Најдобрите и најлошите руски закони во новата година

Russian President Vladimir Putin addresses the State Duma in 2012. Source: Mitya Aleshkovsky, Flickr.

Обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин во парламентот во 2012г. Извор: Митја Алешковски, Flickr.

Секоја година рускиот парламент предложува закони кои стапуваат во сила на први јануари. Како секоја година, така и во 2017 некои од овие закони се склони кон позитивни придонеси за руското општество, а некои…не. Оваа година RuNet Echo ги покажува најдобрите и најлошите—почнувајќи со закон кој онлајн ги објавува руските судски записи па се до воведување работна сила во некои затвори.

„Данокот Google“

Од почетокот на први јануари, во Русија, одредени странски интернет компании за продажба мора да почнат со плаќање данок на промет. Бидејќи законот ги засега компаниите кои продаваат електронски книги, музика, филмови, компјутерски програми, ова озаконување веќе има прекар: данокот Google. Според тоа, Google ги зголеми цените за 18 проценти за услугите на Google Drive и зделките на Google Play.

Регистри за лица со инвалидитет и ХИВ

Први јануари исто така го обележува и воведувањето федерален регистар за Руси кои го имаат хумано имунодефициентниот вирус (ХИВ). Руското министерство за здравство изјави дека го воведува рергистарот за подобро разбирање на карактеристиките и обемот на проблемот со ХИВ во државата: повеќе од 1,5 милиони луѓе или повеќе од 1 процент од руската популација се дијагностицирани со ХИВ или СИДА. Во почетокот на годината руските власти објавија дека градот на Урал, Екатеринбург, четвртиот најголем град во Русија, се соочува со епидемија на ХИВ. Од 1,4 милиони жители во градот со вирусот се заразени повеќе од 1,8 проценти.

Вклучувањето во регистарот за сега е доброволно иако листата ќе овозможи основа за државна набавка на антиретровирални лекови.

Од почетокот на годината, рускиот пензиски фонд исто така ќе воведе регистар на лица со инвалидитет. Властите се надеваат дека регистарот ќе им помогне на лицата со инвалидитет да најдат работа и ќе ја зголеми свеста за придобивките и програмите на кои лицата со инвалидитет имаат право. Според неодамнешната анкета на меѓународната организација на трудот (МОТ), Русија има најголема празнина помеѓу стапката за вработување на луѓето со инвалидитет и стапката за вработување на луѓето без инвалидитет од која било друга држава.

Повеќе од 12 милиони Руси или скоро 9 проценти од популацијата во земјата, вклучувајќи 620,000 деца, живеат со инвалидитет.

Нови правила за нови агрегатори

Новата година исто така носи нов пакет правила за нови агрегатори во Русија. Агрегаторите чиј дневен сообраќај ќе надмине 1 милион прегледи ќе се сметаат за медиумски излив во очите на руската влада и ќе бидат принудени да ја докажат вистината од вестите кои повторно се објавуваат – скоро невозможна мисија која и дозволува на владата да преземе остри мерки кон најпознатите агрегатори во државата како Yandex, Mail.ru, Google, и Bing. RuNet Echo темелно го обработи на Google воведувањето на овој закон и притисокот (и отповикувањето) на владата.

Принудна работа

Од почетокот на годината руските судови ќе можат да ги осудат обвинетите на принудна работа во казнено поправните центри низ целата држава. На први јануари треба да се отворат четири големи затвори во сибирската област Тјумен, Тамбовската област (југоисточно од Москва), Ставрополскиот крај (во северен Кавказ) и Приморскиот крај (во далечниот исток) и дополнителни седум помали установи низ целата држава. Овие установи нема да имаат ист степен на безбедност како нормалните затвори, а затворените ќе можат да излезат доколку добијат пропусница од администраторите. Меѓутоа, тие нема да можат да одберат или да сменат работното место.

По воведување на законот, Валери Максименко, директор на државниот казнено поправен завод, изјави дека принудната работа ќе биде поприфатена за разлика од другите видови казни бидејќи осудените нема да бидат изолирани од општеството: „Принудната работа во поправните установи и покрај нејзиното име, може да се спореди со работата во смени на луѓето кои живеат во домови подалеку од своите живеалишта.”

Охрабрувањето на Максименко малку ќе ги смири оние кои веќе го поистоветуваат законот со гулаг, но како форма на работење во руските казнени колонии.

Принудната работа била вклучена како потенцијална санкција во рускиот кривичен закон во 2011г., но оттогаш нејзиното воведување се одложувало повеќе пати.

Објавување на судовите онлајн

Законите во новата година исто така ќе ги објават руските судови онлајн – барем дел од нив. Градот Москва и окружните судови сега прифаќаат изјави, тужби и сите други видови документи да се предадат во електронска форма, а судските записи може да се најдат по име на личноста која е вклучена, статутот и многу други начини. Само судовите кои имаат технички капацитет да воведат ваква дигирализација ќе го направат тоа, иако поголем дел од руските судови немаат своја интернет страница како московскиот судски систем, чија страница е веќе во функција. На московскиот проект за дигитализација му требаа вкупно две години за да се развие и примени, а чинеше $172.4 миниони, од кои $50 милиони се добиени од меѓународната банка за реконструкција и развој.

Зголемување на старосната граница за пензионирање во државниот сектор

До почетокот на годината старосната граница за пензионирање на државните службеници и општинските работници во Русија изнесуваше 55г. за жени и 60г. за мажи. Од први јануари во секоја половина од годината владата ќе забележи пораст на стапката за зголемување на старосната граница за пензионирање до 63г. за жени и 65г. за мажи на годишно ниво (оваа старосна граница ќе се зголеми до 2032г. за жени, а до 2026г. за мажи). Владата вели дека со оваа иницијатива се планира задржување на стручниот државен кадар подолго време на работното место и намалување на пензискиот трошок од државниот буџет.

Повисока акциза за алкохол и цигари

Од почетокот на годината Русите кои пијат конечно ќе плаќаат повисока акциза за пиво, вино, шампањ, јаболково вино (cider), медовина (алкохолен пијалак од мед), и жестоки пијалаци. Акцизата за увезениот шампањ ќе се зголеми од 10 до 36 рубли за литар, а за домашно пенливо вино од 1 до 14 рубли за литар. Даночната стапка за руското вино ќе остане иста, додека пак данокот за увезеното вино ќе се зголеми од 9 до 18 рубли. Исто така во наредните три години ќе се зголеми и акцизата за цигари и е-цигари.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.