) ова покривање на настанот во живо претставува едно од најзначајните искуства на соработка помеѓу корисниците на Твитер и перуанските медиуми. Од почетокот, упорното пишување ипишување на Твитер ја направи Гамара, тема во тренд за само неколку часови. Ова беше нагласено од некои, додека други сметаа дека не е толку важно.

@psicosour: Yee? RT @jfowks: RT @perucom: Asalto en Gamarra es trending topic en Twitter http://goo.gl/ALeGm #Gamarra

@psicosour: Јеее? RT @jfowks: RT @perucom: Грабежот на банката е популарна тема на Твитер http://goo.gl/ALeGm #Gamarra

Во маглата на дезинформации за настанот, никој не беше сигурен колку напаѓачи има и колку заложници. Многу се сомневаа во информацијата за ситуацијата што се одвиваше во банката, полициската работа и гласините кои се појавија. Додека едни сметаа дека е важно да се известува, други велат дека така само се прават збрки и се отежнува работата на полицијата или ги критикуваа новинарската етика и новите одговорности:

juan_delgado cc @elcomercio @perucom RT: @franco626: Secuestradores logran demostrar que a periodistas “serios” en realidad les gusta el morbo

RT: @Plan_F: Eso ya es cojudazo… ya es exceso! RT @jgranados: en Terra están pasando la posición de los francotiradores #Gamarra

RT: @JotaC: A ver, dar información a quienes están cometiendo un delito es complicidad, no? A ver si meten presos a estos idiotas

RT @timpanoperu Bueno, una vez + se confirma el pesimo nivel d la prensa peruana, no informa, morbosa e inclusive complice!!! #Gamarra

RT: @larepublica_pe: No se sabe el número exacto de rehenes en el banco, se habla de entre 8 y 14 personas http://goo.gl/FbzyW #Gamarra

RT: @omar_gavidia: @solopedrito informa que los saqueos en Gamarra son falsos…

NinaGoya Se sorprenden de q la prensa suelte “detalles” q puedan entorpecer el rescate, si sabemos q son amarillistas, les importa vender no informar

juan_delgado cc @elcomercio @perucom RT: @franco626:  Напаѓачите успеаја да покажат дека дури и „сериозни” новинари претпочитаат морбидни приказни

RT: @Plan_F: Ова е нечуено, премногу е! jgranados: На Тера некој известува за снајперските позиции. #Gamarra

RT: @JotaC: Да видиме, давање информации на оние кои вршат кривично дело е соучество, нели? Дајте да ги судиме овие идиоти

RT timpanoperu: Добро, уште еднаш е потврдено колку се подли перуанските медиуми, не информираат, морбидни се, и помагаат на криминалците

RT: @larepublica_pe: Никој не знае колку заложници има, се зборува за 8 или  14.

RT: @omar_gavidia: @solopedrito вели дека грабежот во Гамара не е вистински…

NinaGoya изненадена си поради тоа што медиумите  даваат „детали” кои можат да му одмогнат на напорот за ослободување на заложниците, сите ние знаеме дека тие се сензационалисти, поважно е да се продаде отколку да се информира

Малку пред 21 часот се дозна дека се работи за само еден ограбувач во банката. По неколку неуспешни преговори, полицијата реши да делува пред да ги расчисти околните бизниси, посматрачите, новите групи и роднините на заложниците да отстапат. Во моментот кога ограбувачот се појавил на прозорецот да погледне, беше застрелан со снајпер во главата, а потоа заложниците беа ослободени. За неколку минути веста се емитуваше на локалната телевизија.

RT: @RPPNoticias: En Vivo:Personal policial ingresan al banco Continental en Gamarra y comienza la salida de rehenes http://bit.ly/9Hvk8A

RT: @javi270270: Periodismo PERU! RT @Plan_F: Aguanta man, esas imágenes del 5 son muy crudas… no seas pendejo! 

RT: @larepublica_pe: Imágenes muestran que el secuestrador tenía explosivos en el cuerpo.  #Gamarra (Vía Panamericana)

RT: @perucom: SANOS Y SALVOS. Liberan a rehenes y muere secuestrador del Banco Continental en #Gamarra http://goo.gl/FhxAg

Plan_F Sres. periodistas, lo mataron, chévere, de ahí a q vengan como TODOPODEROSOS a querer q aprobemos imágenes q están d más, vete a la mierda

RT: @fatimatv: Como no van a matar a un pobre diablo que priva de su libertad a gente y que està a punto de explotar una bomba. Bien hecho

RT: @NinaGoya#TRUE RT @gonmipaa: Qué lástima realmente. Ninguna muerte es para celebrarse

РТ: @RPPNoticias: Живо: полицијата влезе во филијалата на Континентал Банк и ги ослободи заложниците.

РT: @javi270270: Периодисмо ПЕРУ! РТ План ЕФ: Ви се верува ли, сликите од канал 5 се премногу сликовити…не бидете глупави!

РТ: @larepublica_pe: Сликите покажуваат дека ограбувачот имал експлозив на телото.  #Gamarra (виа Панамерикана)

РТ: @perucom: ЗДРАВИ И ЖИВИ. Заложниците се ослободени а ограбувачот умира во Континентал Банк во http://goo.gl/FhxAg

План Ж Новинарите, тие го убија, убаво, но вие се однесувате како да сте семоќни и сакате ние да ги одобриме сликите кои ги прикажувате, тоа е премногу, одете по ѓаволите.

РТ: @fatimatv: Зошто да не го убијат ѓаволот, кој ги лишува другите од слобода и се заканува со бомба. Така треба.

РТ: @NinaGoya#TRUE РТ @gonmipaa: Навистина, тажно. Ничија смрт не треба да биде славена 🙁

Навистина сликите прикажани овде, беа, да речеме барем шокантни. Можеше да се види ограбувачот легнат на подот, крвавеше, уште жив, како и еден од 32 та заложници со крвава облека поради прострелната рана во колкот. На телото на ограбувачот, имаше предмет кој наводно беше експлозив, но според полицијата бил лажен. Иако, во една торба имало бомба кој подоцна била дезактивирана. Сепак, потребно е малку подолг период да дознаеме што всушност се случи, во меѓувреме, корисниците на Твитер и понатаму шпекулираат:

РТ: @milanta: La bomba en el maletín era enorme. Si explotaba la tragedia sería impresionante.  #gamarra

RT: @sandro_medina: Pese al punto final, todo sigue algo confuso #Gamarra

martinhidalgo En América Noticias informan que el cuerpo del secuestrador fue llevado a la morgue. En RPP que está vivo. Seguimos en lo mismo de la tarde

Y bueno, ¿eran varios asaltantes y sólo se quedo uno?¿así lograron escapar los otros?¿el dinero?  #gamarra

juancarloslujan Ese ladrón era medio extraño: Pedía helicóptero, US$ 2 millones y portaba bomba con detonante color rojo.¿Lo vieron en TV?

@jaimedelcastill @Danyv21 Evidentemente, VENDIÉNDOSE A TRAVÉS D UNA VENTANA lo k nunca hace un DELINCUENTE PROFESIONAL Y AVEZADO … uhmmmmmm

RT: @milanta: Бомбата во торбата беше огромна. Ако експлодирала, трагедијата ќе беше ужасна. #Gamarra

RT: @sandro_medina: И покрај завршницата, се уште ништо не е јасно #Gamarra

martinhidalgo Америка Нотисиас информира дека телото било однесено во мртовечница. На РПП дека уште е жив. Исто е како попладнето.

Па, беа ли повеќе ограбувачи па само еден останал? Ако е така, како успеале другите да побегнат? Што е со парите? #Gamarra

juancarloslujan ограбувачот беше чуден: бараше хеликоптер, 2 милиони долари и држеше црвена бомба. Го видовте ли тоа на ТВ?

@jaimedelcastill, @Danyv21 јасно, се издаде самиот преку прозорецот, нешто што професионален криминалец никогаш не би направил…ааа.

Новинарот и блогер Сандро Медина од блогот Letra Suelta, одвои време да напише нешто што многу го знаат но се уште не е јавна познато во земјите со голема дигитална поделеност, како Перу.

Fue un “tuitero” que aprovechó su dominio básico sobre tecnología (móvil y redes sociales) y su afán por transmitir información, … ¿Recuerdan la noticia La foto más cercana del accidente de avión en el rio Hudson tomada por un Twittero? Ya pasó casi dos años y hasta hoy se sigue comentando este hecho en las diferentes charlas sobre periodismo y redes sociales. … Twitter se afianza como fuente de noticias. Es innegable el flujo impresionante de información que transita por esta red.

Корисник на Твитер го искористи своето основно познавање на мобилната технологија и социјалните мрежи за да не информира…сетете се на вестите Најблиската фотографија од авионската несреќа на реката Хадсон беше направена од корисник на Твитер. Тоа беше пред скоро две години, а денеска уште е коментирано на разни новинарски дискусии и социјални мрежи. Твитер станува нов извор. Тешко е да се избегне импресивниот оптек на информации кој минува низ мрежата.

На крај, solopedrito, корисникот на Твитер за кој зборува Сандро Медина, гостуваше на ТВ емисија во која опиша како и зошто избрал да стане новинар-граѓанин. Исто така, тој разговараше со луѓе од Класес де периодисмо (Новинарски Класи), каде објасни како и преку чиј мобилен го понудил своето информативно покривање. Подоцна, од дома тој напиша на Твитер:

Gracias a todos aquellos que escribieron sobre mi tambien en sus blogs y creanme solo quise infomar, perdon si les molesto algo que puse

Благодарам на тие што пишуваа за мене во нивните блогови и веруваа во мене, се што сакав јас беше да информирам, се извинувам ако напишаното вознемирило или навредило некого

Статијата оригинално напишана во Globalizado на 3 ти декември. Фотографијата е од @solopedrito од Yfrog.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.