- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сите освен граѓаните на Јужна Кореја можат да гледаат Јужнокорејски ТВ на Јутјуб

Категории: Источна Азија, Јужна Кореја, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Технологија
MBC's Notice on Their Video Contents on Youtube,

Пораката на МБЦ до корејските корисници на нивните видео содржини прикачени на Јутјуб.

Јужнокорејските големи ТВ мрежи одлучија да го блокираат пристапот на интернет корисниците од оваа земја до нивните содржини на Јутјуб и мигрираа на други платформи за споделување видеа наводно поради зголемување на нивниот процент на заработувачка од рекламите.

Оваа одлука доведе до бес многу Корејци, особено поради тоа што мрежите ќе продолжат да ги нудат своите содржини на Јутјуб, меѓутоа само за интернационални корисници. 

Почнувајќи од првата недела во декември, неколку популарни мрежи и ТВ куќи, вклучувајќи ги и МБЦ [1], СБС [2], твН [3] и ЈТБЦ [4], започнаа со блокирањето на корисниците кои имаат корејска IP адреса од нивните видеа на Јутјуб. Неколку продукциски куќи објавија дека мотивот за овој потег се парите: Јутјуб им дава на мрежите релативно мал процент од профитот од рекламите (околу 55 проценти, додека некои тврдеа и 40 проценти [5]), додека корејските портали како што се Навер и Даум Какао се договориле со мрежите да им даваат околу 90 проценти [6]. Во јуни, седум корејски ТВ куќи, откако оформија сојуз, преговараа со Јутјуб во обид да се здобијат со поголем дел од профитот, но не успеаја да дојдат до консензус [6].

Корејците ги преплавија разните социјални мрежи со критики за одлуката на мрежите, нарекувајќи ја ирационална, кратковидна и дискиминаторска во однос на нивната матична публика. Многумина се жалеа дека локалните видео платформи не работат добро како Јутјуб и ги принудуваат корисниците да инсталираат дополнителен софтвер кој би можел да ги направи нивните компјутери подложни на хакерски напади во иднина (Прочитајте ја статијата која го објаснува ова на Глобал Војсис, „Korean users’ feud with Active X [7]“).

Како [Кореанец] корисник кој ужива да гледа видеа на Јутјуб, одлуката на корејските ТВ куќи за запирање на Јутјуб сервисот само во Кореја, а дозволувајќи им на странските посетители да ја гледаат содржината, е навистина глупава. Тоа е форма на обратна дискриминација против корејските гледачи. Отсега тие ќе користат Навер, но видео сервисот на Навер е бавен, и ме иритира квалитетот на видеата. Уште полошо, тој е преполн со Актив X и реклами. Ова е најлошата одлука што ја донеле ТВ куќите.

Во потрагата по одговор на тоа зошто ТВ куќите го сопреа Јутјуб [за Корејците], открив дека телевизиите добиваат релативно мал дел од профитот од рекламите на Јутјуб. Овие луди луѓе, сепак се уште се грижат за интернационалната публика, па одлучија да го прекинат сервисот во Кореја. 

Не велам дека Јутјуб или Гугл е решението за сите проблеми, но одлуката на ТВ куќите за прекинување на Јутјуб сервисот е целосна регресија. Доколку излезеа со нивна видео платформа за споделување на содржините, ќе разберев. Исто така, оваа одлука не е во склад со нивните претходни постапки; понекогаш тие на волонтерска основа ги прикачуваа нивните архивски снимки и активно го користеа Јутјуб. [заб.на уредникот: тв каналите често прикачуваат речиси цели епизоди од нивните популарни серии] 

Користев прокси и ја заобиколив забраната [за да гледам содржини на Јутјуб во Кореја], но тоа е толку многу бавно. Во минатото, сум користел прокси, но тогаш, за да гледам странски содржини, а не локални корејски содржини. Ситуацијава е неверојатна.